Евгениј Онегин: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 28: Ред 28:
'''Онегин''' е типичен претставник на својата генерација и позиција во руското општество од почетокот на [[19 век]]. Во себе содржи и некои црти што ги поседува неговиот книжевен двојник, [[Странствувањето на Чајлд Харолд|Чајлд Харолд]]. Пушкин немал намера да создаде јунак со гордо и осамено романтичарско его, туку да најде некоја „средна линија“, посакувајќи неговиот јунак да биде поблиску до обичниот човек.
'''Онегин''' е типичен претставник на својата генерација и позиција во руското општество од почетокот на [[19 век]]. Во себе содржи и некои црти што ги поседува неговиот книжевен двојник, [[Странствувањето на Чајлд Харолд|Чајлд Харолд]]. Пушкин немал намера да создаде јунак со гордо и осамено романтичарско его, туку да најде некоја „средна линија“, посакувајќи неговиот јунак да биде поблиску до обичниот човек.


Онегин е образован и интелигентен, но тоа не е доволно за да постигне среќа. Тој своите духовни сили ги троши на ништо: на балови и досадување. Ни љубовта кај него нема некое повисоко место во хиерархијата на човечките вредности. Затоа е рамнодушен кога ја запознава прекрасната Татјана, бидејќи мрзоволноста веќе станала дел од неговиот духовен простор. И наместо искрено да ги насочи своите чувства кон Татјана, тој необјасниво кокетира со нејзината сестра Олга, а потоа без проблем го убива на двобој Ленски.
Онегин е образован и интелигентен, но тоа не е доволно за да постигне среќа. Тој своите духовни сили ги троши на ништо: на балови и досадување. Ни љубовта кај него нема некое повисоко место во хиерархијата на човечките вредности. Затоа е рамнодушен кога ја запознава прекрасната Татјана, бидејќи мрзоволноста веќе станала дел од неговиот духовен простор. И наместо искрено да ги насочи своите чувства кон Татјана, тој необјасниво кокетира со нејзината сестра Олга, а потоа го убива на двобој Ленски.


'''Ленски''' е поларна спротивност на Онегин. Според некои критичари овој лик претставува автопортрет на авторот од младоста, од неговите лицејски денови. Ленски е романтичар, со нежна психолошка конституција.
'''Ленски''' е поларна спротивност на Онегин. Млад поет кој пишува наивно, но е со вистинско чувство во неговата потрага по вистината и љубовта кон Олга. Тој е поборник за германскиот романтизам. Според некои критичари овој лик претставува автопортрет на авторот од младоста, од неговите лицејски денови. Ленски е романтичар, со нежна психолошка конституција.


'''Татјана''' ги поседува сите особини што ја прават една женска природа богата: интелигенција, спонтаност, мечтателност и беспрекорна морална чистота. На Онегин отпочеток му изгледа наивна нејзината вљубеност, но ќе ја засака дури откако таа ќе стане дама. Таа и покрај тоа што не крие дека сè уште го сака Онегин, сепак го одбива, бидејќи е мажена, а бракот според неа, ја подразбира верноста кон избраникот.
'''Татјана''' е меланхолична, контемплативна и повлечена ќерка на провинциски сопственик. Таа има чисто, искрено срце и ја сака природата и француски љубовни романи. На Онегин отпочеток му изгледа наивна нејзината вљубеност, но ќе ја засака дури откако таа ќе стане дама. Таа и покрај тоа што не крие дека сè уште го сака Онегин, сепак го одбива, бидејќи е мажена, а бракот според неа, ја подразбира верноста кон избраникот.


Меѓу другите ликови во романот се и оние припадници на повисокиот [[Петроград|петроградски]] слој, безделници, меѓу кои се губат и интелигентните луѓе како Онегин.
Меѓу другите ликови во романот се и оние припадници на повисокиот [[Петроград|петроградски]] слој, безделници, меѓу кои се губат и интелигентните луѓе како Онегин.

Преработка од 23:32, 14 мај 2017

Евгениј Онегин
Приказ на Илја Репин на двобојот на Онегин и Ленски
АвторАлександар Пушкин
Изворен насловЕвгений Онегин
ПреведувачВладимир Набоков
ЗемјаРусија
Јазикруски
Жанрроман во стихови
Издадена
1825-1837

„Евгениј Онегин“ (руски: Евгений Онегин) — роман во стихови од Александар Пушкин. Делото претставува класика на руската книжевност, а истоимениот протагонист модел и пример за многу руски кнжевници. Романот е издаден по делови како серијал помеѓу 1825 и 1832. Првото целосно издание било издадено во 1833, додека денешната прифатена верзија е базирана на изданието од 1837.

Темата во романот е младешката, идеализирана и неостварена љубов на Татјана кон Онегин и нејзиното созревање. Времето на случување се дваесеттите години од 19 век, во Петроград, на село и во Москва. Дејствието се одвива по хронолошки ред со паралелен развој на неколку сижејни линии. Самиот писател ја доживеал судбината на својот лик Владимир Ленски (починал во двобој). По истиот роман, Петар Илич Чајковски ја напишал истоимената опера. Делото е преведено на неколку светски јазици и се смета за едно од најголемите светски класики кои некогаш биле создадени.

За ликовите

Онегин е типичен претставник на својата генерација и позиција во руското општество од почетокот на 19 век. Во себе содржи и некои црти што ги поседува неговиот книжевен двојник, Чајлд Харолд. Пушкин немал намера да создаде јунак со гордо и осамено романтичарско его, туку да најде некоја „средна линија“, посакувајќи неговиот јунак да биде поблиску до обичниот човек.

Онегин е образован и интелигентен, но тоа не е доволно за да постигне среќа. Тој своите духовни сили ги троши на ништо: на балови и досадување. Ни љубовта кај него нема некое повисоко место во хиерархијата на човечките вредности. Затоа е рамнодушен кога ја запознава прекрасната Татјана, бидејќи мрзоволноста веќе станала дел од неговиот духовен простор. И наместо искрено да ги насочи своите чувства кон Татјана, тој необјасниво кокетира со нејзината сестра Олга, а потоа го убива на двобој Ленски.

Ленски е поларна спротивност на Онегин. Млад поет кој пишува наивно, но е со вистинско чувство во неговата потрага по вистината и љубовта кон Олга. Тој е поборник за германскиот романтизам. Според некои критичари овој лик претставува автопортрет на авторот од младоста, од неговите лицејски денови. Ленски е романтичар, со нежна психолошка конституција.

Татјана е меланхолична, контемплативна и повлечена ќерка на провинциски сопственик. Таа има чисто, искрено срце и ја сака природата и француски љубовни романи. На Онегин отпочеток му изгледа наивна нејзината вљубеност, но ќе ја засака дури откако таа ќе стане дама. Таа и покрај тоа што не крие дека сè уште го сака Онегин, сепак го одбива, бидејќи е мажена, а бракот според неа, ја подразбира верноста кон избраникот.

Меѓу другите ликови во романот се и оние припадници на повисокиот петроградски слој, безделници, меѓу кои се губат и интелигентните луѓе како Онегин.

За настанувањето

Романот во стихови „Евгениј Онегин“ Пушкин го работел цели осум години, од 1823 до 1831 година. Како се пишувани, така и се објавувани главите од романот, една по една.

Првата глава е започната на југ, Кишинев, на 9 мај 1823 година, и е завршена есента, на 22 октомври истата година, а испечатена во февруари 1825 година во Петроград. Неа Пушкин ја посветил на својот брат Л.С. Пушкин. Втората и третата глава се напишани во Одеса. Всушност третата глава е таму почната, но завршена е во Михаиловско, каде што Пушкин го издржува своето второ прогонство.[1]

Четвртата глава е започната во октомври 1824 година, а завршена на 31 јануари 1826 година. Петтата глава Пушкин ја започнува утредента по завршување на четвртата, а истата 1826 година ја напишал и шестата глава, која завршила со забелешката: „Крај на првиот дел“.[2]

Седмата глава е започната во Михаиловски, во август или септември 1827 година. Во неа Пушкин имал намера да ги опише патешествијата на својот главен јунак, но потоа ги вметнал во осмата глава, која ја започнал во октомври 1829 година, а ја завршил во Болдино. Деветтата глава во конечната верзија се појавува како осма, а завршена е на 25 септември 1835 година во Болдино.

На крајот, Пушкин го поделил својот роман на три дела, со по три глави, со заглавие на секоја глава, и со ознаки за време и место каде настанале главите. Во првиот дел влегле главите: Досада, Поет и Госпоѓица; во вториот: Село, Именден и Двобој; во третиот: Москва, Патешествија и Високото друштво. На крајот ги додал и своите белешки кон романот и кратката напомена дека романот е создавана од 9 мај 1823 година, Кишинев, до 25 септември 1830 година, Болдино: 7 години, 4 месеци и 17 дена.

Најпрвин Пушкин имал намера да ја печати и деветтата глава заедно со осмата, но тоа било оневозможено од царската цензура. Всушност осмата глава содржела стихови со директни забелешки кон царскиот режим. Не само што било невозможно да се отпечатат, туку Пушкин сфатил дека е опасно да ги чува и како ракопис, па ги уништил самиот.[3] Со исфрлање на осмата глава, била нарушена композицијата на романот, па Пушкин морал да го преработува. Во текот на 1831 година, тој ја преработува деветтата глава, која сега, во конечната верзија станува осма. Тогаш Пушкин го напишал и делот: „Писмото на Онегин до Татјана“, кое во првобитната верзија го немало.

Целосно со сите глави, романот „Евгениј Онегин“ е печатен во 1833 година, а второто издание излегува пред неговата смрт, во 1837 година.

Наводи

  1. Одбрани дела во пет тома, Наша книга, 1986 том III, стр. 209.
  2. Одбрани дела во пет тома, Наша книга, 1986 том III, стр. 210.
  3. Одбрани дела во пет тома, Наша книга, 1986 том III, стр. 211.

Надворешни врски