Словенечката азбука е писмо што го користи словенечкиот јазик. Азбуката е заснована врз стандардната латинична азбука но вклучува и неколку посебни букви сè со цел задоволување на потребите на фонетскиот систем на стандардниот словенечки јазик. Азбуката има 25 букви и во неа не се вклучени диграфите што се користат во словенечкиот јазик како што се диграфите Lj, Nj и Dž. Исто така останатите стандардни латинични букви како што се W, X и Y можат да се сретнат но само во зборови од странско потекло. Поради сличноста и блискоста со останатите јужнословенски јазици, во словенечкиот јазик можат да се сретнат и буквите Ć и Đ и најчесто се користат во зборови и имиња од српско или хрватско потекло.
Белешки: Закосените букви означуваат мртов јазик. Поморскиот јазик немал своја азбука, а полапскиот користел германска азбука. Рутенскиот јазик покрај кирилицата користел и латиница и арапско писмо, каде двете биле прилагодени според фонетскиот систем.