Драгаш
Драгаш Dragash / Sharr | ||
---|---|---|
гратче и општина | ||
Драгаш од воздух | ||
| ||
Местоположба на општината Драгаш во Косово | ||
Земја | Косово[б 1] | |
Округ | Призренски | |
Управа | ||
• Градоначалник | Салим Јенузи | |
• Општина | 430 км2 (170 ми2) | |
Надм. вис. | 1.050 м | |
Население (2011) | ||
• Гратче | 1.098 | |
• Општина | 34.827 | |
• Општина густина | 81/км2 (210/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Пошт. бр. | 22000 | |
Повик. бр. | +381 | |
Рег. таб. | 04 | |
Мреж. место | Матична страница |
Драгаш (албански: Dragash/Sharri, нашински: Драгаш; понекогаш: Краковишта или Кракошта) — гратче и општина во Призренскиот округ, југоисточно Косово[б 1]. Сместено е во планинската област Гора. Населението на општината изнесува 34.827, а во гратчето живеат 1.098 жители. Името го добило по средновековниот велможа Константин Дејанов наречен „Констандин Драгаш“.
Историја
[уреди | уреди извор]Од 1929 до 1941 г. Драгаш бил дел од Вардарската бановина во рамките на Кралството Југославија.
Општината Драгаш е создадена од страна на УНМИК со спојување на две општини: Гора и Ополе (втората денес е во Општина Призрен според српското сметање).
Географија
[уреди | уреди извор]Територијата на Општина Драгаш е опкружена со Шар Планина од исток, Галица од запад, Коритник од северозапад. Само еден дел од територијата во насока на Призрен е ридска и релативно порамна.
Население
[уреди | уреди извор]Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Срби и 50 јужнословенски муслимани.[1]
Општината е поделена меѓу областите Гора и Ополе. Мнозинството од Горанците живеат во Гора, додека пак Албанците се мнозинство во Ополе. Има и значителен број на Бошњаци во општината.
- 1971 – 13,867 (51.6%) Албанци; 11.076 (41,3%) Горанци и Бошњаци – вкупно 26.850
- 1981 – 18,623 (53%) Албанци; 15.942 (45,5%) Горанци и Бошњаци – вкупно 35.054
- 1991 – 22,785 (57.8%) Албанци; 16.129 (40,9%) Горанци и Бошњаци – вкупно 39.435
Според ОБСЕ населението е следново:
- јануари 1999 – 27.633 (61,3%) Албанци; 17.470 (38,7%) Горанци и Бошњаци – вкупно 45.103
- мaрт 2000 – 24.856 (78%) Албанци; 9.706 (28,1%) Горанци и Бошњаци – вкупно 34.562
- јануари 2006 – 22.800 (55,9%) Албанци; 17.975 (44,1%) Горанци и Бошњаци – вкупно 40.775
Населени места во Општина Драгаш
[уреди | уреди извор]Населените места во Општина Драгаш (Општина Шара) им припаѓаат на областите Гора (делот наречен Призренска Гора) и Ополе. Тука се дадени посебно од културно-историски причини — имено бидејќи Гора е населена со Горанци, а Ополе денес е претежно албанско.
Населено место | Службено име | Население (2011)[2] | |
---|---|---|---|
Српски | Албанизирано | ||
Бачка | Бачка / Баћка | Baçkë / Baçka | 52 |
Брод | Брод | Brod | 1.554 |
Враниште | Враниште | Vranishtë | 352 |
Глобочица | Глобочица | Glloboçicë / Glloboqicë | 960 |
Горна Рапча | Горња Рапча | Rapçë (неоф. Rapçë e Epërme) | 853 (со Д. Рапча) |
Горни (Мал) Крстец | Горњи (Мали) Крстац | Kërstec (неоф. Kërsteç i Epërm) | 420 (со Г. Крстец) |
Диканце | Диканце | Dikancë | 124 |
Долна Рапча | Доња Рапча | Rapçë (неоф. Rapçë e Ulët) | 853 (со Г. Рапча) |
Долни (Голем) Крстец | Доњи (Велики) Крстац | Kërstec (неоф. Kërsteç i Ulët) | 420 (со Д. Крстец) |
Драгаш | Драгаш | Dragash / Sharr | 1.098 |
Зли Поток | Зли Поток | Zlipotok | 650 |
Крушево | Крушево | Krushevë | 857 |
Кукаљане | Кукуљане | Kukjan | 235 |
Лештане | Лештане | Leshtan | 783 |
Љубовишта | Љубовиште | Lubovishtë | 773 |
Млике | Млике | Mlikë | 92 |
Орчуша | Орчуша | Orqushë | 60 |
Радеша | Радеша | Radeshë | 1.224 |
Рестелица | Растелица | Restelicë | 4.698 |
Населено место | Службено име | Население (2011)[2] | |
---|---|---|---|
Српски | Албанизирано | ||
Белоброд | Белоброд | Bellobradë | 948 |
Бљач | Бљач | Blaç | 1.455 |
Брезна | Брезна | Breznë | 1.990 |
Бродосавце | Бродосавце | Brodosanë/Bresanë | 2.893 |
Брут | Брут | Brrut | 1.164 |
Бузец | Бузец | Buzez | 320 |
Буча | Буча | Buçë | 645 |
Заплужје | Заплужје | Zaplluzhë | 1.273 |
Згатар | Згатар | Zgatar | 885 |
Зјум | Зјум (Опољски) | Zym | 585 |
Зрзе | Зрзе | Xërxë | 236 |
Капра | Капра | Kapre | 452 |
Косовце | Косовце | Kosavë | 905 |
Куклибег | Куклибег | Kuklibeg | 852 |
Куковце | Куковце | Kuk | 1.658 |
Плава | Плава | Plavë | 1.000 |
Плајник | Плајник | Pllajnik/Pllajë | 405 |
Ренце | Ренце | Rrenc | 581 |
Шаиновец | Шајиновац | Shajnë | 1.069 |
Стопанство
[уреди | уреди извор]Главните работодавци во оваа област се на општината, полицијата на УНМИК и приватни фирми како „Кук Комерц“, „Мека“ и поранешните државни претпријатија.
Сите големи локални компании беа порано државни и, како и насекаде во Косово, во моментов се во надлежност на КТА. Оригиналната стратегија на УНМИК кон овие јавни претпријатија се состои од спроведување на процесот на „комерцијализација“. Овој процес се верува дека е најдобар начин за заживување на претпријатијата, иако нема странски инвеститори.
Родови
[уреди | уреди извор]Драгаш е горанско село.
Според истражувањата од 1936/37 година, родови во селото се:
- Староседелци: Драгашевци (10 к.), Аметовци (21 к.) и Шеховци (10 к.)
- Доселеници: Дутевци (11 к.) доселени се од Крушево во Македонија. Дуте дошол како чорбаџија. Тука се земал со некоја девојка од Шеховци и преминал на ислам. Тоа било пред пет колена (во 1936/37).[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Белешки и наводи
[уреди | уреди извор]- Белешки
- ↑ 1,0 1,1 Косово е предмет на територијален спор помеѓу Република Србија и Република Косово. Како странски протекторат, Косово прогласило независност на 17 февруари 2008 г, но Србија и понатаму не го признава и тврди дека е нејзина суверена територија. Независноста на Косово не е целосно признаена од меѓународната заедница. Досега го признале 113 од вкупно 193 земји членки на ООН.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ 2,0 2,1 Етнички состав на Косово согласно пописот од 2011 г.
- ↑ Луковац, Милисав. Гора и Опаље.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Драгаш“ на Ризницата ? |
Оваа статија за Косово е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|