Драгаш

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Општина Драгаш)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Драгаш
Dragash / Sharr
гратче и општина
Драгаш од воздух
Драгаш од воздух
Лого на Драгаш
Амблем
Местоположба на општината Драгаш во Косово
Местоположба на општината Драгаш во Косово
ЗемјаКосово[б 1]
ОкругПризренски
Управа
 • ГрадоначалникСалим Јенузи
 • Општина430 км2 (170 ми2)
Надм. вис.&100000000000010500000001.050 м
Население (2011)
 • Гратче1.098
 • Општина34.827
 • Општина густина81/км2 (210/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.22000
Повик. бр.+381
Рег. таб.04
Мреж. местоМатична страница

Драгаш (албански: Dragash/Sharri, нашински: Драгаш; понекогаш: Краковишта или Кракошта) — гратче и општина во Призренскиот округ, југоисточно Косово[б 1]. Сместено е во планинската област Гора. Населението на општината изнесува 34.827, а во гратчето живеат 1.098 жители. Името го добило по средновековниот велможа Константин Дејанов наречен „Констандин Драгаш“.

Историја[уреди | уреди извор]

Од 1929 до 1941 г. Драгаш бил дел од Вардарската бановина во рамките на Кралството Југославија.

Општината Драгаш е создадена од страна на УНМИК со спојување на две општини: Гора и Ополе (втората денес е во Општина Призрен според српското сметање).

Географија[уреди | уреди извор]

Територијата на Општина Драгаш е опкружена со Шар Планина од исток, Галица од запад, Коритник од северозапад. Само еден дел од територијата во насока на Призрен е ридска и релативно порамна.

Население[уреди | уреди извор]

Општината е поделена меѓу областите Гора и Ополе. Мнозинството од Горанците живеат во Гора, додека пак Албанците се мнозинство во Ополе. Има и значителен број на Бошњаци во општината.

  • 1971 – 13,867 (51.6%) Албанци; 11.076 (41,3%) Горанци и Бошњаци – вкупно 26.850
  • 1981 – 18,623 (53%) Aлбанци; 15.942 (45,5%) Горанци и Бошњаци – вкупно 35.054
  • 1991 – 22,785 (57.8%) Aлбанци; 16.129 (40,9%) Горанци и Бошњаци – вкупно 39.435

Според ОБСЕ населението е следново:

  • јануари 1999 – 27.633 (61,3%) Албанци; 17.470 (38,7%) Горанци и Бошњаци – вкупно 45.103
  • мaрт 2000 – 24.856 (78%) Албанци; 9.706 (28,1%) Горанци и Бошњаци – вкупно 34.562
  • јануари 2006 – 22.800 (55,9%) Албанци; 17.975 (44,1%) Горанци и Бошњаци – вкупно 40.775

Населени места во Општина Драгаш[уреди | уреди извор]

Населените места во Општина Драгаш (Општина Шара) им припаѓаат на областите Гора (делот наречен Призренска Гора) и Ополе. Тука се дадени посебно од културно-историски причини — имено бидејќи Гора е населена со Горанци, а Ополе денес е претежно албанско.

Населени места во Призренска Гора
Населено место Службено име Население
(2011)[1]
Српски Албанизирано
Бачка Бачка / Баћка Baçkë / Baçka &1000000000000005200000052
Брод Брод Brod &100000000000015540000001.554
Враниште Враниште Vranishtë &10000000000000352000000352
Глобочица Глобочица Glloboçicë / Glloboqicë &10000000000000960000000960
Горна Рапча Горња Рапча Rapçë (неоф. Rapçë e Epërme) &10000000000000853000000853 (со Д. Рапча)
Горни (Мал) Крстец Горњи (Мали) Крстац Kërstec (неоф. Kërsteç i Epërm) &10000000000000420000000420 (со Г. Крстец)
Диканце Диканце Dikancë &10000000000000124000000124
Долна Рапча Доња Рапча Rapçë (неоф. Rapçë e Ulët) &10000000000000853000000853 (со Г. Рапча)
Долни (Голем) Крстец Доњи (Велики) Крстац Kërstec (неоф. Kërsteç i Ulët) &10000000000000420000000420 (со Д. Крстец)
Драгаш Драгаш Dragash / Sharr &100000000000010980000001.098
Зли Поток Зли Поток Zlipotok &10000000000000650000000650
Крушево Крушево Krushevë &10000000000000857000000857
Кукаљане Кукуљане Kukjan &10000000000000235000000235
Лештане Лештане Leshtan &10000000000000783000000783
Љубовишта Љубовиште Lubovishtë &10000000000000773000000773
Млике Млике Mlikë &1000000000000009200000092
Орчуша Орчуша Orqushë &1000000000000006000000060
Радеша Радеша Radeshë &100000000000012240000001.224
Рестелица Растелица Restelicë &100000000000046980000004.698
Населени места во Ополе
Населено место Службено име Население
(2011)[1]
Српски Албанизирано
Белоброд Белоброд Bellobradë &10000000000000948000000948
Бљач Бљач Blaç &100000000000014550000001.455
Брезна Брезна Breznë &100000000000019900000001.990
Бродосавце Бродосавце Brodosanë/Bresanë &100000000000028930000002.893
Брут Брут Brrut &100000000000011640000001.164
Бузец Бузец Buzez &10000000000000320000000320
Буча Буча Buçë &10000000000000645000000645
Заплужје Заплужје Zaplluzhë &100000000000012730000001.273
Згатар Згатар Zgatar &10000000000000885000000885
Зјум Зјум (Опољски) Zym &10000000000000585000000585
Зрзе Зрзе Xërxë &10000000000000236000000236
Капра Капра Kapre &10000000000000452000000452
Косовце Косовце Kosavë &10000000000000905000000905
Куклибег Куклибег Kuklibeg &10000000000000852000000852
Куковце Куковце Kuk &100000000000016580000001.658
Плава Плава Plavë &100000000000010000000001.000
Плајник Плајник Pllajnik/Pllajë &10000000000000405000000405
Ренце Ренце Rrenc &10000000000000581000000581
Шаиновец Шајиновац Shajnë &100000000000010690000001.069

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главните работодавци во оваа област се на општината, полицијата на УНМИК и приватни фирми како „Кук Комерц“, „Мека“ и поранешните државни претпријатија.

Сите големи локални компании беа порано државни и, како и насекаде во Косово, во моментов се во надлежност на КТА. Оригиналната стратегија на УНМИК кон овие јавни претпријатија се состои од спроведување на процесот на „комерцијализација“. Овој процес се верува дека е најдобар начин за заживување на претпријатијата, иако нема странски инвеститори.

Родови[уреди | уреди извор]

Драгаш е горанско село.

Според истражувањата од 1936/37 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Драгашевци (10 к.), Аметовци (21 к.) и Шеховци (10 к.)
  • Доселеници: Дутевци (11 к.) доселени се од Крушево во Македонија. Дуте дошол како чорбаџија. Тука се земал со некоја девојка од Шеховци и преминал на ислам. Тоа било пред пет колена (во 1936/37).[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки и наводи[уреди | уреди извор]

Белешки
  1. 1,0 1,1 Косово е предмет на територијален спор помеѓу Република Србија и Република Косово. Како странски протекторат, Косово прогласило независност на 17 февруари 2008 г, но Србија и понатаму не го признава и тврди дека е нејзина суверена територија. Независноста на Косово не е целосно признаена од меѓународната заедница. Досега го признале 113 од вкупно 193 земји членки на ООН.
  1. 1,0 1,1 Етнички состав на Косово согласно пописот од 2011 г.
  2. Луковац, Милисав. Гора и Опаље. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]