Прејди на содржината

НАТО-во бомбардирање на СР Југославија

Од Википедија — слободната енциклопедија
НАТО бомбардирање на СР Југославија
Дел од Косовската војна

Напади врз нафтената рафинерија во Нови Сад, предизвикувајќи еколошки катастрофи
Датум 24 март — 10 јуни 1999
Место СР Југославија: главно во Србија и нејзината покраина Косово и Метохија, Црна Гора помалку бомбардирана
Исход Победа на НАТО. Без формално-правни промени на границите. Повлекување на војската на СРЈ и српската полиција од Косово. Де факто одвојување на Косово од државниот систем на СРЈ како протекторат под надзор на ООН. Масовен егзодус на етничките Срби заедно со војската и полицијата. Еднострано прогласување на независност од страна на Косовските Албанци, делумно призната од 97 држави.
Територијални
промени
СРЈ губи воена контрола врз Косово. Воспоставување на копнена и воздушна зона на безбедност меѓу административната граница и Централна Србија. Во 2008 еднострано прогласена Република Косово.
Завојувани страни
 НАТО  Сојузна Република Југославија
Команданти и водачи
генерал Весли Кларк
Хавиер Солана (генерален секретар на НАТО)
Слободан Милошевиќ (врховен командант на оружените сили на СРЈ)
Драгољуб Ојданиќ (начелник на генералштабот на војската на СРЈ)
Сила
околу 400 авиони на почетокот, до преку 1.000 на крајот од бомбардирањето 85.000–114.000 припадници на регуларната војска;
20.000 полицајци;
15.000 доброволци;
14 военоспособни МиГ-29;
Стотици ракети земја-воздух;
Жртви и загуби
САД 2 загинати војника во несреќа на AH-64 „Апач“ надвор од зоната на воени дејствија
САД 1 F-117A „Ноќен Јастреб“ стелт авион соборен;
САД 1 F-16 „Борбен Сокол“ соборен;
околу 30 беспилотни летала соборени;
Италија „Десетици“ италијански војници умреле после војната како последица од употребата на „оружја со осиромашен ураниум кои предизвикуваат рак“;
Сојузна Република Југославија 462 загинати војници;
Сојузна Република Југославија 114 загинати припадници на специјалната полиција;
Сојузна Република Југославија 299 ранети војници;
Сојузна Република Југославија 11 МиГ-29 соборени;
Сојузна Република Југославија 1 J-22 „Орел“ соборен;
Сојузна Република Југославија 14 оклопни возила и артилериски орудија уништени на Косово;
Сојузна Република Југославија 489-528 цивилни жртви потврдени од страна на Human Rights Watch. Повеќе од 1.200 загинати според југословенскиот комитет за соработка со УНИЦЕФ;
Кина 3 кинески новинари убиени при бомбардирањето на кинеската амбасада во Белград

НАТО-во бомбардирање на Сојузна Република Југославија (Операција „Сојузничка сила“, анг. Operation Allied Force) — воена операција на НАТО против СР Југославија што траела од 24 март до 10 јуни 1999 година, како дел од Косовската војна. Тоа е втора поголема борбена операција во историјата на НАТО, по бомбардирањето на босанските Срби во 1995 година.

При бомбардирањето на НАТО вршени се напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти. Во нападите што траеле 78 дена без прекин, тешко се оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири. Бројот на цивилни жртви изнесува околу 500-1200 загинати.[1] Економската штета е проценета на 30 милијарди долари.

НАТО бомбардирањето врз СРЈ беше некако брането како легитимно,со добро посакувана хуманитарна причина. Бомбардирањето беше без согласност од Обединетите Нации,каде Генералниот Секретаријат забранил воени акции, исто така ова бомбардирање немаше согласност и од американскиот Конгрес којшто ги отфрлил идеите од тогашниот американски претседател Бил Клинтон, да се предложи да се нападне СРЈ,иако Американскиот претседател реагирал неуставно според американските закони.

НАТО целите за да се нападне СРЈ биле кажани на нивната средба во Брисел на 12 април 1999 година.

  • Крај на сите воени дејства и итен крај на насилство и насилни активности
  • Повлекување на сите непријателски сили,армија,полиција и парамилитарни сили од Косово.
  • Стационирање на мировни мисии од О.Н во Косово
  • Безусловно и безбедно враќање на сите бегалци и раселени лица.
  • Воспоставување на политички договор воспоставен врз договорот од Рамбуе,во согласност со меѓународните закони и Повелбата на Обединетите Нации

Американскиот конгрес го одбил предлогот на претседателот Бил Клинтон за напад врз СРЈ'

...„Во драматично гласање против војната во Југославија, Долниот Дом на Конгресот ,со 213 гласови од 213, не му дозволи на претседателот конститутивно да побара дозвола која му требаше за да ја бомбардира СРЈ. Конституцијата му даде на Конгресот моќ да прогласи војна. Но конгресот мораше да даде дозвола дали да се бомбардира СРЈ или не.Конгресот сепак не даде.Во спротивност од обраќањето на претседателот дека тој ќе ја продолжи војната, тој немаше никаков авторитет да го прави тоа. Ќе биде упадлив акт на грубост и исто така илегално ако се продолжи со бомбардирањето. Тоа е сериозна повреда на конституционалната структура (и може да доведе до претседателски импичмент).Единствената опција на претседателот е да го заврши воздушното бомбардирање и преговарање за мирно решение на спорот.“...

Причини за војната

[уреди | уреди извор]

Уште од времето на СФРЈ на Косово условите за живот биле најлоши во земјата. Косово останало неразвиено, со ниска стапка на образование и голема економска емиграција, пред сѐ во Западна Европа. Првите масовни изблици на незадоволство од состојбата на Косово се случиле со студентските демонстрации во Приштина од 1981.[2][3][4] Со доаѓањето на Слободан Милошевиќ на власт најпрво во Србија, а подоцна и во СР Југославија, состојбата во Косово уште повеќе се влошила, како поради целосниот економски колапс, така и поради редуцирањето на правата на Албанците од страна на српскиот режим.[5]

Во текот на 1998. и 1999., на Косово се појавила герилската Ослободителна Војска на Косово (ОВК) составена од етнички Албанци, која со мали поединечни акции се спротивставувала на српската полиција и војската на СРЈ. Тврдејќи дека герилците се закана за локалните Срби на Косово, како и за заштита на интегритетот на СРЈ, Милошевиќ презел поголеми воени и полициски операции против нив.

Тврдејќи дека на Косово се случува етничко чистење и хуманитарна катастрофа, државите членки на НАТО, во прв ред САД, бараа Советот за Безбедност на ОН да донесе одлука за воена интервенција против Југославија. Поради противењето на Кина и Русија таква резолуција не беше донесена, по што државите членки на НАТО пристапија кон самостојна воена интервенција.

Директен повод за интервенцијата според НАТО е одбивањето на Југославија да постигне договор со политичките претставници на косовските Албанци на преговорите во Рамбује. Според понудениот предлог-договор суверенитетот на СРЈ сериозно бил доведен во прашање: се барало влегување на трупите на НАТО во Косово и нивно слободно движење по целата територија на СРЈ, како и референдум по три години на Косово со цел утврдување на неговиот конечен статус. Многу аналитичари, вклучувајќи го и Ноам Чомски, сметаат дека овој договор имаше карактер на ултиматум и дека се сметало тоа дека југословенската делегација нема да сака да го потпише. Конечно, југослоевенската страна ги прифатила сите услови, освен оној за слободно движење на НАТО војниците по југословенска територија по што преговорите пропаднале.

Текот на операциите

[уреди | уреди извор]

Доминантна сила во операциите биле САД, но во нив во одреден степен биле вмешани сите членки на НАТО, дури и Грција, и покрај тоа што таа јавно се противеше на бомбардирањето, и Германија за која ова е прва неодбрамбена воена акција по втората светска војна. Бомбардирањето било главно сконцентрирано на територијата на Србија (особено на спорното Косово), додека другата членка на федерацијата, Црна Гора, речиси и не била бомбардирана, бидејќи НАТО сакал да ја зајакне позицијата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ наспроти позицијата на Слободан Милошевиќ.

По почетокот на бомбардирањето започнал масовен бран на бегалци од Косово. Постои несогласување дали бегалскиот бран бил предизвикан од бомбардирањата, или со прогонување од страна на српските полициски и паравоени сили на цивилното население. Во април ОН извести дека 850.000 лица – главнината од нив Албанци – ги напуштиле своите домови. Голем дел од нив пребегнаа во Албанија и Македонија. Во Македонија пребегнале околу 360.000 бегалци, од кои најголемиот дел биле сместени во бегалски кампови.[6]

НАТО тврдел дека поседува високософистицирано оружје („паметни бомби“ и слично) кои ќе ги минимизираа цивилните жртви, но неспорен факт е дека во текот на бомбардирањата имало голем број цивилни жртви токму поради бомбардирањата. Помеѓу инцидентите предизвикани од страна на НАТО се воздушниот напад од почетокот на мај врз бегалски конвој од етнички Албанци, при кој беа убиени 50 лица, бомбардирањето на кинеската амбасада во Белград на 7 мај, бомбардирањето на зградата на Радио Телевизија Србија и друго. При нападите биле користени и касетни бомби, како и бомби со осиромашен ураниум.

Нато инциденти

[уреди | уреди извор]

На 28 април 1999 година, Бугарскиот главен град Софија беше погоден од воздушен напад по грешка од страна на НАТО. НАТО призна дека една од бомбите завршила во Бугарскиот главен град Софија, откако беше планирано да погоди цел во Југославија. Бугарските власти рекоја дека бомбата удри во куќа во дистриктот Горна Бања. Според информациите едно дете беше во шок, но никој не беше повреден во експлозијата. Софија е само 50 километри (3о милји) источно од Југословенската граница. Претседателот Петар Стојанов, кој побрза да го посети местото каде што падна бомбата, му порачал на жителите да не паничат. "Ситуацијата е секако лоша", додаде тој. "Никој не очекуваше дека вакво нешто ќе се случи". Портпаролот на НАТО Џејми Шеј рече дека инцидентот се случил откако авионот беше фатен на радарот од Српската војска. "Бомбата беше запалена во самоодбрана како одговор на оваа закана од земја воздух бомба", додаде тој. "Откако радарот на земјата беше исклучен, бомбата се дислоцира од целта, и ненамерно удри во Бугарија". Три Натовски бомби веќе паднаа во Бугарија во текот на петнеделниот воздушен поход против Југославија, и авионите од НАТО алијансата и претходно го нарушија бугарскиот воздушен простор.

Бугарската армија рече дека не беше во состојба да го идентификува авионот кој го наруши Бугарскиот воздушен простор. Авионот беше забележан во близина на градот Варшец, северозападна Бугарија, околу 50 километри северно од Софија. Во таа пригода Бугарскиот претседател Петар Стојанов му препорача на НАТО да му даде на Бугарија софистициран радарски систем за да ги идентификува авионите. Тој рече дека Бугарија исто така ќе ја обележи западната граница со светла со цел да му се помогне на пилотите. Тогашниот министер за внатрешни работи, Богомил Бонев беше цитиран како вели дека Бугарија ќе го тужи пилотот од авионот кој ја активира бомбата за штета предизвикана на сопствениците од куќата. "Досега немаше драстично прекршување на воздушниот простор", рече тој. Сепак еден жител за Ројтерс изјавил дека ја слушнал експлозијата и се уплашил. За НАТО тоа е само статистика ако бомба падне од едно место на друго, но за нас тоа значи страдање.

Бугарската политичка сцена беше поделена во врска дали да ја поддржи воената акција во СР Југославија. Про западниот тогашен кабинет го поддржал НАТО, додека левицата отворено одбил каква било поддршка и организира улични протести. Јавното мислење е исто така поделено меѓу оние кои тогаш имаа желба да ја видат Бугарија во НАТО и ЕУ, и оние кои симпатизираа за нивните браќа Словени и Христијанско православните Срби.[7]

НАТО исто така по грешка исфрли проектил врз Албанска воена база на границата меѓу Југославија и Албанија во регионот околу караулата Кошаре.[8]

Познато е дека и НАТО проектилите при грешка завршиле во фарма во Унгарија на 27 мај. Слични инциденти се случиле во Хрватска, Босна, Албанија и Македонија. Имено Српската информативна агенција Тањуг, информираше дека најмалку еден авион се урнал во Македонија, во падините на планината Ведро, во близина на Скопје на 29 април 1999 година. Тањуг тогаш го цитираше градоначалникот на Богомила, велејќи дека две Натовски бомби предизвикале голем пожар во неговото село. Беше нејасно дали бомбите беа фрлени од страна на Нато авионот кој беше оштетен и дали тој го предизвикал пожарот. Некои погранични региони меѓу Македонија и СР Југославија беа исто така бомбардирани. Свети Николе во источна Македонија беше погодено од две неексплозирани направи.[9]

Кумановскиот договор

[уреди | уреди извор]

На 9 јуни СРЈ и НАТО во Куманово потпишуваат договор за примирје со кој се стави крај на бомбардирањата. Според договорот на територијата на Косово треба да се разместат 45.000 војници предводени од НАТО и со мандат од Обединетите Нации. Во врска со тоа се постигнува согласност Советот за Безбедност на ОН да донесе соодветна резолуција. Врз основа на тоа, на 10 јуни е усвоена Резолуцијата 1244.

Политички последици

[уреди | уреди извор]

Со повлекувањето на српската полиција, југословенската војска и другите паравоени единици од Косово, тоа практично станало протекторат под управа на Обединетите Нации, а воено обезбедуван од НАТО.

Една од главните последици била што косовските Албанци по војната им возвратиле на косовските Срби, протерувајќи ги од нивните домови. Десетици илјади Срби биле протерани и раселени.

По Косовската војна, КФОР и ООН на административната линија меѓу Косово и Централна Србија воспоставиле копнена и воздушна зона на безбедност, но тоа му помогнало на терористите од ОВПМБ да започнат борби во Јужна Србија во делот околу Прешево, Медвеѓа и Бујановац. Бил потпишан Кончуљскиот договор кој им дал амнестија на локалните Албанци во Централна Србија и поголеми права во Србија. Веднаш по завршувањето на конфликтот во јужна Србија, на 5 октомври 2000 паднал и режимот на Слободан Милошевиќ, со што се создале услови за демократизирање на државата. Црна Гора со Мило Ѓукановиќ, која во текот на владеењето на Милошевиќ инсистирала на редефинирање на односите меѓу Србија и Црна Гора, сè повеќе притискала за независност. Во 2001, во Македонија се случи упаѓање на терористи од Косово и отворање на неколку фронтови на територијата на Македонија.

По прогласувањето на независност на Косово, на 17 февруари 2008., Европската Унија го презела надзорот во управувањето со Косово преку свои цивилни мисии. Србија, поддржана од Русија, и понатаму останува во спор со САД и ЕУ околу суверенитетот врз Косово, тврдејќи дека прогласената независност не е во склад со меѓународното право.

Бомбардирањето на СРЈ како мотив во уметноста

[уреди | уреди извор]
  1. Хјуман рајтс воч: Цивилни жртви во НАТО воздушната кампања (англ.)
  2. New York Times 1981-04-19, "One Storm has Passed but Others are Gathering in Yugoslavia"
  3. Reuters 1986-05-27, "Kosovo Province Revives Yugoslavia's Ethnic Nightmare"
  4. Christian Science Monitor 1986-07-28, "Tensions among ethnic groups in Yugoslavia begin to boil over"
  5. New York Times 1987-06-27, "Belgrade Battles Kosovo Serbs"
  6. „Утрински весник: ЦИА уште во 1994 знаела колку косовски бегалци ќе пристигнат во земјава“. Архивирано од изворникот на 2011-08-19. Посетено на 2008-03-23.
  7. BBC (April 29, 1999). „Sofia hit by Nato missile“. Посетено на July 22, 2011.
  8. Guardian (May 23, 1999). „NATO warplanes hit ethnic Albanian rebel base“. Посетено на July 22, 2011.
  9. Website (May 23, 1999). „Kosovo War“. Архивирано од изворникот на 2012-11-09. Посетено на July 22, 2011.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  10. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 263.
  11. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 110-111.