Бомбардирање на кинеската амбасада во Белград

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
НАТО бомбардирање на Кинеската амбасада во Белград
Кинеската амбасада во 2009, срушена во 2011 година. Во 1999 година, амбасадата била оштетена од САД.
МестоБелград, Србија, Југославија
Координати44°49′30″ N; 20°25′08″ E / 44.8250° СГШ; 20.4190° ИГД / 44.8250; 20.4190Координати: 44°49′30″ N; 20°25′08″ E / 44.8250° СГШ; 20.4190° ИГД / 44.8250; 20.4190
Датум7 мај 1999
Целдискутабилна
Вид на нападВоздушно бомбардирање
Мртви3[1]
ПовредениНајмалку 20[1]
СторителиАмериканско воено воздухопловство

Бомбардирањето на кинеската амбасада во Белград од страна на НАТО бил сериозен дипломатски инцидент во текот на бомбардирање на СР Југославија. кој се случил вечерта на 7 мај 1999. година, во 23:45, кога три проектили на НАТО алиансата ја погодиле зградата на амбасадата на Народна Република Кина, во Нов Белград. Во нападот загинале тројца кинески државјани, а повеќе биле ранети.

НАТО изразил жалење поради инцидентот со образложение дека до нападот дошло поради старите карти која ги доставила ЦИА.

Неколку дена после нападот врз кинеската амбасада, во многу градови ширум светот, како Копенхаген, Бангкок, Сингапур, Токио, Тел Авив, Исламабад, и други,биле одржувани протести пред американските амбасади или конзуларните претставништва[2].

Првите реакции на Советот за безбедност[уреди | уреди извор]

Наутро на 8 мај, било одржано вонредно заседание на Советот за безбедност на Обединетите нации на барање на Кина[3].

Претставникот на Кина го прочитал соопштението на кинеската владе во кое се кажува дека нападот претставува кршење на суверенитетот на Кина, како и основните меѓународни односи. Исто така, Кина остро го осудила овој варварски чин, и остро протестирала, барајќи од НАТО, предводен од САД да преземат одговорност, и го задржала правото да преземе понатамошни мерки. Понатаму во ова соопштение се кажува дека нападот на амбасадата се нарекува воено злосторство[3].

Претставникот на САД рекол дека фактите сѐ уште не биле потврдени, но сепак дека НАТО го истражувал тоа прашање. Исто така рекол дека НАТО не погодувал цивили на амбасадата, и дека му е жал ако НАТО е одговорен за инцидентот, е можно е дека само еден човек е одговорен за кризата,а тоа е Слободан Милошевиќ[3].

Претставникот на Холандија не можел да прифати споредување на случајните жртви со систематските убивања, силувања и палење на куќите за кој Белрад бил одговорен[3].

Претставникот на Куба рекол дека се надева дека нема да биде потребно да поминат 20 години за да се разбере дека оваа војна била грешка.

Изјави исто така дале и претставниците на Руската Федерација, Франција, Ирак, Аргентина, Намибија, Канада, Бахреин, Малезија, Словенија, Велика Британија, Габон, Албанија и Индија[3], како и други држави.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ponniah, Kevin; Marinkovic, Lazara (7 May 2019). „The night the US bombed a Chinese embassy“. BBC News. Посетено на 12 October 2021. In total, three people were killed and at least 20 injured.
  2. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2008-06-16. Посетено на 2010-06-06.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 -{CHINA, AT SECURITY COUNCIL MEETING, REGISTERS STRONGEST POSSIBLE PROTEST OVER ATTACK AGAINST ITS EMBASSY IN BELGRADE}-