Прејди на содржината

Место на творба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Места на творба (пасивна и активна):
1. Надворешноуснена, 2. Внатрешноуснена, 3. Забна, 4. Венечна, 5. Задновенечна, 6. Претпреднонепчена, 7. Преднонепчена, 8. Заднонепчена, 9. Ресична, 10. Голтничка, 11. Гласилна, 12. Надгласилна, 13. Заднојазична, 14. Задносреднојазична, 15. Предносреднојазична, 16. Рамнојазична, 17. Врвнојазична, 18. Подјазична
Творба на снимка од магнетна резонанца.
Места на
творба

Уснени
Двоуснени
Уснено–заднонепчени
Уснено–преднојазични
Усненозабни
Забноуснена

Двозабни

Преднојазични
Јазичноуснени
Меѓузабни
Забни
Забно-венечни
Венечни
Задновенечни
Заднонепчено-венечни
Свиени

Среднојазични
Задновенечни
Венечно-преднонепчени
Преднонепчени
Уснено-преднонепчени
Заднонепчени
Ресични
Ресично-надгласилни

Заднојазични
Голтнички
Надгласилно-голтнички
Надгласилни

Гласилни
Облик на јазикот

Врвнојазични
Рамнојазични
Подјазични

Странични

Преднонепчени
Голтнички

Поврзано: Начин на творба
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош]

Место на творба (или место на артикулација)[1] на согласките — местото на допир (среќавање) каде се создава препрека во говорниот апарат помеѓу творбениот чин на активниот творбеник (обично некој дел од јазикот) и некое пасивно место (обично некој дел од горниот ѕид на устата). Заедно со начинот на творба и фонацијата, творбата ѝ го дава карактеристичниот звук на согласката.

Човечкиот глас создава гласови на следниов начин:[2][3]

  1. Воздушниот притисок од белите дробови создава постојан тек на воздух низ душникот, гркланот и голтникот (задниот дел од грлото).
  2. Гласните жици во гркланот треперат, создавајќи колебања во воздушниот притисок познати како звучни бранови.
  3. Треперењата во говорниот апарат ги менуваат овие бранови зависно од положбата и обликот на усните, вилицата, јазикот, мекото непце и други говорни органи, создавајќи т.н. „формантни“ подрачја, па така и различни особености кај гласничкиот (сонантен) глас.
  4. Отворите на устата и носот го испуштаат звукот во околината.

Гркланот е цилиндрична оплата од ’рскавица на кој се прицврстени гласните жици. Кога ќе се стегнат мускулите на гласните жици, воздушниот тек од дробовите се попречува сè додека тие не се отворат под притисокот на воздухот. Ова се случува во периодичен циклус што причинува треперење (брмчење). Кога некој пее, честотата (честотата) на гласните жици ја одредува висината на добиениот звук. Звучните фонеми како чистите самогласки по дефиниција се разликуваат по брмчаливиот звук од периодичното треперење на гласните жици. Сличен звук може да се добие и со треперење на усните, како кога малите деца „брмчат“ со устата.

Место на творба (пасивна)

[уреди | уреди извор]

Пасивното место на творба е место во понеподвижниот дел на гласовиот апарат кајшто се одвива творбата. Ваквите места можат да бидат на било кое место од усните, горните заби, непцата или горниот ѕид на устата, па до задниот дел на грлото. Иако ова е континуум, неколку подрачја се противположни (контранстни), па така јазиците ги разликуваат согласки по тоа што ги создаваат во различни подрачја, (но мошне малку јазици разликуваат два гласа во едно исто подрачје, освен ако нема нешто друго што ги карактеризира. Следниве подрачја се противположни:

Овие подрачја не се строго поделени. На пример, во многу јазици, површината на јазикот се допира до релативно големо подрачје од задниот дел на горните заби до забните венци; ова се јавува доволно често за да има свој назив - „забно-венечно“. На тој начин, венечното и задновенечното подрачје се спојуваат едно во друго, како и мекото и тврдото непце, мекото непце и ресичката, па и сите други соседни подрачја. Местото на творба попрецизно се опишува со поими како „предзаднонепчена“ (меѓу предно- и заднонепчени), „позаднонепчена“ (меѓу заднонепчена и ресична), и „горна“ наспроти „долна“ голтничка. Меѓутоа, иако еден јазико може да разликува предзаднонепчени и позаднонепчени гласови, истиот нема да ги разликува од преднонепчени и ресични гласови (од истиот вид на согласка), така што разликувањето е ограничено на горенаведениот број (ако не секогаш нивната точна положба).

Место на творба (активна)

[уреди | уреди извор]

Творбениот чин на активното место на творба се врши со поподрижниот дел од говорниот апарат. Тука обично се подразбира некој дел од јазикот и усните. Тоа се следниве места:

Кај двоуснените согласки се движат обете усни, така што творбениот чин се состои од доближување на двете усни, но договорно е земено дека долната е активна, а горната пасивна. На истиот начин, кај јазично-уснените согласки, јазикот се допира со горната усна која активно се движи надолу за да се сретне со него. Сепак, се смета дека движењето на јазикот е активно, а усната е пасивна,

Кај среднојазичните движења, разни делови од јазикот се допираат со разни делови од горниот ѕид на устата, но ова не може независно да се контролира, па затоа сите се сведуваат под среднојазични. По ова се разликуваат од преднојазичните движења, каде предниот дел на јазикот, кој е посвлитлив.

Надгласилката може да биде активна, допирајќи се со голтникот, или пасивна, допирајќи се со фалти. Разликите помеѓу овие грлени места многу тешко се забележуваат и претставуваат предмет на постојана истрага.

Гласилката дејствува сама врз себе. Понекогаш не е јасна границата помеѓу гласилните донадгласилните и надгласилните согласки и фонацијата, која ги користи истиве подрачја.

За разлика од пасивната творба, која е континуум, постојат пет засебни активни творбеници: усната („уснена твобра“), свитливиот преден дел на јазикот („преднојазична“: рамнојазична, врвнојазична и подјазична), среднозадниот дел од јазикот („среднојазична“), основата на јазикот задно со надгласилката („надгласилна“) и гркланот („грклена“). Овие творбеници се посебни по тоа што дејствуваат независно, а два или повеќе од нив можат да дејствуваат заедно, сочинувајќи „сложена творба“ (коартикулација). Јазичните творби се континуум и разликите не се зацртани со јасни граници.

Табела на активни и пасивни творбеници и добиените места на творба

[уреди | уреди извор]

На табелава се прикажани сите можни комбинации од активни и пасивни творбеници.

Можните места кајшто може да се јават шушкави и нешушкави согласки се обележани со испрекинати црвени линии. Шушкавите согласки дополнително се усложнуваат зависно од обликот на јазикот.

Предни/Задни → Предни Задни
Главна класа → Усни Преднојазични „Грлени“
Остро/Тешко
Активен творбеник → Долна усна
(Уснени)
Рамнина на јазикот
(Рамнојазични)
Врв на јазикот
(Врвнојазични)
Опачина на јазикот
(Подјазични)
Главнина на јазикот
(Среднојазични)
Основа на јазикот
(Заднојазични)
Грклан
(Грклени)
Пасивен творбеник
Тешко Горна усна двоуснени јазичноуснени
Горни заби усненозабни
Остро Горни заби меѓузабни забни
Горни заби/забен венец забно-венечни
Забен венец рамнојазични венечни врвнојазично-венечни
Заден дел на забниот венец
(задновенечни)
преднонепчено-венечни врвнојазични свиени венечно-преднонепчени
Тврдо непце (напред) свиени преднонепчени
Остар Меко непце заднонепчени
Ресичка ресични
Голтник голтнички надгласилно-голтнички
Надгласилка (до)надгласилни
Гласилка гласилни

ЗАБЕЛЕШКА: Понекогаш се наведуваат дополнителни нијанси на апсивна творба како „пред-“ или „по-“, на пр. претпреднонепчена (близу границата помеѓу заднонепченото подрачје и тврдото непце; „предвенечна“ (во задниот дел на тврдото непце и „попреднонепчена“, па дури и среднопреднонепчена за средината на тврдото непце); или „повенечна“ (близу границата на мекото непце и ресичката). Овие поими се корисни за прецизно опишување на гласовите што се создаваат нешто понапред или поназад од прототипната согласка; за оваа цел може да се употребат дијакритични знаци во МФА со значење „повлечено“ или „истакнато“. Меѓутоа, овие дополнителни нијанси не играат никаква улога во фонемското разликување на две согласки во еден јазик.

Средна и странична творба

[уреди | уреди извор]

Јазикот се допира со устата со површина која има две димензии - должина и ширина. Погоре се опишани разликите по должината. Разликите во ширината се забележуваат кога воздушниот тек се насочува по средината на јазикот, па добиваме „средна согласка“. Но кога воздухот излегува од страните на јазикот и страничните заби, тогаш согласката ја нарекуваме „странична“.

Сложена творба

[уреди | уреди извор]

Некои јазици имаат согласки со истовремени места на творба, наречени сложени согласки (коартикулирани). Кога имаат двојна творба, творбениците мора да се независно подвижни, и секој треба да главните категории устен, предно- средно и заднојазичен и грлен.

Единствените чести согласки со двојна творба се уснено–заднонепчените избувни согласки како [k͡p], [ɡ͡b] и, поретко, [ŋ͡m] што се среќаваат ширум западна и средна Африка. Сите други комбинации се ретки. Тука може да се набројат уснено–(задно)венечните избувни согласки [t͡p d͡b n͡m], кои се засебни само во еден јазик во Нова Гвинеја, и ресично–надгласилната избувна согласка [q͡ʡ], што се среќава во сомалискиот јазик.

Сложените гласови почесто подразбираат споредна творба на приближен карактер, каде двата творбеника можат да бидат слични (како лабијализираниот уснен глас [mʷ] или палатализираниот задновенечен глас [kʲ]). Ваква е англиската согласка [w], која е заднонепчена, но со споредна уснена творба.

Почести сложени творби се:

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „артикулација“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. Titze, I. R. (2008). The human instrument. Sci.Am. 298 (1):94-101. PM 18225701
  3. Titze, I.R. (1994). Principles of Voice Production, Prentice Hall (currently published by NCVS.org), ISBN 978-0-13-717893-3.
  • Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Табела на белодробни согласки по МФА аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʎ˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ ɟʎ˔ kʟ̝̊ ɡʟ̝
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.