Кампора Сан Џовани

Координати: 39°4′5″N 16°5′38″E / 39.06806° СГШ; 16.09389° ИГД / 39.06806; 16.09389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кампора Сан Џовани
општина
Campora San Giovanni
ЗемјаИталија
РегионКалабрија
ПокраинаКозенца
Површина
 • Вкупна6,2 км2 (24 ми2)
Надм. вис.&1000000000000005500000055 м
Население (31 декември, 2007)
 • Вкупно7,200
 • Густина120/км2 (300/ми2)
ДемонимCamporesi (англиски) Camporese
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.87032
Повик. бр.0982
Светец-заштитникФрансис од Паола
Слава1 до 3 септември

39°4′5″N 16°5′38″E / 39.06806° СГШ; 16.09389° ИГД / 39.06806; 16.09389

Кампроа Сан Џовани (италијански:Campora San Giovanni) — административна единица во општината Амантеја во покраината Козенца во Калабрија, Италија.

Географија[уреди | уреди извор]

Панорама на Кампора.

Кампора се наоѓа на брегот на Тиренското Море и е развиено на мало плато. Регионот е ридски и во него се произведува вино и маслинки. На лево од ова место се гледа заливот Ламезија Терме додека на десно се гледа вулканот Стромболи.

Историја[уреди | уреди извор]

Кампора Сан Џовани е релативно ново населено место. Во периодот од 1897-1899 година, тука се населуваат доселеници од блиските села Клето, Аило Калабро, Сан Пјетро Амантеја, Сан Манго д'Акуино, Белмонте Калабро, Лаго и др. Поради слабата економска развиеност и двете светски војни се доаѓа во состајба на големи иселенички бранови на населенирто кон Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд. Ова доведува до значително намалување на населението.

Непосредно со завршувањето на Студената војна, во Кампора Сан Џовани се населуваат многу имигранти од Источна Европа и Африка.

Управа[уреди | уреди извор]

Територијата на Кампора Сан Џовани се состои од :

  • Аугурато
  • Каратели
  • Колоњи
  • Коца
  • Кучивалја
  • Фравите
  • Гало (среден дел)
  • Имбели
  • Марано
  • Маринела
  • Мирабели
  • Олива
  • Пјана Кавало
  • Пјана Маури
  • Принчипеса
  • Рибес
  • Рубано
  • Стритури
  • Виланова

Стопанство[уреди | уреди извор]

Економијата се заснова на земјоделството и туризмот. Од 1950 година популарна земјоделска култура е црвениот кромид, кој е доста ценет.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Во Кампора има стара голема кула која датира од 14 век и е единствена значајна зграда во местото.

Настани[уреди | уреди извор]

Франсис од Паола е локален светец-заштитник и фестивалот во негова чест се слави од 1 септември до 3 септември. За време на настанот, статуата на светецот се носи низ улиците на населеното место.

Кујна[уреди | уреди извор]

Локалната кујна е типична за Калабрија која е составена од земјоделски и морски производи. Таа изобилува со месо, десерти и морски плодови.

Торти[уреди | уреди извор]

Број на странците (2007)[1]
Украина 20
Мароко 12
Романија 500
Кина 20
Полска 10
Албанија 10
Турција 10
Русија 70
Белгија 25
Франција 50
САД 4
Бугарија 350
Канада 15
Венецуела 12
Молдавија 25
Мексико 3
Перу 2
Германија 10
Унгарија 3
Швајцарија 2
Србија 9
Танзанија 2
Сенегал 5
  • Кузупа: типична торта за Велигден.
  • Бичиноти о Бучиноти: типична калабриска торта.
  • Пани и кастања: традиционална торта.
  • Тирдили: божиќна торта.

Значајни личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]