Стромболи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стромболи
DenglerSW-Stromboli-20040928-1230x800.jpg
Највисока точка
Надм. вис. 924 м
Истакнатост Липарски Острофи, северно од Сицилија,  Италија
Координати 38° СГШ 15° ИГД / 
Геологија
Старост на карпата непозната
Вид планина стратовулкан
Последен избув 2012[1]
Искачување
Најлесен пат планинарење

Стромболи (италијански: Stromboli; сицилиски: Struògnuli) — вулкан во Италија сместен на еден од Липарските Острови и го зафаќа поголемиот дел од неговата површина.

Малиот остров Стромболи всушност е активен вулкан што се издига до надморска височина од 926 м[1]. Тој е еден од неколкуте вулкани на Земјата со речиси непрекинати ерупции во период што трае околу 2.500 години. Активните отвори на врвот на вулканот Стромболи се наоѓаат на Скјари дел Фуоко, на закривената коса падина, што се образувала со паѓање на вулканската страна пред околу 5.000 години. Според овој вулкан еден од основните видови вулкански ерупции го добил својот назив, стромболинска ерупција. Неговата активност главно е умерена. Популацијата на островот е околу 500.[2] Вулканот еруптирал повеќепати и постојано е активен со мали ерупции, честопати видливи од повеќе точки на островот и околното море, по што и островот го добил својот прекар "Светилник на Медитеранот".[3]

Последната ерупција се случила на 13 април 2009 г. Стромбои се издига на 926 метри надморска височинаl,[4][5] и има три активни кратери на врвот.

Вулкан[уреди | уреди извор]

Анимација од ерупција на Стромболи

Планината Стромболи е речиси во континуирана ерупција во последните 2,000 години. Постои шема на еруптивната активност по која се случуваат експлозиите во кратерите на врвот, со мало и умерено исфрлање вулкански бомби на интервали од минути до часови. Ваквата стромболинска ерупција може да се види и кај други вулкани низ светот. Ерупциите од кратерите на врвот се неколку кратки но енергични избувнувања кои достигнуваат неколку стотици метри во височина, содржат пепел, делумно лава и камени блокови. Активноста на Стромболи речиси ексклузивно е експлозивна но течењето лава е поретко и се случува само кога вулканската активност е мошне висока: таква ефузивна ерупција се случила во 2002, прва после 17 години, а потоаво 2003, 2007 и 2013-2014.[6] Емисијата на гас се мери со Системот за анализа на мултикомпонентен гас, кој детектира предеруптивно подигање на магмата, со што се подобрува предвидувањето на вулканската активност.[7]

Стромболи и Стромболичо

Геологија[уреди | уреди извор]

Ерупција на Стромболи

Островот Стромболи бил изграден од серија базалтни ерупции збогатени со калај и од базалтни адезитни лави. Првата ерупција започнала пред околу 200,000 и го формирала сега еродираниот вулкан Стромболичо. Пред околу 160,000 островот почнал да се формира. Во следните 150.000 години, лавински текови и пирокластични депозити го формирале стратовулканот. Во понов период се формирало денешното вулканско здание кое вклучува многу падини и врв. Денешните еруптивни отвори се наоѓаат врз Скјара дел Фуоко (Огнен поток), на северозападната страна на островот кој се формирал пред околу 5.000 години.[8]

Ерупции[уреди | уреди извор]

Активноста на Стромболи историчарите ја запишувале уште пред 1,000 години и вулканската активност, иако умерена, сепак забележала силни експлозивни ерупции во текот на историјата. Записите од 1907 наведуваат дека експлозијата била толку силна што ги скршила прозорите во селата на островот а силните експлозии во 1930 биле поврзани со земјотрес кој исто така создал и помало цунами. Најскорешната ерупција започнала во 1932, и оттогаш непрекинато трае. Периодично од Стромболи се исфрла лава (2002 и 2007).[8] На 22 октомври 2017 се случила ненадејна силна експлозија во 16:04:40 по локално време. Ерупцијата предизвикала вулкански пепел висок стотици метри кој набрзо потоа исчезнал. При експлозијата имало вулкански бомби во пошироко подрачје околу вулканот но не биле пријавени човечки жртви.[9]  Слична но не толку силна експлозија се случила и во ноември 2017.[10]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Фотографија на Стромболи од хеликоптер

Двете села Сан Бартоло и Сан Винченцо се протегаат на североисток додека помалото село Џиностра се наоѓа на југозапад[11] било поранешно рибарско село кое помалку е посетувано од туристите. Не може да се пешачи од едно село до друго, освен доколку не се оди со чамец. Сепак, од 2007 почнала изградба на планинарска патека за полесен пристап до локациите.

До 1900 неколку илјади луѓе го населувале островот[12] но по неколку емиграции, популацијата броела стотина до средината на 1950-тите.[13] Денес,во двете села живеат околу 350 постојани жители[14].

Во популарната култура[уреди | уреди извор]

Во Патување во центарот на светот, Аксел и Ото Лиденброк го завршуваат подземното патување излегувајќи преку вулканот Стромболи:

"Над нашите глави, на голема височина, се отвара кратер на вулкан од каде секои петнаесеттина минути мошне гласно избива возвишен млаз од пламен заедно со камења, пепел, и лава. Можев да почувствувам како се грчи Природата во планината, која дишеше како огромен кит, од време на време исфрлајќи оган и воздух низ нејзините огромни отвори (...) Патување во центарот на Земјата, глава XLIII


  • Авторот Џ.Р.Р Толкин неговиот фиктивен вулкан Планината Дум во Мордор го идентификувал со вулканот Стромболи, според Клајд С. Килби.[15]
  • Стромболи (1950), познат и како: Стромболи, земја на боговите е филм во италијанско-американска продукција, снимен на островот Стромболи, во режија на Роберто Роселини со Ингрид Бергман во главната улога.
  • Стромболи е назив на познат рецепт, измислен во САД во 1950-тите при што инспирација за името на јадењето бил филмот на Роселини а не самиот вулкан. 

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Стромболи“. Смитсонова установа. https://volcano.si.edu/world/volcano.cfm?vnum=0101-04%3D. конс. 1 јануари 2009 г.  (англиски)
  2. „Isola di Stromboli (in Italian)“. Comune di Lipari. http://www.comunelipari.gov.it/lipari/zf/index.php/servizi-aggiuntivi/index/index/idtesto/25. конс. 25 февруари 2016 г. 
  3. Scheffel, Richard L., уред (1980). Natural Wonders of the World. United States: Reader's Digest Association, Inc. стр. 360–361. ISBN 0-89577-087-3. 
  4. „Stromboli“. Смитсонова установа. https://volcano.si.edu/world/volcano.cfm?vnum=0101-04%3D. конс. 1 јануари 2009 г.  (англиски)
  5. Tibaldi, A., Corazzato, C., Marani, M., Gamberi, F. (2009). Subaerial-submarine evidence of structures feeding magma to Stromboli Volcano, Italy, and relations with edifice flank failure and creep. Tectonophysics, 469(1), 112–136.
  6. „Stromboli“. www.volcanodiscovery.com. https://www.volcanodiscovery.com/stromboli.html. конс. 10 декември 2017 г. 
  7. Aiuppa, Alessandro; Federico, Cinzia; Giudice, Geatano; Papale, Paolo (11 октомври 2008). „The 2007 eruption of Stromboli volcano: Insights from real-time measurement of the volcanic gas plume CO2/SO2 ratio“. Elsevier. https://www.researchgate.net/publication/223943167_The_2007_eruption_of_Stromboli_volcano_Insights_from_real-time_measurement_of_the_volcanic_gas_plume_CO2SO2_ratiol. конс. 27 септември 2016 г. 
  8. 8,0 8,1 „Stromboli Volcano, Italy: Map, Facts, Eruption Pictures“. geology.com. http://geology.com/volcanoes/stromboli/. конс. 10 декември 2017 г. 
  9. „Stromboli volcano (Eolian Islands, Italy): sudden strong explosion, bombs on Pizzo“. www.volcanodiscovery.com. https://www.volcanodiscovery.com/stromboli/news/65721/Stromboli-volcano-Eolian-Islands-Italy-sudden-strong-explosion-bombs-on-Pizzo.html. конс. 10 декември 2017 г. 
  10. „Stromboli volcano (Eolian Islands, Italy): another strong explosion on 1 Nov“. www.volcanodiscovery.com. https://www.volcanodiscovery.com/stromboli/news/65889/Stromboli-volcano-Eolian-Islands-Italy-another-strong-explosion-on-1-Nov.html. конс. 10 декември 2017 г. 
  11. Alean, Jürg; Roberto Carniel (21 мај 2005). „Stromboli 1952–1953 – The village and the land“. Stromboli online. http://www.swisseduc.ch/stromboli/volcano/historical-1953/village-en.html. конс. 31 август 2010 г. 
  12. Loschiavo, LindaAnn. „Return of the Native to Stromboli“. http://www.sersale.org/mancuso/loschitx.html. конс. 31 август 2010 г. „high point of 2,100 citizens in 1891“ 
  13. Alean, Jürg; Roberto Carniel (21 мај 2005). „Stromboli 1952–1953 – Stromboli in 1952 and 53“. Stromboli online. http://www.swisseduc.ch/stromboli/volcano/historical-1953/index-en.html. конс. 31 август 2010 г. 
  14. „Stromboli - Wikitravel“ (на en). wikitravel.org. https://wikitravel.org/en/Stromboli. конс. 10 декември 2017 г. 
  15. Kilby, Clyde S; Plotz, Dick. Many Meetings with Tolkien: An Edited Transcript of Remarks at the December 1966 TSA Meeting. „Niekas“ (Niekas Publications, New Hampshire, United States) (19): 39–40.  Referred to at tolkienguide.com and by another publication of the Niekas editor.