Богдан Филов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Богдан Филов
Премиер на Бугарија
На должноста
16 февруари 1940 – 9 септември 1943
Монарх Борис III (до 28 август 1943 г.)
Симеон ІІ
(28 август – 14 септември 1943)
Претходник Георги Ќосеиванов
Наследник Петар Габровски (в.д.)
Лични податоци
Роден(а) 10 април 1883(1883-04-10)
Стара Загора, Источна Румелија (денес Бугарија)
Починал(а) 1 февруари 1945(1945-02-01) (возр. 61)
Софија, Бугарија
Партија непартиец
Сопружник Евдокија Петева-Филова

Богдан Димитров Филов (на бугарски: Богдан Димитров Филов; 10 април 1883, Стара Загора1 февруари 1945, Софија) — бугарски археолог, историчар на уметност и политичар.

Богдан Филов и Бенито Мусолини во Рим, 1941

Тој бил претседател на Советот на министрите на Царството Бугарија за време на Втората светска војна. За време на неговиот премиерски мандат Бугарија станала седмата држава која се приклучила на Силите на Оската.