Прејди на содржината

Баден-Виртемберг

Координати: 48°32′16″N 9°2′28″E / 48.53778° СГШ; 9.04111° ИГД / 48.53778; 9.04111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Баден-Виртемберг
Baden-Württemberg
покраина
Знаме на Баден-ВиртембергГрб на Баден-Виртемберг
Карта
ЗемјаГерманија
Главен градШтутгарт
Управа
 • ОрганСобрание на Б-В
 • ПремиерВинифред Кречман (Зелени)
 • Владејачки партииЗелени / ДХС
 • Гласови во Бундесратот6 (од 69)
Површина[1]
 • Вкупно35.751,46 км2 (1,380,372 ми2)
Население (2017-12-31)[2]
 • Вкупно11,023,424
 • Густина0/км2 (00/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
ISO 3166DE-BW
БДП (номин.)477 млјд. € (2016)[3]
БДП/жит42.000 € (2015)
ИЧР (2017)0.950[4]
многу висок
Мреж. местоbaden-wuerttemberg.de

Баден-Виртемберг (германски: Baden-Württemberg) — сојузна покраина во југозападна Германија, источно од горниот тек на реката Рајна. Ова е трета по големина покраина (по површина и по население) од вкупно шеснаесетте покраини, со површина од 35,742 км2 и 10,7 милиони жители. Главен град е Штутгарт.

Географија

[уреди | уреди извор]

Покраината граничи со Швајцарија на југ, со Франција на запад и со германските покраини Рајнска област-Пфалц, Хесен и Баварија.

Поголеми градови во Баден-Виртемберг се Штутгарт, Манхајм, Карлсруе, Фрајбург, Хајделберг, Хајлброн, Лудвигсбург, Улм, Тибинген, Пфорцхајм и Ројтлинген.

Реката Рајна ги образува западната, како и поголеми делови од јужната граница. Шварцвалд (герм. Црна Шума) — главниот планински венец на покраината, кој започнува од исток од долината на Рајна. Баден-Виртемберг ги дели Боденското Езеро и ограноците од Алпите со Швајцарија.

Дунав извира од Баден-Виртемберг, во близина на градот Донауешинген, кај месноста Фуртванген на Шварцвалд.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

Баден-Виртемберг е поделен на 35 окрузи, групирани во четири административни подрачја (владини окрузи): Фрајбург, Карлсруе, Штутгарт и Тибинген.

  1. Алб-Дунав
  2. Беблинген
  3. Биберах
  4. Боденско Езеро
  5. Брајсгау-Горен Шварцвалд
  6. Валдсхут
  7. Гепинген
  8. Емендинген
  9. Енц
  10. Еслинген
  11. Зигмаринген
  12. Источен Алб
  1. Калв
  2. Карлсруе
  3. Констанц
  4. Лерах
  5. Лудвигсбург
  6. Мајна-Таубер
  7. Некар-Оденвалд
  8. Ортенау
  9. Равенсбург
  10. Рајна-Некар
  11. Раштат
  12. Ремс-Мур
  1. Ројтлинген
  2. Ротвајл
  3. Тибинген
  4. Титлинген
  5. Фројденштат
  6. Хајденхајм
  7. Хајлброн
  8. Хоенлое
  9. Цолерналб
  10. Шварцвалд-Бар
  11. Швебиш Хал
Кампањски леток. Текстот вели: "Ние можеме да правиме сѐ - со исклучок да „зборуваме стандарден германски“; Ова е алузија на фактот дека многу жители на Баден-Виртемберг зборуваат многу различни регионални дијалекти

Исто така постојат и девет слободни градови кои не припаѓаат на ниту една област:

  1. Баден-Баден
  2. Фрајбург
  3. Хајделберг
  4. Хајлброн
  5. Карлсруе
  6. Манхајм
  7. Пфорцхајм
  8. Штутгарт
  9. Улм

Историја

[уреди | уреди извор]

Сојузната покраина се состои од историските држави Баден, Хоенцолерн и Виртемберг.

По Втората светска војна, сојузниците воспоставиле три единици: Виртемберг-Баден (окупиран од САД), Виртемберг-Хоенцолерн (Франција) и Баден (Франција). Во 1952 година, овие единици се спојуваат со што ја образувааат денешната Баден-Виртемберг; Конституцијата од 1949 содржела специјална клаузула (Член 118) која го овозможила спојувањето на единиците.

  1. „The State and its people“. Baden-Württemberg. Посетено на 18 December 2016.
  2. „Bevölkerung nach Nationalität und Geschlecht am 31. Dezember 2017“. Statistisches Landesamt Baden-Württemberg (германски). 2018.
  3. Baden-Württemberg, Statistisches Landesamt. „Bruttoinlandsprodukt – in jeweiligen Preisen – in Deutschland 1991 bis 2016 nach Bundesländern (WZ 2008) – VGR dL“. www.vgrdl.de. Архивирано од изворникот на 2015-06-26. Посетено на 2020-03-11.
  4. „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org (англиски). Посетено на 2018-09-13.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]