Заробениот крал Чарлс I на крајот на граѓанската војна меѓу монархистите и следбениците на парламентот во Англија беше изведен на суд обвинет за предавство, односно за тајни преговори со Шкотите. Наброзо беше осуден на смрт и погубен 10 дена подоцна.
По 13-годишните борби Русија ја порази Полска во војната која изби во 1654 година. По мирен пат во Андрусова, Полска се одрече од Киев, Смоленска и од делови на Украина на левиот брег од реката Днепар.
Инвазиските италијански фашистички трупи, кои на почетокот на октомври 1935 година без објава на војна упаднаа во Етиопија, презедоа решителна офанзива против етиопските сили, успеаја да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат таа земја.
Франклин Рузвелт, водач на Демократската партија, по третпат е избран за претседател на САД. Првиот мандат го презеде во 1932 година, во времето на големата економска криза, а во 1945 година по четврти пат е избран за претседател, што е единствен случај во историјата на САД.
Републиканецот Роналд Реган, на 70-годишна возраст ја презеде функцијата претседател на државата, станувајќи најстар претседател во американската историја.
На изборите во Газа и на Западниот брег, одржани според договорот меѓу Израел и Палестинците, водачот на ПЛО Јасер Арафат стана првиот демократски избран водач на палестинскиот народ.
Потпрестедателот на Филипините, Глорија Аројо ја презеде должноста шеф на државата, бидејќи филипинскиот Врховен суд пресуди дека сменетиот претседател Џозеф Естрад не може да ја врши оваа функција.