Шарл де Кателаре

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шарл де Кателаре
Charles De Ketelaere 2022 Salzburg vs AC Milan 2022-09-06.jpg
Лични податоци
Полно име Шарл де Кателаре
Роден на 10 март 2001 (2001-03-10) (21 г.)
Роден во Бриж, Белгија
Висина 1.92 м[1]
Позиција Играч за врска
Клупски податоци
Сегашен клуб Милан
Број 90
Младинска кариера
2008–2019 Клуб Бриж Клуб Бриж
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2019–2022 Клуб Бриж Клуб Бриж 90 (19)
2022– Милан Милан 2 (0)
Репрезентација
2017 Белгија 16 4 (1)
2018 Белгија 17 1 (0)
2019 Белгија 19 6 (3)
2020– Белгија 21 6 (1)
2020– Белгија 8 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 23
50, 21 август 2022 (UTC).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 14 јуни 2022 (UTC)

Шарл де Кателаре (роден на 10 март 2001 година во Бриж, Белгија) — белгиски фудбалер кој настапува за екипата на ФК Милан на позиција играч за врска и Фудбалската репрезентација на Белгија.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Клуб Бриж[уреди | уреди извор]

Шарл де Кателаре се приклучил на Клуб Бриж на 7-годишна возраст. Тој исто така играл тенис како млад, но избрал да се занимава со фудбал[2].

Тој своето деби го направил на 25 септември 2019 година, кога го одиграл целиот натпревар од Купот на Белгија 2019-2020 против Франс Бораинс[3].

На 22 октомври 2019 година, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите на УЕФА против Париз Сен Жермен. Тој го започнал натпреварот и бил заменет во 57 минута во резултатот од 1–0 за Париз Сен Жермен, натпревар кој на крајот завршил со пораз од 5–0[4]. На 5 февруари 2020 година, тој постигнал гол во победата од 2–1 против Варегем[5].

На 20 октомври 2020 година, Де Кателаре го постигнал победничкиот гол на натпреварот во 93 минута против Зенит Санкт Петербург со 2–1 во групната фаза од Лигата на шампионите на УЕФА 2020–21[6].

Милан[уреди | уреди извор]

На 2 август 2022 година, Шарл де Кателаре му се приклучил на клубот од Серија А, Милан со договор до 30 јуни 2027 година[7].

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Шарл де Кателаре своето деби за репрезентацијата на Белгија го направил во ноември 2020 година, во поразот од Швајцарија[8]. На 10 октомври 2021 година, тој го постигнал својот деби репрезентативен гол во поразот за третото место на Белгија од Италија за Лигата на нации со резултат од 2–1.

Статистика[уреди | уреди извор]

Обновено на 21 август 2022[9]
Настапи и голови по клуб, сезона и натпреварување
Клуб Сезона Лига Национален Куп Европа Останато Вкупно
Лига Нат. Гол. Нат. Гол. Нат. Гол. Нат. Гол.
Клуб Бриж 2019–20 Про лига 13 1 6 1 6[б 1] 0 25 2
2020-21 Про лига 38 4 1 0 7[б 2] 2 46 6
2021-22 Про лига 39 14 3 4 6[б 3] 0 1[б 4] 0 49 18
Вкупно 90 19 10 5 19 2 1 0 120 26
Милан 2022-2023 Серија А 2 0 0 0 0 0 0 0 2 0
Вкупно 92 19 10 5 19 2 1 0 122 26
  1. Four appearances in UEFA Champions League, two appearances in UEFA Europa League
  2. Six appearances and two goals in UEFA Champions League, one appearance in UEFA Europa League
  3. Appearance(s) in UEFA Champions League
  4. Appearance in Belgian Super Cup

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Charles De Ketelaere“. Club Brugge (француски). Архивирано од изворникот 4 November 2021. Посетено на 6 December 2021.
  2. „Is De Ketelaere Belgium's new De Bruyne?“. Архивирано од изворникот 19 October 2021. Посетено на 19 October 2021 – преку www.bbc.co.uk.
  3. „Francs Borains v Club Brugge game report“. Soccerway. 25 September 2019. Архивирано од изворникот 30 October 2020. Посетено на 30 October 2019.
  4. „Club Brugge v PSG game report“. Soccerway. 22 October 2019. Архивирано од изворникот 29 April 2021. Посетено на 30 October 2019.
  5. „Club staat in de bekerfinale met dank aan gouden invaller De Ketelaere“. sporza.be (Dutch). 5 February 2020. Архивирано од изворникот 22 October 2020. Посетено на 20 October 2020.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. „Club Brugge stun wasteful Zenit with late winner“. ESPN. 20 October 2020. Архивирано од изворникот 16 September 2021. Посетено на 20 October 2020.
  7. „Charles De Ketelaere joins AC Milan: official statement“. AC Milan (англиски). Посетено на 2022-08-02.
  8. „Belgium 2-1 Switzerland“. BBC. Архивирано од изворникот 25 January 2021. Посетено на 11 November 2020.
  9. „C. De Ketelaere“. Soccerway. Архивирано од изворникот 30 April 2021. Посетено на 18 February 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]