Химна на Албанија
макед. Химна за знамето | |
---|---|
национална химна на Албанија | |
Друг наслов | Rreth Flamurit të Përbashkuar Обединети под исто знаме |
Текст | Асдрени 1912 г. |
Музика | Чипријан Порумбеску |
Усвоена | 2004 г. |
Звучен извадок | |
инструментална верзија | |
Химна за знамето (алб. Himni i Flamurit) е државна химна на Република Албанија. Текстот е напишан од албанскиот поет Асдрени (Александар Ставре Дренова).
Химната за првпат била објавена на 21 април 1912 година, како песна во Слобода на Албанија (алб. Liri e Shqipërisë), албански весник во Софија, Бугарија. Подоцна била отпечатена во збирката песни од Асдрени насловена Соништа и солзи (алб.) Ëndra е lotë), објавена во Букурешт.
Музиката на химната била напишана од романскиот композитор Чипријан Порумбеску, првично за песната На нашето знаме пишува Сојуз ("Pe-al nostru steag e scris Unire").
Текст
[уреди | уреди извор]Постојат две верзии на химната: долга и кратка. Подолу е текстот за долгата верзија.[1]
Втората строфа се смета за рефрен и се повторува на крајот. Кратката верзија ги користи само првите две строфи, при што се повторуваат последните два стиха од втората строфа. Обично, на спортски натпревари меѓу државни репрезентации, официјално се користи кратката верзија. (Оригиналната песна има уште три строфи кои не се дел од химната - што се додаваат после втората строфа)
албански | македонски |
---|---|
Прва строфа | |
Rreth flamurit të përbashkuar |
Обединети околу знамето |
Втора строфа | |
Prej lufte veç ai largohet |
Од војна се воздржува само оној, |
Трета строфа | |
Në dorë armët do t'i mbajmë, |
Оружјето во нашите раце ќе го држиме |
Четврта строфа | |
Se Zoti vetë e tha me gojë |
До Господ кој велеше |