Химна на Молдавија
макед. Наш јазик | |
---|---|
Напишан текст | |
Државна химна на ![]() | |
Текст | Алексеј Матеевичи, 1917 |
Музика | Алексадру Кристеа, 1942 |
Усвоена | 1995 |
Звучен извадок | |
„Лимба ноастра“ (инструментална) | |
Претходна | „Дештеапта-те, романе!“ |
„Лимба ноастра“ (буквален превод: „Наш јазик“) е државната химна на Молдавија од 1994 година, службено усвоена на 22 јули 1995 година.[1]
За краток временски период во раните 90-ти, државната химна на Молдавија била „ Дештеапта-те, романе!“ („Deșteaptă-te, române!“), која исто така била (и останува денес) како државна химна на Романија.[2] Стиховите ги напишал Алексеј Матеевичи (1888 – 1917) еден месец пред неговата смрт.[3] Матеевичи значително придонел за националната еманципација на Бесарабија. Музиката ја компонирал Александру Кристеа .
Историја[уреди | уреди извор]
Единствено меѓу националните химни, во фокусот на „Лимба ноастра“ е јазикот, во случајов, националниот на Молдавија, романскиот[4] (исто така се нарекува молдавски во Молдавија).[б 1] Песната ги повикува луѓето да ја оживеат употребата на својот мајчин јазик. Песната не се однесува на јазикот по име; тоа само се нарекува поетски “наш јазик“.
„Лимба ноастра“, како „Дестеапта-те, романе!“, упатува на будењето од сонот на смртта: „еден народ одеднаш се разбуди од сонот на смртта“ и „буден, Романец, од сонот на смртта“, редоследно.
Текст[уреди | уреди извор]
„Лимба ноастра“ е заснована на песна од дванаесет стихови. За службено дефинираната државна химна што се користи денес, стиховите биле избрани и реорганизирани во пет строфи од по четири стихови, поточно стихови 1, 2, 5, 9 и 12 (кои се нагласени со задебелени букви).
Изворен романски
|
Молдавска кирилица
|
Македонски превод
|
Limba noastră-i o comoară |
Лимба ноастрэ-й о комоарэ |
Богатство е нашиот јазик кој тече |
Слики[уреди | уреди извор]
Матеевичи, автор на песната. Во позадина се напишани четиристишија од „Лимба ноастра“.
Белешки[уреди | уреди извор]
- ↑ Уставот на Република Молдавија го наводува јазикот на земјата како молдавски, додека Декларацијата за независност од 1991 година го именува службениот јазик Романски. Во декември 2013 година, одлука на Уставниот суд на Молдавија пресудил дека Декларацијата за независност имала надмоќ врз Уставот и дека државниот јазик е затоа романски, а не “молдавски“..[5]
- ↑ Молдавската кирилица била службено користена помеѓу 1924 и 1932 и потоа од 1938 до 1989 за време на Советскиот Сојуз (како што текстот бил напишан во 1917 година), и е сè уште службено користена во регионот Приднестровие.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „20 de ani fără "Deșteaptă-te, române!"“. adevarul.ro. јуни 2014.
- ↑ „Moldova: Limba noastră“. NationalAnthems.me. Посетено на 26 март 2020.
- ↑ „De Ziua Limbii Române, "Limba noastră" va răsuna din turnul Primăriei Cluj“. ziuadecj.realitatea.net. 30 август 2017. Архивирано од изворникот на 2019-03-30.
- ↑ „Poezia "Limba noastră", de Alexei Mateevici, a împlinit un secol“. 10tv.md. јуни 2017. Архивирано од изворникот на 2020-03-26.
- ↑ "Moldovan court rules official language is 'Romanian,' replacing Soviet-flavored 'Moldovan'"
- ↑ „Limba noastră“. Poezie. 21 февруари 2010. Посетено на 26 март 2020.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2019-09-05. Посетено на 2020-03-26.
- ↑ „Лимба матернэ — флоаре етернэ“. Лимба молдовеняскэ (Moldovan). 24 април 2015. Посетено на 26 март 2020.
- ↑ Minahan, James B. (23 декември 2009). The Complete Guide to National Symbols and Emblems [2 volumes]. ISBN 9780313344978.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Викиизвор, „Лимба ноастра“, целосен текст на песната на Матеевичи (на романски)
- Државни симболи на Република Молдавија - Службената страница на Република Молдавија има страница за знамето и химната, кои вклучуваат вокални и инструментални верзии
- Претседателски дом - Службената мрежна страница на претседателот на Молдавија има страница со информации за химната. Романската верзија на страницата го содржи и музичкиот текст на химната.
- Молдавија: Limba noastră - Аудио на националната химна на Молдавија, со информации и текстови
- „Романски национализам во Република Молдавија“ од Андреј Паничи, Американски универзитет во Бугарија, 2002 г.