Химна на Латвија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Боже, благослови ја Латвија!“
Dievs, svētī Latviju!
Flag of Latvia.svg

национална химна на  Латвија
ТекстКарлис Бауманис, 1873
МузикаКарлис Бауманис, 1873
Усвоена1920
Звучен извадок
Инструментална верзија на химната

Боже, благослови ја Латвија! (латвиски: Dievs, svētī Latviju!) — државна химна на Латвија. Автор на текстот и музиката е Карлис Бауманис (1834–1904).

Композиција[уреди | уреди извор]

Музиката и текстот биле напишани во 1873 година од Карлис Бауманис, наставник, кој бил дел од националистичкото движење Млади Латвијци.[1] Се шпекулирало дека Бауманис можеби позајмил дел од текстот од популарната песна која била пеена во мелодијата на Боже, чувај ја Кралицата, менувајќи ја и правејќи сопствена музика. Стиховите на Бауманис биле различни од денешните: го користил терминот „балтски“ како синомим со „Латвија“ и „Латвијци“, па така „Латвија“ била спомната само на почетокот на првиот стих. Подоцна, терминот „Латвија“ бил повлечен и заменет со „балтски“ да се избегне забрана на песната. Ова довело до недоразбирање дека терминот „Латвија“ не бил дел од песната до 1920 година, кога бил избрана за национална химна и зборот „балтски“ бил заменет со „Латвија“.[2][3]

Мелодијата на химната била осовременета со нова верзија во Ф-дур, која се користи од 2014 година, поранешната верзија во Г-дур била користена како најавна и одјавна шпица на дневниците на ЛТВ од 2011 до 2013 година.

Официјален текст[4] Македонски превод
Dievs, svētī Latviju!
Mūs' dārgo tēviju
Svētī jel Latviju
Ak, svētī jel to! (повторно)

Kur latvju meitas zied
Kur latvju dēli dzied
Laid mums tur laimē diet
Mūs' Latvijā! (повторно)
Боже, благослови ја Латвија!
Нашата сакана татковина
Благослови ја Латвија
О, благослови ја, те проколнуваме!(повторно)

Каде латвиските ќерки цутат
Каде латвиските синови пеат
Ајде таму да танцуваме среќно
Во нашата Латвија!(повторно)

Снимки[уреди | уреди извор]

Други употреби[уреди | уреди извор]

Латвиската монета од 2 евра го носи натписот DIEVS SVĒTĪ LATVIJU на работ.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Darba apraksts". LIIS mūzikas lapas (латвиски). Latvijas Izglītības informatizācijas sistēma. конс. 27 мај 2007. 
  2. Dr. art. Arnolds Klotiņš (13 ноември 1998). "Latvijas svētās skaņas (Дел I)" (латвиски). Latvijas Vēstnesis. конс. 13 октомври 2012. 
  3. Dr. art. Arnolds Klotiņš (17 ноември 1998). "Latvijas svētās skaņas (Дел II)" (латвиски). Latvijas Vēstnesis. конс. 13 октомври 2012. 
  4. "Par Latvijas valsts himnu" (латвиски). Latvijas Vēstnesis. 5 март 1998. конс. 27 мај 2007. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]