Прејди на содржината

Украинска Православна Црква - Киевски Патријархат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Украинска Православна Црква
Киевски Патријархат

{{{caption}}}
Основач Патријарх Филарет (Денисенко)
Независност Основана во 1992
Признавање не е призната од канонските православни цркви
Поглавар Патријарх Филарет (Денисенко)
Седиште Киев, Украина
Територија  Украина
 САД
 Канада
Австралија Австралија
 Русија
Јапонија,
 Парагвај
Власт {{{possessions}}}
Јазик украински
црковнословенски
Верници 60 % од Украина(2016)[1]
Портал Украинска Православна Црква
Катедралата Свети Владимир во Киев.

Украинската Православна Црква - Киевски Патријархат или УПЦ-КП (украински: Украї́нська Правосла́вна Це́рква – Ки́ївський Патріарха́т (УПЦ-КП)) — најголемата од трите главни православни цркви во Украина, заедно со Украинската Православна Црква - Московска патријаршија) и Украинската Автокефална Православна Црква[2][3]. Црквата моментално не е призната од канонските православни цркви, иако сега екуменската патријаршија, која е Мајка Црква, и може да даде канонски статус и автокефалност, го разгледува барањето и петицијата на украинската влада и нејзиниот народ за да биде официјално признаена[4].

Главна катедрална црква на УПЦ-КП е катедралата Свети Владимир во Киев, главниот град на Украина. Поглаварот на црквата е Патријархот Филарет (Денисенко), кој бил устоличен во 1995 година. Патријархот Филарет бил екскомунициран од Руската православна црква во 1997 година[5], но Синодот и Собор на УПЦ-КП не го признаваат овој настан.

Формирање

[уреди | уреди извор]

Црквата била основана во 1992 година како резултат на раскол меѓу Московската патријаршија и нејзиниот поранешен локален водач, митрополитот Киевски и на целата Украина, Филарет (Денисенко). Поголемиот дел од проруските епископи одбиле да го поддржат и го принудиле да поднесе оставка од својата позиција по неговиот предлог за основање. Незадоволен, Филарет, со поддршка на претседателот на Украина, Леонид Кравчук, иницирал спојување со Украинската Автокефална Православна Црква. Со поддршката на националистичките групи како УНА-УНСО, црквата се борела за контрола над имотот на црквата. Како одговор, скоро сите проруски епископи одржале собор во Харков, каде епископите одбиле да го следат Филарет. По смртта на Патријархот Мстислав (Скрипник) во летото 1993 година, и по кратко раководство на патријархот Володомир (Роман), Филарет го презел патријаршискиот престол во есента 1995 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Православиетохристијанството воопшто) во Украина датираат од христијанизација на Киевска Русија од Владимир I Велики како и прогласување како митрополија од Цариградскиот Патријарх. Освојувањето на самиот Киев во декември 1240 година за време на монголската инвазија довело до краен колапс на Руската држава. За многу од нејзините жители, бруталноста на монголските напади ја запечатиле судбината на многумина кои побегнале да најдат засолниште во североисточниот дел. Во 1299 година, киевскиот митрополит Чаир бил преместен во Владимир од страна на митрополитот Максим, со зачувување на титулата на Киев. Кога Владимирско-суздаљското Кнежевство, а подоцна и Големото Московско Кнежевство започнале да ја прошируваат својата моќ, православната верска врска меѓу нив и Киев останала цврста. Падот на Цариград во 1453 година дозволила на некогашната ќерка црква да стане автокефална, а Киев како дел од Вселенската патријаршија. Од тој момент, Црквите на Украина и Русија започнале да се развиваат на свои посебни начини. Втората имала централна улога кај руски цар, постигнувајќи патријархален статус во 1589 година, додека украинската станала предмет на репресија и напори за полонизација, особено по Брестовската Унија во 1596 година. На крајот, прогонувањето на православните Украинци довело до масовни востанија на чело на Богдан Хмелницки, кој успеал да го обедини украинскиот хетманат со рускиот цар, а во 1686 година, Киевската митрополија веќе била ставена под Московската патријаршија. Започнувајќи од 2018 година, Киевската патријаршија тврди дека тоа било сторено со кршење на канонскиот закон. Украинското свештенство имало клучна улога во Руската православна црква до крајот на XVIII век.

Православието во Украина во голема мера се проширило во XVIII и XIX век, особено кога границите на Руското Царство биле проширени преку освојување или анексија на Кримското ханство, Бесарабија и дел од Украина. Само западната покраина Галиција останала надвор од Руската православна црква (и покрај тоа што се сметала како канонска територија). Во текот на XX век, православието било брутално прогонувано од страна на советските власти во Советска Украина, а во помала мера и од властите на Втората Полска Република.

Историчарите како причина за верскиот конфликт помеѓу двете цркви го гледаат во одлуката на водачот на Украинската Православна Црква - Киевски Патријархат и на цела Украина, Филарет, да постигне целосна автокефалност (независност) на митрополијата. Овие настани го следеле неуспешниот обид на Филарет да застане на чело на Московската патријаршија во 1990 година и независноста на Украина по распаѓањето на Советскиот Сојуз во август 1991 година. Во ноември 1991 година, митрополитот Филарет побарал од Руската православна црква да додели автокефален статус на Украинската Православна Црква, по кое Руската православна црква повикала на Синодски Собор каде што ова прашање требало да биде дискутирано. Филарет, користејќи поддршка од старите пријателски врски со тогаш новоизбраниот претседател на Украина (Леонид Кравчук), го убедил дека новата независна влада треба да има своја независна црква.

Меѓутоа, на соборот во март-април 1992 година, поголемиот дел од свештенството на Украинска Православна Црква - Московска патријаршија , кои првично го поддржувале Филарет, отворено го критикувале овој потег и ги поставиле повеќето други бискупи против него. Тој бил замолен да поднесе оставка.

По враќањето во Киев, Филарет изјавил дека тој нема поднесе оставка. Украинскиот претседател Леонид Кравчук му дал поддршка на Филарет, како и на националистичките паравојски, задржувајќи го својот ранг. Во еден кризен момент, Хиерархискиот совет на Украинската православна црква се согласила на друг синод што се состанал во мај 1992 година. Соборот бил одржан во источниот град Харков каде што мнозинството од руските епископи гласале за суспендирање на Филарет од неговото свештенство. Истовремено, тие избрале нов водач, митрополитот Владимир Сабодан, роден во Хмелничката област и поранешен патријаршиски егзарх во Западна Европа.

Со само три епископи кои му дале поддршка, Филарет го иницирал обединувањето со Украинската Автокефална Православна Црква, а во јуни 1992 година ја основал новата Украинска Православна Црква - Киевски Патријархат со 94-годишниот патријарх Мстислав како водач. Додека бил избран за свој помошник, Филарет де факто владеел со црквата. Неколку автокефални епископи и свештеници кои се спротивставиле на оваа одлука, одбиле да се приклучат на новата црква по смртта на Мстислав една година подоцна. Црквата повторно доживеала раскол и повеќето од парохиите на УАПЦ биле вратени кога црквите повторно се разделиле во јули 1993 година.

Активноста на УПЦ-КП исто така била фокусирана на привлекување на Украинци. На пример, во 1998 година, четири парохии на УПЦ на САД се префрлиле под кај Филарет без канонско одобрување од УПЦ на САД (надлежност на Вселенската патријаршија). Постојаните конференции на украинските православни епископи надвор од границите на Украина го изразиле својот протест против расколничката активност на УПЦ-КП во дијаспората со отворено писмо од 14 јуни 1998 година. Од своја страна Хиерархискиот собор на УПЦ-КП одлучил на 14 мај 1999 година: „Украинската Православна Црква - Киевски Патријархат нема морално право да ги напушти без духовна грижа оние украински православни парохии во дијаспората, кои од времето на Неговата Светост, Патријарх Киевски и на цела Украина, Мстислав, за благословено сеќавање, остануваат под влијание на Киевскиот Патријарх и понатаму не сакаат да ја сменат својата канонска позиција[6][7].

УПЦ-КП примила најмалку двајца поранешни свештеници на Грузиската Православна Црква: епископот Кристофер (Цамалаиѕе) и Василиј (Кобахидзе). На 21 јануари 2006 година, епископот Кристофер и протоерејот Василиј учествувале на одбележувањето на националниот украински празник - Денот на единството. Во исто време, Николај (Инасаридезе), кој бил поставен од Филарет во свештенството во октомври 2005 година, бил назначен за ректор на новоформираната грузиска парохија „Рождество Христово“[8][9]. И украинските медиуми веднаш започнале да ги шират изјавите на водачот на УПЦ-КП за признавањето на Киевската патријаршија од страна на Грузиската Православна Црква и Неговата Светост патријарх Илија II Грузиски. Но, Патријаршијата на Грузија ги негирала овие гласини[10].

УПЦ-КП, исто така, има епархија на Фалешти и Источна Молдавија предводена од поранешниот епископ на РПЦ Филарет (Панку) и Православна епархија на Париз и цела Франција предводена од Митрополитот Михаил (Филип) Ларош.

Пред руската воена интервенција во Украина во 2014 година, најголем дел од православните верници во Украина не сакале да избираат помеѓу УПЦ-КП и УПЦ-МП[3][11]. Но, според Центарот „Разумков“, меѓу 27,8 милиони украински членови на православните цркви, верноста на Киевската патријаршија пораснала од 12% во 2000 на 25% во 2016 година и голем дел од растот потекнува од верници кои претходно не ја поддржувале патријаршијата[3][11]. Од 2014 до 2018 година околу 60 московски патријаршиски парохии се префрлиле кон Киевската патријаршија, раководството на Московската патријаршија изјавила дека истите се нелегални[12]. Во април 2018 година Московската патријаршија имала 12.300 парохии, додека Киевската имала 5.100[12].

Патријарх на Киев
Мстислав
Владимир
Филарет
ліворуч
1990
1993
1993
1995
1995
денес

Институции

[уреди | уреди извор]
  • Светиот Синод на УПЦ-КП
    • Синодот се состои од Патријархот и неговите шест постојани членови, претставници на Галиција, Волин, Киев, Јужна Украина, Источна Украина и рускиот граничен регион Билхород (локално како Белгород). Синодот, исто така, има три привремени членови, кои се претставени од епархиски архиепископи. Постојаните членови ги избира Собранието на Архиепископот на кое е одговорен Синодот.
  • Архиепископско Собрание
    • Собранието се одржува најмалку еднаш во две години и е иницирано од Патријархот и Светиот Синод. Членовите на собранието ги сочинуваат сите архиепископи, како и членовите на Врховниот црковен совет. Вонредна седница на собранието може да се закаже или од Патријархот или од 1/3 од сите архиепископи на УПЦ-КП. На седниците на Собранието може да бидат поканети некои гости без право на глас.
  • Локално собрание
    • Највисока институција на црковната администрација. Сите црковни законодавни, извршни и правни овластувања припаѓаат на тоа собрание.

Приврзаници

[уреди | уреди извор]

Во 2000 година, 21,8%, од 41,2% кои јасно ја прифаќале верноста кон црквата, се придржувале кон УПЦ-КП[13]. Според анкетата спроведена од центарот Разумков во 2006 година, 14,9% од украинското население изјавило дека припаѓа на УПЦ-КП[14]. Во 2013 година, 18,3% од Украинците се придржувале кон УПЦ-КП, растејќи на 22,4% во април 2014 година[15]. Според Центарот Разумков, верноста кон Киевската патријаршија пораснала од 12% во 2000 година на 25% во 2016 година.

Приврзаници на УПЦ-КП во Украина, со исклучок на Крим и делови на Донбас контролирани од милитантите:

Дата Процент Навод
мај-јуни 2016 33% [16]
јуни-јули 2017 44% [17]
  1. Опитування Kantar TNS (2016)
  2. „Ukraine“. The CIA World Factbook. Архивирано од изворникот на 2016-07-09. Посетено на 2018-05-29. According to the CIA World Factbook, 19% of the Ukrainian population associated themselves with the Ukrainian Orthodox Church – Kyiv Patriarchate (cf. Orthodox (no particular jurisdiction) 16%, Ukrainian Orthodox – Moscow Patriarchate 9%, Ukrainian Greek Catholic 6%, Ukrainian Autocephalous Orthodox 1.7%).
  3. 3,0 3,1 3,2 COYLE, JAMES J. (April 24, 2018). „Ukraine May Be Getting Its Own Church, but Not as Fast as Poroshenko Thinks“. Atlantic Council. According to the Razumkov Center, among the 27.8 million Ukrainian members of Orthodox churches, allegiance to the Kyiv Patriarchate has grown from 12 percent in 2000 to 25 percent in 2016. Much of the growth has come from believers who previously did not associate with either patriarchate.
  4. „Ukrainian Orthodox Church of the Kyivan Patriarchate“ Українська Православна Церква Київського Патріархату. Religious Information Service of Ukraine (украински). Архивирано од изворникот на 3 November 2010. Посетено на 2008-01-13. Неважечки |script-title=: missing prefix (help)
  5. [1][мртва врска]
  6. „Resolutions of the Hierarchical Sobor of the Ukrainian Orthodox Church Kyivan Patriarchate“. BRAMA. BRAMA, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-11-24. Посетено на 23 November 2016.
  7. „UOC-U.S.A. responds to patriarch's visit“. The Ukrainian Weekly. Архивирано од изворникот на 2020-12-26. Посетено на 23 November 2016.
  8. „У Російській церкві першим є президент, а не патріарх“. Club-tourist. Посетено на 2016-11-24.
  9. „В Киеве в храме Рождества Христова открыт первый грузинский приход - Интересный Киев“. Интересный Киев (руски). 2006-02-21. Посетено на 2016-11-24.[мртва врска]
  10. „Грузинская Патриархия опровергла информацию о признании "Киевского Патриархата" и разоблачила своих раскольников“ [The Patriarchate of Georgia denied rumors about recognition of "Kyivan patriatchate" and exposed its ows schismatics]. Press service of the Ukrainian Orthodox Church (руски). Department for External Church Relations of the Russian Orthodox Church. 2006-01-25. Архивирано од изворникот на 2016-11-25. Посетено на 2016-11-24.
  11. 11,0 11,1 Daniel, McLaughlin (24 April 2018). „Ukraine seeks church independence to bolster stand against Russia“. Irish Times.
    „Ukrainian Lawmakers Back President's Move To Obtain Autocephalous Status For Orthodox Church“. Radio Free Europe. 19 April 2018.
  12. 12,0 12,1 Rudenko, Olga (4 April 2018). „Ukrainian Orthodox switch allegiance from Moscow to Kyiv-linked churches“. National Catholic Reporter.[мртва врска]
  13. Shangina, Lyudmila (23 September 2000). „НАРОД ЗОЛОТОЇ СЕРЕДИНИ-2: ЯК МИ ВІРИМО“ [People of the Golden Center-2: How We Believe]. Dzerkalo Tyzhnya (украински). Razumkov Centre. Посетено на 2008-01-13.
  14. „Віруючим якої церкви, конфесії Ви себе вважаєте?“ [What religious group do you belong to?] (украински). Razumkov Centre. 2006. Архивирано од изворникот на 2014-04-08. Посетено на 2018-05-29.
  15. Trach, Nataliya (23 January 2015). „Ukrainians shun Moscow Patriarchate as Russia's war intensifies in Donbas“. Kyiv Post.
  16. „Public Opinion Survey: Residents of Ukraine May 28–June 14, 2016“ (PDF). International Republican Institute. 8 July 2016. стр. 62.
  17. „Public Opinion Survey of Residents of Ukraine June 9 – July 7, 2017“ (PDF). iri.org. 22 August 2017. стр. 77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-08-22. Посетено на 2018-05-29.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]