Томас Хенри Хаксли (анг.Thomas Henry Huxley; 4 мај1825 — 29 јуни1895) бил англиски зоолог, популаризатор на науката и заштитник на еволуционата теорија на Чарлс Дарвин (за своите жестоки полемики го добил прекарот „булдогот на Дарвин“). Член (од 1883 до 1885 претседател) на Кралското друштво. Во 1890 година е награден со почесниот Линеов медал за продолжување на линеовите традиции во современата биологија.
Неговите полиња на интерес биле поврзани со споредбената анатомија и можностите за нивна еволуциона интерпретација. Најдобро е познат по неговите дебати со Ричард Овен по прашањето за степенот на анатомска блискост на човеколиките мајмуни и човекот (илустрацијата од неговата работа за местото на човекот во природата долго време останала популарен симбол за дарвиновата теорија и прототип за многу слични илустрации и карикатури). Томас Хаксли ја бранел независноста на професионалната наука, изградена врз принципите на материјализмот. За да го опише својот однос кон господаречкото религиозно верување, тој го вовел поимот агностицизам.