Вилијам Крукс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вилијам Крукс

Вилијам Крукс роден на 17 јуни 1832 во Лондон, Англија, починал 4 април 1919 во Лондон, Англија.[1] Негово поле на дејствување физика и хемија, познат по откривањето на талиумот.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Физичарот и хемичарот Вилијам Крукс освен што ги пронашол вакуумските цевки што го носат неговото име, тој извршил уште две други важни откритија. Во 1861г. го открил елементот талиум, а во 1895г. го идентификувал првиот познат примерок хелиум. Како и многу други научници од негово време, Крукс бил познат по својата верба во спиритуализмот. Бил член на Кралското здружение, а прогласен е за витез во 1897г.[1] Во 1875 г. Крукс успеал да направи цевки со подобар вакуум отколку Гајслеровите цевки, а неговата цевка – Круксовата цевка, станала стандардна алатка за испитување на катодните зраци. Крукс открил дека кога ќе ставел тркало со пропелери меѓу електродите, зраците можеле да ги вртат перките. Од ова заклучил дека зраците се струја од честички. Тој експериментирал со празнење на електрични полнења низ гасови при многу ниски притисоци во стаклените цевки. Круксовите цевки покажуваат празнења низ воздухот при различни притисоци.[1] Сер Вилијам Крукс докажал дека катодните зраци постојат, со изработка на првите верзии на цевка со катодни зраци. Без нив, откривањето на икс-зраците би било невозможно.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Општа наука (Енциклопедија за секое семејство и дом) – Младинска книга Скопје. Главен уредник Адам Харт-Дејвис.