Прејди на содржината

Список на претседатели на Кралското друштво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Кралското друштво

Претседател на Кралското друштво (англиски: President of the Royal Society, PRS) — лице кое стои на чело на Кралското друштво во Лондон и (академијатата на науките на Британија) и претседава со состаноците на неговиот совет.

По една неформална средба, Кралското друштво е основано на 28 ноември 1660 г. од група научни дејци, со замисла да се создаде „друштво за унапредување на физичко-математичките опитни изучувања“,[1] На 15 јули 1662 г. друштвото добило кралска повелба, со што е признаен неговиот статут.[2] Во основачкиот документ се вели дека прв претеседател на друштвото ќе биде Вилијам Браункер, а дека секој понатамошен претседател, по потреба, ќе се бира на денот на годишното собрание на Андреевден (30 ноември) — годишнина на друштвото.

Должностите на претседателот се опишани во втората кралска повелба, иако истата не пропишува колку време лицето може да се задржи на функцијата. Ова се должело на тоа што лицата се бирале според нивната имотна состојба и влијателност како начин на обезбедување средства. Кон средината на XIX век е решено дека претседателите мора да се бираат само на основа на научна заслуга. Почнувајќи од 1870-те е воведен обичај секој претседател да служи по пет години (со неколку исклучоци), што е горната граница на службување согласно тековниот статут на друштвото.[3]

Претседателот има службена и друштвена улога. Во минатото бил главен (но неформален) советник на владата по научни прашања. Има улога на домаќин при посета на државни и научни делегации или поединци од странство.[4]

Новоизрбраниот претседател стапува должност на годишнината на друштвото (30 ноември) или првиот работен ден по неа.[5]

Список на претседатели

[уреди | уреди извор]
СлужелИме и презимеЗанимање
1662–1677Вилијам Браункерматематичар
1677–1680Џозеф Вилијамсончиновник и политичар
1680–1682Кристофер Ренархитект, астроном и физичар
1682–1683Џон Хоскинсадвокат
1683–1684Сирил Вичадвокат, политичар
1684–1686Семјуел Пипсморнарички чиновник и пратеник
1686–1689Џон Вонполитичар
1689–1690Томас Хербертполитичар
1690–1695Роберт Саутвелдипломат
1695–1698Чарлс Монтагјупоет и државник
1698–1703Џон Сомерсправник и државник
1703–1727Исак Њутнфизичар, математичар, астроном и природонаучник
1727–1741Ханс Слоунлекар и собирач
1741–1752Мартин Фолксстаринар
1752–1764Џорџ Паркерастроном
1764–1768Џејмс Дагласастроном благородник-пратеник
1768-1768Џејмс Бароуправен известувач
1768–1772Џејмс Вестполитичар и старинар
1772-1772Џејмс Бароуправен известувач
1772–1778Џон Прингллекар
1778–1820Џозеф Бенксприродонаучник и ботаничар
1820-1820Вилијам Хајд Воластонхемичар
1820–1827Хамфри Дејвихемичар и пронаоѓач
1827–1830Дејвис Гилбертинженер, писател и политичар
1830–1838Принц Август ФредерикВојвода од Сасекс, шести син на кралот Џорџ III
1838–1848Спенсер Комптонблагородник
1848–1854Вилијам Парсонсастроном
1854–1858Џон Ротслиастроном
1858–1861Бенџамин Колинс Бродифизиолог и хирург
1861–1871Едвард Себајнастроном, геофизичар, орнитолог и истражувач
1871–1873Џорџ Бидел Ериматематичар и астроном
1873–1878Џозеф Далтон Хукерботаничар и истражувач
1878–1883Вилијам Спотисвудматематичар и физичар
1883–1885Томас Хакслибиолог
1885–1890Џорџ Стоуксматематичар и физичар
1890–1895Вилијам Томсон Келвинматематички физичар
1895–1900Џозеф Листерхирург
1900–1905Вилијам Хагинсастроном
1905–1908Џон Стратфизичар
1908–1913Арчибалд Гејкигеолог и писател
1913–1915Вилијам Круксхемичар и физичар
1915–1920Џозеф Џон Томсонфизичар
1920–1925Чарлс Скот Шерингтонневрофизиолог, хистолог, бактериолог и патолог
1925–1930Ернест Радерфордфизичар и хемичар
1930–1935Фредрик Гоуленд Хопкинсбиофизичар
1935–1940Вилијам Хенри Брегфизичар, хемичар и математичар
1940–1945Хенри Халет Дејлфармаколог и физиолог
1945–1950Роберт Робинсоноргански хемичар
1950–1955Едгар Адријанелектрофизиолог
1955–1960Сирил Норман Хиншелвудфизички хемичар
1960–1965Хауард Флорифармаколог и патолог
1965–1970Патрик Блекетфизичар
1970–1975Алан Хоџкинфизиолог и биофизичар
1975–1980Александар Тодбиохемичар
1980–1985Ендру Хакслифизиолог и биофизичар
1985–1990Џорџ Портерхемичар
1990–1995Мајкл Атијаматематичар
1995–2000Арон Клугхемичар и биофизичар
2000–2005Роберт Мејматематички биолог
2005–2010Мартин Рискосмолог и астрофизичар
2010–2015Пол Нерсгенетичар и цитолог
2015–presentВенкатраман Рамакришнанбиофизичар
  1. „History of the Royal Society“.
  2. The Royal Society. „Royal Charters“. Посетено на 14 март 2012.
  3. „The role of President of the Royal Society“. The Royal Society. Архивирано од изворникот на 9 јуни 2008. Посетено на 6 декември 2009.
  4. „The Presidency of the Royal Society of London“. Science. American Association for the Advancement of Science. 6 (146): 442–3. 1885. Bibcode:1885Sci.....6..442.. doi:10.1126/science.ns-6.146.442. PMID 17749567.
  5. „The Role of President of the Royal Society“. The Royal Society. 2008. Посетено на 2 април 2008.
Литература
  • „Presidents of the Royal Society (1662–2006)“. Oxford Dictionary of National Biography. Oxford University Press. 2004.