Томас Хаксли


Томас Хенри Хаксли (анг. Thomas Henry Huxley; 4 мај 1825 — 29 јуни 1895) бил англиски зоолог, популаризатор на науката и заштитник на еволуционата теорија на Чарлс Дарвин (за своите жестоки полемики го добил прекарот „булдогот на Дарвин“). Член (од 1883 до 1885 претседател) на Кралското друштво. Во 1890 година е награден со почесниот Линеов медал за продолжување на линеовите традиции во современата биологија.
Работа
[уреди | уреди извор]Неговите полиња на интерес биле поврзани со споредбената анатомија и можностите за нивна еволуциона интерпретација. Најдобро е познат по неговите дебати со Ричард Овен по прашањето за степенот на анатомска блискост на човеколиките мајмуни и човекот (илустрацијата од неговата работа за местото на човекот во природата долго време останала популарен симбол за дарвиновата теорија и прототип за многу слични илустрации и карикатури). Томас Хаксли ја бранел независноста на професионалната наука, изградена врз принципите на материјализмот. За да го опише својот однос кон господаречкото религиозно верување, тој го вовел поимот агностицизам.
Семејство
[уреди | уреди извор]Хаксли бил основач на цела династија од видни англиски учени и културни дејатели. Негови внуци биле писателот Олдос Хаксли, сер Џулијан Хаксли (познат еволуциски биолог, првиот директор на УНЕСКО и основач на Светскиот фонд за дивата природа) и сер Ендрју Хаксли (физиолог и Нобеловски лауреат).
Награди
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- The Huxley File at Clark University
- Thomas Henry Huxley; A Sketch of his Life and Work, by P. Chalmers Mitchell, 1900, from Project Gutenberg
- An examination of the evidence for what was really said by Wilberforce and Huxley in the 1860 debate on Darwinism. Архивирано на 10 април 2011 г.
| ||||||||||||||||||||||
|
- Англиски биолози
- Еволуционисти
- Членови на Кралското друштво
- Претседатели на Кралското друштво
- Родени во 1825 година
- Починати во 1895 година
- Носители на Коплиевиот медал
- Носители на Кралскиот медал
- Дописни членови на Петербуршката академија на науките
- Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките
- Апсолвенти на Универзитетскиот колеџ во Лондон
- Членови на Кралската шведска академија на науките
- Членови на Пруската академија на науките
- Членови на Гетингенската академија на науките
- Дописни членови на Руската академија на науките
- Членови на Линеевското друштво во Лондон