Споменик на Христо Узунов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Споменик на Христо Узунов
Општи податоци
Видспоменик, статуа
МестоЦентар
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија
Отворена2013
Трошок за изградба264.000 евра
16.263.000 ден.
СопственикМинистерство за култура
Проектирање и изградба
АрхитектСокол Цфарку

Споменик на Христо Узунов — споменик кој е поставен на локацијата позната како „Ловец“ во центарот на Скопје. Споменикот бил поставен како дел од т.н. проект Скопје 2014.[1]

Овој споменик е направен во чест на истоимениот македонски учител, војвода и реонски началник на четите на македонската револуционерна организација во Охридскиот револуционерен округ.

На конкурсот што го распиша општина Центар за идејно решение на паметникот се јавиле 25 автори. Прва награда од 200.000 денари добил Сокол Цфарку, втора од 120.000 денари - Ангел Коруновски, а трета од 60.000 денари - Билјана Алексоска Треневска.

Спомен-обележјето е поставено во раните утрински часови на осми април 2013 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Христо Узунов :: Скопје 2014 под лупа“. skopje2014.prizma.birn.eu.com. Посетено на 2023-05-17.