Споменик на Павел Шатев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Споменик на Павел Шатев
Општи податоци
Видспоменик, статуа
Местопред Порта „Македонија“
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија
Отворена2013
Трошок за изградба242.000 евра
14.893.000 ден.
СопственикМинистерство за култура
Проектирање и изградба
АрхитектМиле Брцески

Споменик на Павел Шатев — споменик кој се наоѓа пред Порта „Македонија“ во Скопје, Македонија. Споменикот бил поставен како дел од т.н. проект Скопје 2014.[1]

Излеан е во бронза, на иницијатива на Министерството за култура и со одлука на Советот на општина Центар во 2011 година.

На конкурсот што општина Центар го распишува за една недела по одлуката за подигање на овој споменик, пристигнале 15 трудови. Првата награда од 200.000 денари ја добил Миле Брцески, втората награда од 120.000 денари ја добил Сретко Јовановски и третата награда од 60.000 денари - Ангел Коруновски.

Споменикот е поставен веднаш по локалните избори во 2013 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Павел Шатев :: Скопје 2014 под лупа“. skopje2014.prizma.birn.eu.com. Посетено на 2023-05-17.