Саболч-Сатмар-Берег

Од Википедија — слободната енциклопедија
Саболч-Сатмар-Берег
Szabolcs-Szatmár-Bereg megye
Регион Голема северна котлина
Административен центар Њиреѓхаза
Површина 5.936,45 км2
Население 571.018 (2008)
Густина на населението 96,1 /км2
Број на населени места 229
Портал

Саболч-Сатмар-Берег (унгарски: Szabolcs-Szatmár-Bereg) е административен округ (унгарски: megye) во североисточна Унгарија, кој граничи со Словачка, Украина и Романија. Неговите граници исто така ги дели и со унгарските окрузи Хајду-Бихар и Боршод-Абауј-Земплен. Главен административен центар на округот е Њиреѓхаза.

Округот бил создаден после Втората светска војна од претходно постоечките окрузи Сатмар-Угоша-Берег и Саболч. Пред 1991 година, округот се викал Саболч-Сатмар.

Историја[уреди | уреди извор]

Многуте населби, кои биле основани од страна на Унгарците на овие простори, во голема мера биле уништени од страна на Монголците за време на нивната инвазија на регионот во 1241 година. Закрепнувањето на населбите траеле со децении, а добар пример за тоа е градот Њиреѓхаза. Не долго по нападот на Монголците и стабилизацијата на регионот, се случиле и отоманските освојувања на просторот на Панонската Низина. Отоманскиот период во Унгарија и не ги погодил многу овие краеви и денеска постојат многу стари објекти од тие и постари времиња. Еден од таквите е познатата црква Чарода, изградена во романски стил, во која има фрески кои датираат дури од XIII век. Исто така тука спаѓаат и средновековните цркви во Њирбатор кои се целосно зачувани.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]