Ноград

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ноград
Nógrád megye
Грб на округот
NogradCounty.gif
Регион Северна Унгарија
Административен центар Шалготарјан
Површина 2.544,18 км2
Население 210.182 (2008)
Густина на населението 82,6 /км2
Број на населени места 131
Веб страница www.nograd.hu/
 Унгарија

Ноград (унгарски: Nógrád) е еден од 19те окрузи на Унгарија. Ноград се наоѓа во северна Унгарија. Своите граници ги дели со Словачка и унгарските окрузи Пешта, Хевеш, Боршод-Абауј-Земплен . Главен административен центар на округот е Шалготарјан. Површината изнесува 2544 км2.

Поглед од Салго замокот во северен Ноград.

Ноград е познат по неговата историска архитектура, која ги вклучува античките готски цркви и камените замоци кои датираат од 13 век. Други историски атракции се и барок зградите кои се изградени во 18 век.[1] Поголемиот дел од северната граница на округот ја формира реката Иполи. Делови од планиниските вериги Борсони, Черхат и Матра лежат во округот.

Поради планините, округот се карактеризира со мали селцат кои се сместени во ридовите. Најголемите градски населби во округот се Баласѓармат, поранешната столица на округот и Шалготарјан кој станал индустриски центар во раниот 20 век, како резултат на ближните рудници.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


35п| Окрузи на Унгарија
Бач-Кишкун  •  Барања  •  Бекеш  •  Боршод-Абауј-Земплен  •  Чонград  •  Фејер  •  Ѓер-Мошон-Шопрон  •  Хајду-Бихар  •  Хевеш  •  Јас-Наѓкун-Солнок  •  Комаром-Естергом  •  Ноград  •  Пешта  •  Шомоѓ  •  Саболч-Сатмар-Берег  •  Толна  •  Ваш  •  Веспрем  •  Зала  •  Фотографии
 

Координати: 48°00′ N; 19°34′ E / 48.00° N; 19.57° E / 48.00; 19.57