Ромен Гари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ромен Гари
Роден Роман Кацев [1]
21 мај 1914
Вилнус, Руско Царство
(денес Литванија)
Починал 2 декември 1980
Париз, Франција
Псевдоним Ромен Гари
Емил Ажар[2][3]
Занимање дипломат, пилот, писател
Националност Французин
Државјанство Франција
Образование Право
Високо образование Екс ан Прованс
Жанр романописец
Значајни дела Les racines du ciel
''La vie devant soi'' (како Емил Ажар)
Значајни награди Гонкур (1956 и 1975)
Сопружник Лесли Блан (1944–1961)
Џин Сијберг (1962–1970)
Деца 1

Икона за портал Портал: „Книжевност

Ромен Гари (француски: Romain Gary, роден на 21 мај 1914 во Вилнус - починал на 2 декември 1980 во Париз) — француски писател од руско-еврејско потекло, кинорежисер и дипломат. Тој е единствениот двократен добитник на престижната книжевна награда „Гонкур“, и тоа во 1956 година под псевдонимот Ромен Гери и втор пат во 1975 година, како Емил Ажар.

Рани години[уреди | уреди извор]

Роман Кацев е роден на 8 мај 1914 година во градот Вилнус, на територијата на Руското Царство.[1][4]. Мајка на идниот писател била глумицата актерка Нина Овчинскаја[1][5]. Таа емигрирала со него во Варшава, кога бил на три години. Неговиот татко, кој исто така бил евреин[6][7], го напуштил своето семејство во 1925 година и се оженил повторно. За свој вистински татко Ромен го смета Иван Мосжухин, ѕвезда на руското кино. Во 1928 година заедно со својата мајка заминале во градот Ница, Франција. Ромен започнал со студирање право во Екс ан Прованс и во Париз.

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 1938 служел во авијацијата, и се приклучил кон Слободна Франција во 1940 година служејќи во Слободните воздушни сили на Франција. Војувал како пилот во Европа и Африка. Во текот на војната морал да емигрира во Велика Британија каде се приклучил во француската војска, во формацијата на Шарл де Гол. По војната се вратил во Франција и бил поканет да стане дипломат. Првото дипломатско назначување било во Бугарија[8], престојувал во Романија, Швајцарија, САД, Боливија. Од 1957 година до 1961 година бил главен конзул во Лос Анџелес[8].

Литературна кариера[уреди | уреди извор]

Односите на Гари со неговата мајка се опишани во романот „La Promesse de l'aube“ („Ветување на зората“) (1960). Мајката отсекогаш сакала нејзинот син да стане амбасадор, кавалер на орденот на Легијата на честа, голем актер во драма на Хенрик Ибзен, да се облекува по модата во Лондон. Нејзините соништа во голема мера се случиле бидејќи Ромен Гари станал генерален конзул на Франција, кавалер на Орденот на Легијата на честа, се движел во високото општество и се стекнал со литературна слава. Во 1945 година го објавил својот прв роман „Европско воспитување“. Ромен многу бргу станал еден од најпопуларните писатели во Франција. Во 1956 година за романот „Корените на небото“ ја добил наградата „Гонкур“.

Ромен Гари има вкус кон мистификацијата и книжевните псевдоними. Тој се потпишувал на романите со различни псевдоними, а главните псевдоними кои ги користел биле Ромен Гари и Емил Ажар. Тој започнал да издава и криминално-политички романи, како „Les Têtes de Stéphanie“ под псевдонимот Сатан Богат и сатирична алегорија „L'Homme à la colombe“ („Човекот со гулабот“) под името Фоско Синибалди .

Откако во 1974 година направил сензација со својот прв роман под псевдонимот Емил Ажар, француската литературна критика направила бројни претпоставки кој стои зад псевдонимот, и како првичните „сомничени“ биле Луј Арагон и Ремон Кено. Подоцна започнале да се лансираат претпоставки дека Ажар е всушност Ромен Гари, но Гари категорично ги отфрлал. Така со добиената награда во 1975 година „Гонкур“ за романот „Животот пред тебе“, станал единствениот писател, двократен добитник на наградата, која инаку по регулатива се доделува само еднаш во животот.

Семеен живот[уреди | уреди извор]

Ромен Гари се оженил со писателката Лесли Блан и со американската актерка Џин Сијберг со кои последователно се разделил. Година по разводот со последната (во септември 1979 година) тој направил обид за самоубиство. Депресивен поради старост, Ромен си испукал куршум во устата на 2 декември 1980 година. Вистината за неговата литературна реинкарнација на површина избила околу половина година по неговата смрт, на 30 јуни 1981 година, кога неговиот син и издавач решиле да ја објават неговата претсмртна исповед „Животот и смртта на Емил Ажар“, напишана на 21 март 1979 година. Во неа, тој пишува: „Се може да се објасни со депресија. Но во мојот случај, треба да се има предвид дека таа продолжува откако сум возрасен човек, и токму тоа ми помогна да станам познат писател и добро се забавував. Благодарам и збогум! ...“

Некои од неговите книги биле екранизирани: Clair de femme („Сјај на жената“) (1979) и „La vie devant soi“ („Животот пред тебе“) (1977).

Библиографија[уреди | уреди извор]

Под името Роман Кацев[уреди | уреди извор]

  • Le vin des morts (1937)

Под псевдонимот Ромен Гари[уреди | уреди извор]

  • Éducation européenne (1945)
  • Tulipe (1946)
  • Le Grand Vestiaire (1949)
  • Les Couleurs du jour (1952)
  • Les Racines du ciel (1956)
  • La Promesse de l'aube (1960)
  • Johnie Cœur (1961)
  • Gloire à nos illustres pionniers (1962)
  • Lady L. (1963)
  • The Ski Bum (1965)
  • Pour Sganarelle (Frère Océan 1) (1965)
  • Les Mangeurs d'étoiles (La Comédie américaine 1) (1966)
  • La Danse de Gengis Cohn (Frère Océan 2) (1967)
  • La Tête coupable (Frère Océan 3) (1968)
  • Adieu Gary Cooper (La Comédie américaine 2) (1969)
  • Chien blanc (1970)
  • Les Trésors de la Mer Rouge (1971)
  • Europa (1972)
  • Les Enchanteurs (1973)
  • La nuit sera calme (1974)
  • Au-delà de cette limite votre ticket n'est plus valable (1975)
  • Clair de femme (1977)
  • Charge d'âme (1977)
  • La Bonne Moitié (1979)
  • Les Clowns lyriques (1979)
  • Les Cerfs-volants (1980)
  • Vie et mort d'Emile Ajar (1981)
  • L'Homme à la colombe (1984)
  • Le sense de ma vie (2014)

Под псевдонимот Емил Ажар[уреди | уреди извор]

  • Gros-Câlin (1974)
  • La Vie devant soi (1975)
  • Pseudo (1976)
  • L'Angoisse du roi Salomon (1979)

Под псевдонимот Фоско Синибалди[уреди | уреди извор]

  • L'Homme à la colombe (1958)

Под псевдонимот Сатан Богат[уреди | уреди извор]

  • Les Têtes de Stéphanie (1974)

Филмови[уреди | уреди извор]

  • Lady L (1965) [9]
  • Les oiseaux vont mourir au Pérou (1968) [10]
  • Kill (1971) [11]

За него[уреди | уреди извор]

  • Nancy Huston, „Tombeau de Romain Gary“ (1997)
  • Myriam Anissimov, „Romain Gary, le caméléon“ (2004)
  • Cahier de l'Herne, „Romain Gary“ (2005)
  • Carine Marret, „Romain Gary – Promenade à Nice“ (2010)
Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: