Ревматоиден артритис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ревматоиден артритис
Rheumatoid Arthritis.JPG
Дланка со ревматоиден артристис.
Класификација и надворешни извори
МКБ-10 M05-M06
МКБ-9 714
OMIM 180300
DiseasesDB 11506
MedlinePlus 000431
eMedicine article/331715 article/1266195 article/305417 article/401271 article/335186 article/808419
MeSH D001172

Ревматоидниот артритис е хронична и прогресивна автоимуна болест која предизвикува воспаление, болка, оток и вкочанетост на зглобовите и ткивата околу зглобовите, како и ограничување на движењето и функцијата на различни зглобови.

Опис на болеста и симптоми[уреди | уреди извор]

Воспалението почнува во зглобната мембрана која го штити зглобот, обезбедува исхрана за 'рскавицата и ја создава зглобната течност. Во светот, од оваа болест страда 1% од населението при што односот меѓу жените и мажите е 3:1. Постојат два вида артритис: ран, каде симптомите траат помалку од три месеци, и дијагностициран ревматоиден артритис со симптоми на инфламација и отекување на зглобовите.[1]
Најчести главни симптоми се болката и вкочанетоста на зафатениот зглоб. Вкочанетоста кај активниот ревматоиден артритис типично се влошува наутро, но може да се појави било кога и да трае од еден до два часа, па и цел ден. Други симптоми кои се појавуваат кај ревматоидниот артритис се:[2]

Причини за појава[уреди | уреди извор]

Имунолошкиот систем создава антитела кои служат за одбрана од бактерии, вируси и други микроорганизми. Кај луѓето со ревматоиден артритис формираните антитела го напаѓаат синовиумот (ткиво кое го обвиткува секој зглоб) при што настанува воспаление околу зглобот. Пушењето цигари и пиењето повеќе од три кафиња на ден, исто така, го зголемува ризикот од појава на ревматоиден артритис. Истражувачите уште немаат пронајдено јасни податоци кои ќе покажат постоење на наследни гени што предизвикуваат ревматоиден артритис, но се верува дека се наследува предиспозиција за заболувања од ревматоиден артритис, но тоа не значи дека болеста е наследна. Кај луѓе кои наследиле таква предиспозираност, поголема е веројатноста некои надворешни фактори, како инфекција или стрес да ја предизвикаат појавата на болеста.[3]

Зафатени зглобови[уреди | уреди извор]

Најчесто зафатени зглобови се малите зглобови на прстите, палците, рачните зглобови, стапалата и глуждовите. Меѓутоа може да биде зафатен и било кој друг зглоб, исто така и колената се често зафатени. Кај одредени луѓе можат да бидат зафатени само мал број на зглобови, а кај други со воспаление можат да бидат заатени голем број на зглобови. Артритисот најчесто е симетричен, т.е. ако е зафатен еден зглоб на левата рака, исто така е зафатен и истиот зглоб на другата рака.[4]

Рентгенска снимка на дланка со ревматоиден артритис

Развој и тек[уреди | уреди извор]

Во повеќето случаи симптомите се развиваат постепено, во тек на неколку недели. Може да се случи појава на вкочанетост на рацете, прстите или табаните на нозете наутро и тоа да трае половина ден. Тоа може да се појави и да се смири за одредено време, но понатаму станува редовна практика. Потоа се забележува и појава на болка и оток во истите зглобови.

Дијагностицирање на болеста[уреди | уреди извор]

Не постои единствен тест со кој јасно се дијагностицира ревматоидниот артритис. Кога најпрво ќе се развие зглобната болка, тешко е да се каже дека дефинитивно станува збор за ревматоиден артритис, бидејќи постојат многу други причини за појава на болка во зглобовите. Крвните тестови можат да препознаат воспаление, карактеристични антитела и анемија. Сепак потребна е консултација со лекар-ревматолог кој може да потврди дали станува збор за болеста.

Лекување[уреди | уреди извор]

Третманот на овој артиртис е индивидуален и вклучува комбинација на лекови, одмор и вежби. Најчесто користен лек со кој започнува терапијата на ревматоидниот артритис е метотрексат, важно е болните со ревматоиден артритис е терапијата редовно да ја земаат, независно од видот на цената на терапијата. Болките во зглобовите може да се намалат со практикување лесни вежби за истегнување, со цел да се зацврстат мускулите (пливање или аеробик). Треба да се избегнуваат тешки и напорни вежби кои само можат да ја влошат состојбата на зглобовите или да предизвикаат повреди.[5]

Исхрана за болеста[уреди | уреди извор]

Оптималната исхрана за лица со ревматоиден артритис вклучува изобилство на зеленчук, интегрална храна и растителни влакна. Намалувањето или елиминирањето на внесот на производи од животинско потекло, рафинирани јагленихидрати, заситени масти и тутун ги намалуваат симптомите. Заситените масти го зголемуваат воспалението на телото и предизвикуваат болка, оток и оштетувања на зглобовите. За да се намали воспалението се препорачува конзумирање на многу овошје и зеленчук кои се богати со антиоксиданси. Богати извори на антиоксиданси се: јаболко, цвекло, брокула, боровница, малина, портокал, црно грозје, спанаќ и јагоди. Зелениот чај е уште еден богат извор на антиоксиданси и се проучува за спречување и за намалување на болеста.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ревматоиден артритис - ревматолошките заболувања земаат замав“, Здравје, понеделник, 13 октомври 2014, стр. 18.
  2. „Ревматоиден артритис - ревматолошките заболувања земаат замав“, Здравје, понеделник, 13 октомври 2014, стр. 18.
  3. „Ревматоиден артритис - ревматолошките заболувања земаат замав“, Здравје, понеделник, 13 октомври 2014, стр. 18.
  4. „Ревматоиден артритис - ревматолошките заболувања земаат замав“, Здравје, понеделник, 13 октомври 2014, стр. 18.
  5. „Ревматоиден артритис - ревматолошките заболувања земаат замав“, Здравје, понеделник, 13 октомври 2014, стр. 18.