Системски лупус еритематозус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Системски лупус
Butterflyrash.jpg
Цртеж на типичен пеперуткин исип кај жена со СЛЕ
Класификација и надворешни извори
Специјалност имунологија, Ревматологија[*]
МКБ-10 M32
МКБ-9 710.0
OMIM 152700
DiseasesDB 12782
MedlinePlus 000435
eMedicine med/2228 emerg/564
MeSH D008180
Esculaap4.svg     Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).



Системски лупус еритематозус, честопати скратено и како СЛЕ или лупус е автоимуна болест на сврзното ткиво која што може да го зафати секој дел од телот. Како што е случајот и кај другите автоимуни болести, имуниот систем ги напаѓа сопствените клетки и ткива водејќи до воспаление и ткивно оштетување.[1] Претставува реакција на преосетливост од тип 2[2] и тип 3 во која парови од антитело-антиген (имуни комплекси преципитираат и предизвикуваат додатна имуна реакција.

СЛЕ најчесто ги оштетува срцето, зглобовите, кожата, белите дробови, крвните садови, црниот дроб, бубрезите и централниот нервен систем. Текот на болеста е нпредвидлив, со периоди на влошувања и повлекувања. Болеста се појавува деветпати почесто во жени наспроти мажи, особено во жени во репродуктивна возраст меѓу 15 и 35 години, а е истотака почеста и кај тие од неевропско потекло.[2][3]

Терапија[уреди | уреди извор]

Нема дефинитивен лек за СЛЕ. Таа се лекува со имуносупресија, најмногу со циклофосфамид, кортикостероиди и други имуносупресивни лекови. СЛЕ може да биде смртоносна. Водечката причина за смрт е од кардиоваскуларна болест заради забрзана атеросклероза. Преживувањето на луѓето со СЛЕ во САД, Канада и Европа е пораснато до околу 95% по пет години, 90% по 10 години и 78% по 20 години од почетокот на болеста.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Лупус е латински збор за волк. Во 18 век, кога лупусот почнал да се препознава како болест, се мислело дека е предизвикан од загриз на волк.[4] Ова можеби е заради карактерисичното црвенило кое се јавува на лицето заради болеста.

Симптоми[уреди | уреди извор]

Некои симптоми не наведуваат на лупус(жива рана) ,но специфичните симптоми укажуваат на постоењето на лупусот .

  • Изразена слабост ,малку покачена температура и силна болка во мускулите и зглобовите ,
  • Испност на кожата на лицето и телото ,
  • Особено силно изразена чувствителност на сонце ,
  • Губење тежина ,душевна изгубеност ,болки во градите при длабоко дишење ,
  • Чиреви во носот ,устата и грлото ,
  • Зголемени лимфни јазли ,
  • Слаб проток на крвта во прстите на рацете и нозете ,
  • Оголени делови на кожата ,
  • Измената боја на урината или зачестено и отежнато мокрење .
Систематски еритематозен лупус

Обратете се на лекар[уреди | уреди извор]

  • Ако имате некои од горенаведените симптоми или се сомневате на лупус(жива рана) .Оваа болест може да биде смртоносна и бара стручна лекарска помош .Кај раното откривање и строгото лекување изгледите се подобри .
  • Ако имате семејна историја на лупус (жива рана)-особено кај родителите ,тетките ,чичковците или вујковците-или ако вие сте почуствувале некои од овие симптоми јавате се кај својот лекар за стручна помош .

Причинители[уреди | уреди извор]

Не е потврдена ниедна едноставна материја што го предизвикува лупусот (жива рана) ,иако проучувањата упатуваат на заклучок дека во основа на лупусот може да биде комбинација на генетски ,хормонски и имунолошки фактори .Изгледа склоноста кон развој на оваа болест е наследна особина . Елемантите на опкружувањето ,од вирусните ,од бактериските воспаленија ,силните емоционални стресови или претераната изложеност на сончева светлина може да имаат важна улога во предизвикувањето на оваа болест .Некои лекови ,како пеницилинот и антиконвулзивите ,може да предизвикаат симптоми слични на лупус .Високото ниво на естроген во текот на бременоста ,дополнителното естогенско лекување и оралните контрацептиви може да го засилат лупусот .Исто така, може да постои врска меѓу лупусот и силиконските влошки за гради .

Дијагностички постапки[уреди | уреди извор]

Дијагностицирањето на лупусот може да биде тешко зашто симптомите често личат на други болести и се разликуваат од човек до човек. Лекарот прво ќе се обиде да го исклучи синдромот на хроничен умор ,моноуклеозата и другите автоимуни болести. Некои анализи кои ќе ги направи лекарот вклучуваат целосна анализа на тромбоцитите и електрофореза на серумот за да се утврди нивото на белите крвни зрнца и на белковините во плазмата. Анализата на крвта на анти-ДНК антителата-која покажува дали имате антитела за нормална генетска содржина во одредени клетки-е крајниот метод за утврдување на лупусот.

Лекување[уреди | уреди извор]

Поради својата непредвидлива природа ,лупусот тешко се контрилира ,но внимателното самонабљудување и соодветно лекување може да помогне во поголемиот број а случаи .

Конвенционална медицина[уреди | уреди извор]

Кај полесните случаи ,нестероидните антивоспалителни лекови(НАВЛ) како што е ацетилсалицилната киселина(на пример аспиринот) можат да користат за ублажување на болките во зглобовите .Трајна исипаност и посилни болки во зглобовите можат да реагираат на анти маларските лекови ,како што е хидроксихлороквин .Пократок третман со костикостероиди го намалува воспалението и температурата и се препорачува кај избувнувањето на болеста .Имуносупресорите ,исто така ,го намалуваат воспалението, потиснувајќи ја ненормалната автоимуна активност. Антидепресивите и слабите анксиолитици можат да помагаат при проблеми со спиење кои често ја придружуваат оваа болест. Циклофосфамидите, кои го ослбодуваат имунолошкиот систем, можат да се користат за сериозни случаи на лупус кои вклучуваат и оштетувања на бубрезите. Малите исипувања на кожата може да се лекуваат со кортикостероиди кремови за локална примена кои можат да се купат без рацепт, послини лезии бараат да се препишат флуоринирни стероидни кремови или инјекции триамцинолон.

Алтернативни начини на лекување[уреди | уреди извор]

Иако никогаш не би трбало да бидат замена за прпишаните лекови ,постои цела низа алтернативни начини на лекување што можат да ги олеснат симптомите .Како додаток на лековите што се веќе наведени ,можеби ќе се определите за акупунктура ,кинески треви или различни облици на работа на телото .Советувајте се со специјалист за примената на овие начини на лекување .

Исхрана[уреди | уреди извор]

Луѓето заболени од лупус често се алергични на храна и тоа може да ги направи потешки нивните симптоми .Може да помогне утврдувањето и избегнувањето на проблематича храна . Промената во исхраната може да го намали воспалението и болките ,нутриционситите можат да препорачаат одстранување на свинското и говедското месо од исхраната ,како и на млечните производи ,а да се зголеми јадењето на риби кои се богати со масни киселини омега три-како што се скушите ,сарделите ,лососот-кои имаат атнивоспалителни својства .Бактериите на луцерката содржат материја за која во тестовите се покажало дека ги зајакнува симптомите ,па со тоа се препорачува тие да се избегнуваат . Дополнителни количества од следниве хранливи материи може да ги користат заболените од лупус :витамин Б-пет ,витамин Ц и витамин Е и препарати од брест .Бета-каротинот може да помогне во решавањето на дискоидниот лупус .Советувајте се со лекар или со нутриционист за препорачаните дози.

Лекување дома[уреди | уреди извор]

  • Избегнувајте да се изложувате на сонце со тоа што ќе носите заштитна облека (капи ,очила за сонце ,долги ракави и долги пантолони) со примена на средстава за заштита од сонце со фактор петнаесеет или поголем кои содржат парааминобензиочна киселина .
  • Одете полека во текот на денот за да ја зачувате енергијата и доволно одморајте се ,дури и ако тоа подразбира да прилегнете кратковремено неколку пати во текот на денот .

Превенција[уреди | уреди извор]

Со оглед на тоа дека никој не знае што предизвукува лупусот ,не постои никаков начин на превенција .На нападите може да се одговри со избегнување на нивните предизвикувачи ,како што се сончевата светлина ,стресот ,и недоволното спиење .Внимавајте на исхраната и правете телесни вежби .Натаму ,бележете ги своите симптоми-кога се појавиле ,што им предходело и колку долго траеле и приспособете го кон тоа својот дневен распоред .

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. James, William; Berger, Timothy; Elston, Dirk (2005). Andrews' Diseases of the Skin: Clinical Dermatology. (10th ed.). Saunders. ISBN 0-7216-2921-0.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Harrison's Internal Medicine, 17th ed. Chapter 313. Systemic Lupus Erythematosus“. Accessmedicine.com. http://www.accessmedicine.com/content.aspx?aID=2859070. конс. 6 август 2011 г. 
  3. „LUPUS FOUNDATION OF AMERICA“. http://www.lupus.org/education/stats.html#1. конс. 4 јули 2007 г. 
  4. Blotzer JW (јуни 1983 г). Systemic lupus erythematosus I: historical aspects.. „Md State Med J“ том  32 (6): 439–41. PMID 6348430. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]