Портал:Архитектура/Избрана градба/2008

Од Википедија — слободната енциклопедија

Избрани градби во порталот:Архитектура се оние статии поврзани со градби кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на страницата за разговор којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември

Забранет град — царска палата за време на династиите Минг и Чинг. Сместена е во центарот на стариот град Пекинг. Денес е познат како музеј-палата (кинески: 故宫博物院, пин-јин: Gùgōng Bówùyùan), и комплексот зафаќа површина од 720,000 m², 800 објекти со 8.000 простории. Како таков, тој според УНЕСКО важи за најголемата збирка на зачувани стари дрвени градби во светот, и бил прогласен за Светско наследство во 1987 како „Царска палата на династиите Минг и Чинг“. Дворецот се наоѓа северно во непосредна близина на плоштадот Тјананмен и во него може да се влезе преку портата Тјананмен. Неговото опкружување се нарекува Царски град.

Иако во него повеќе не живее царското семејство, Забранетиот град е симбол на кинеската државност и сликата на главната порта стои на амблемот на НР Кина. Музејот во него е една од најголемите туристички атракции во светот. Во последно време се одвиваат многу реновации кои го имаат ограничено пристапот на неколку внатрешни дворишта и градини. Прочитајте повеќе


ноември

Голестански дворец — некогашен кралски комплекс на династијата Каџари во главниот град на Иран, Техеран.

Како еден од најстарите споменици на културата во Техеран, Голестанскиот дворец (прев. Дворец на цвеќињата) припаѓа на група кралски зданија кои некогаш биле окружени со старата техеранска тврдина (Арг).

Самиот Арг бил изграден во времето на Тахмасп I (вл. 1524-1576) од династијата Сефевиди (1502-1736), а подоцна бил обновен од Карим-хан (вл. 1750-1779). Мухамед-хан Каџар (1742-1797) решил Техеран да стане престолнина на државата. Самата династија ја сместил во Аргот. Дворот на Голестанскиот дворец станал официјална резиденција на кралското семејство Каџари. Дворецот го добил сегашниот изглед во 1865, и е дело на Хаџи Абол-хасан Мимар Наваи. Прочитајте повеќе


октомври

Ескоријал — огромна палата, августински манастир, музеј и библиотека кој се наоѓа во Сан Лорензо де Ел Ескоријал, Мадрид, гратче 45 км северозападно од Мадрид во автономната заедница Мадрид, Шпанија.

Палатата е сместена до планината Абантос во рамките на Сиера де Гвадарама. Изградбата на овој монументален комплекс била нарачана од кралот Шпанија за да ја одбележи победата во Св. Квентенската битка во 1557 со војската на францускиот крал Анри II. Комплексот е наменет да служи и како некропола како здомувањето на останките на Филиповите родители, Карлос I и Изабела Португалска, како и своите и оние на неговите потомци. Дворецот служел и место за изучување во полза на Противреформацијата. Прочитајте повеќе


септември

Ајфеловата кулажелезна кула изградена на Марсовите полиња покрај реката Сена во Париз. Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу најпрепознатливите симболи во светот. Именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел, денес претставува една од најпосетените туристички атракции.

Кулата е висока 300 метри (986 стапки), што одговара на околу 75 спрата. Заедно со 24 метарската антена (72 стапки), структурата е висока 324 метри (1058 стапки) што одговара на околу 81 спрат. Во времето кога била направена во 1889 година, кулата била највисоката градба во светот, сѐ до 1930, кога била изградена Крајслеровата зграда во Њујорк (319 m/1046 стапки висока) (иако кулата била сè уште повисока ако не се сметаат антените на градбите). Кулата е втората највисока градба во Франција, по 350 метарскиот Allouis longwave transmitter, изграден во 1939. Ајфеловата кула е највисоката градба во Париз. Втората највисока градба во Париз, и четврта во Франција е Кулата Монпарнас, со 209 метри. Кулата Монпарнас е исто така позната меѓу архитектите бидејќи е една од неколкуте високи градби во светот кои се совршено вертикални. Прочитајте повеќе


Архива на избрани градби
2011
Кривата кула во Пиза · Камен мост (Скопје)
2010
Бурџ Калифа · Базилика Свети Петар · Ангкор Ват · Базилика на Светиот Гроб · Диоклецијанска палата · Кеопсова пирамида · Шенбрун · Султан Ахмедова џамија · Ланчен мост (Будимпешта) · Шпански скали · Константинополски ѕидини · Московски Кремљ
2009
Версајски дворец · Црква „Света Софија“ Истанбул · Богородична црква (Париз) · Нојшванштајн · Поморски музеј, Осака · Фонтана Треви · Мавзолеј во Халикарнас · Црква „Св. Климент и Пантелејмон“ - Охрид · Хавардски замок · Во-ле-Виконт · Куќа на Робевци · Вестминстерска палата
2008
Ајфелова кула · Ескоријал · Голестански дворец · Забранет град