Портал:Архитектура/Избрана градба

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ајфеловата кулажелезна кула изградена на Марсовите полиња покрај реката Сена во Париз. Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу најпрепознатливите симболи во светот. Именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел, денес претставува една од најпосетените туристички атракции.

Кулата е висока 300 метри (986 стапки), што одговара на околу 75 спрата. Заедно со 24 метарската антена (72 стапки), структурата е висока 324 метри (1058 стапки) што одговара на околу 81 спрат. Во времето кога била направена во 1889 година, кулата била највисоката градба во светот, сѐ до 1930, кога била изградена Крајслеровата зграда во Њујорк (319 m/1046 стапки висока) (иако кулата била сè уште повисока ако не се сметаат антените на градбите). Кулата е втората највисока градба во Франција, по 350 метарскиот Allouis longwave transmitter, изграден во 1939. Ајфеловата кула е највисоката градба во Париз. Втората највисока градба во Париз, и четврта во Франција е Кулата Монпарнас, со 209 метри. Кулата Монпарнас е исто така позната меѓу архитектите бидејќи е една од неколкуте високи градби во светот кои се совршено вертикални.

Прочитајте повеќе