Политички науки

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Политичка наука)
Прејди на: содржини, барај

Политичка наука претставува збир на академски и истражувачки дисциплини што се занимаваат со политичката теорија и практика, како и описот и анализата на политичките системи и политичкото однесување.

Полињата и подполињата на политичката наука ги вклучуваат: политичката теорија и политичката философија, цивилната и компаративната политика, националните системи, меѓународната политичка анализа, политичкиот развој, меѓународните односи, надворешната политика, меѓународното право и политика, јавната администрација, административното однесување, јавното право, судското однесување и политика и јавната политика.

Приодите кон дисциплините ги вклучуваат класичната политичка философија, структурализмот, реализмот, плурализмот и институционализмот. Политичките науки, како дел од општествените науки, користат методи и техники што се однесуваат на видовите истражувања што се спроведуваат: примарни извори како историски документи и официјални досиеја, секундарни извори како школски новинарски статии, анкетни истражувања, статистичка анализа и градење модели.

Се смета дека Херберт Бакстер Адамс е оној што го создал изразот „политичка наука“ додека предавал историја на Џон Хопкинс универзитетот.

Преглед[уреди]

Политиколозите ги проучуваат работите во врска со распределбата и преносот на моќ во донесувањето на одлуки, улогите и системот на владеење, вклучувајќи ги владите и меѓународните организации, политичкото однесување и јавните политики. Тие го мерат успехот на владеење и одредени политики со испитување на многу фактори, меѓу кои и стабилноста, правдата, материјалната благосостојба и мирот. Одредени политиколози сакаат да промовираат позитивни ( обид за да објаснат како се работите, наместо како што тие треба да бидат) тези со анализирање на политика. Други промовираат номинативни тези, преку давање на прецизни политички препораки.

Политиколозите ги создаваат рамките од кои новинарите, посебните групи на интерес, политичари и електорати ги анализираат проблемите. Според Шатурвејди: ,,политиколозите можат да служат како специфични политичари, па дури и да се кандидираат и самите за политичари. Можат да се најдат политиколози кои работат во владите, во политичките партии или како државни службеници. Тие можат да бидат вклучени во Невладините организации (НВО) или политичките движења. Во различни случаи, луѓето кои учат и се обучуваат за политички науки можат да додадат некоја вредност или експертско мислење за корпорации.Приватните претпријатија тинк тенкс (think tanks, политички иниститут) институтите за истражување, анкетните фирми и фирмите за односи со јавноста често вработуваат политиколози. Во САД, политиколозите познати како ,,Американисти`` честопати ги прегледуваат различните податоци, меѓу кои и избори, јавно мислење и јавна политика како што е реформата за социјална сигурност, ...надворешна политика, и Врховниот суд на САД-колку за да се именуваат неколку прашања.

Повеќето американски колеџи и универзитети имаат програми за додипломски општествени студии за политички науки. Програмите за магистарски општествени студии или магистарски општествени студии за предавање, и докоторски студии и докторски студии за образование се чести за поголемите универзитети. Поимот политички науки е попознат во Северна Америка отколку на кое било друго место. Други институции ги сметаат политичките науки како дел од пошироката дисциплина на политичките студии, политиката или владата. Сепак, политичките науки вклучуваат користење на научен метод, политиките студии подразбираат поширок пристап, иако именувањето на нивната титула не мора да значи дека е одраз на нивната содржина.

Одделни универзитетски програми за грантови во меѓународните врски и јавна политика не се нечести и на ниво на додипломски студии и на ниво на постидломски студии. Мастер програмите за политички науки се чести, додека пак политиколозите се ангажираат во јавната администрација.

Државната институција за почести за студенти од колеџ и универзитетски студенти од владата и политиката во САД се вика Пи Сигма Алфа (Pi Sigma Alpha).

Историски развој[уреди]

Николо Макијавели, еден од многуте влијателни политички теоретичари

Во однос на опшетствените науки, политичките науки пристигнуваат доцна. Сепак, дисциплината има јасен збир на претходници, како што се морална филозофија, политичка филозофија, политичка економија, политичка теологија, историја и други полиња поврзани со нормативните одредби за што треба да биде и дедукција на каракатеристиките и функциите на идеална држава. Во секој историски период и речиси во секоја географска област може да најдеме некој кој ја проучува политиката и го зголемува политичкото разбирање.

Претходниците на западната политика можат да следат своите корени до Платон (427-347 п.н.е.), а особено во делата на Хомер, Хесиод, Тусидидис, Ксенофон и Еврипид. Подоцна, Платон ги анализира политичките системи, ги издвои нивните анализи од политературно и поисториски ориентираните науки и примени пристап кој ние би го разбрале како поблизок до филозофијата. Слично, Аристотел засновајќи се на анализите на Платон се обиде да вклучи историско-емпиристички докази во неговата анализа. Платон напиша републиката, а Аристотел пак напиша политиката.

Подем и пад на Римската империја[уреди]

За време на подемот на Римската империја, познатите историчари како што се Полибиус, Ливи и Плутарх го документираа издигнувањето на Римската република и организацијата и историите на нациите, додека пак оратори како Јулиј Цезар, Кикеро и други ни обезбедија примери од политиката на републиката и Римската империја и војни. Студијата за политиките за време на овој период беше ориентирана кон разбирање на историја, разбирање на методи за владеење и опис за работата на владите. Поминаа речиси илјада години од основањето на градот Рим во 753 п.н.е. до падот на Римската Империја или почетокот на Средниот век. Во меѓувреме, постои јасно преведување на Хеленистичката култура во римскиот начин на живеење. Грчките богови станаа римски, и на еден или друг начин грчката филозофија стана римско право. На пример, Стоицизам. Стоичарите се посветени на зачувување на соодветни хиерархиски улоги и должности во државата, така што државата како целина би останала стабилна. Помеѓу најпознатите римски стоици беа филозофот Сенека и императорот Марко Аурелиј. Сенека, познат римски аристократ, е често критикуван од страна на одредени современи критичари дека не успеал соодветно да живее од своите сопствени перцепции. Од друга страна, Медитациите на Марко Аурелиј, најдобро може да се разгледуваат како филозофски одрази на император поделен помеѓу своите филозофски аспирации и должноста што ја чувствуваше за одбрана на Римската империја од нејзините надворешни непријатели преку различните негови воени кампањи. Според, Полибиус, римските институции беа ‘рбет на империјата но римското право е коскената срж.

Среден век[уреди]

Со падот на Западното римско царство, се појави простор за поопширно поле за политичките студии. Издигањето на монтеизмот, особено во западната традиција, христијанството, донесе нов простор за политиката и политичките акции. Делото Градот на бог од Августин Хипо ги синтетизира сегашните филозофии и политички традиции со оние на христијанството, предефинирајќи ги границите помеѓу религиозното и политичкото. За време на Средниот век, учењето за политиката беше широкораспространето во црквите и судовите. Повеќето политички прашања кои се однесуваат на врската помеѓу државата и црквата се разјаснети и оспорени во овој период. Арапите престанаа да се занимаваат со политичките науки на Аристотел, но продолжија да ја проучуваат платоновата „Држава“, која стана основниот текст на јудео-исламската политичка филозофија. На пример во делата на Алфараби и Аверос. Ова не се случуваше во христијанскиот свет каде Аристотеловата „Политика“ е преведена во 13 век и стана основен текст во делата на Тома Аквински.

Индиски Потконтинент[уреди]

Во стара Индија, претходниците на политиката може да се бараат во Ригведата, самити, брамани, Махабхарата и палискиот канон. Чанакја (350-275 п.н.е.) е политички мислител од Такшашила. Чанакја ја напиша Артасастра, трактат за политичката мисла, економскиот и социјален поредок, која може да се смета за предвесник на „Владетелот“` од Макијавели. Помеѓу другите теми дискутира и за монетарни и фискални политики, благосостојба, меѓународни врски и детални воени стратегија. Манусмрити претставува исто така важен политички трактат од стара Индија која датира од два века по времето на Чанакја.

Источна Азија[уреди]

Стара Кина е дом на некојлку конкурентни школи на политичката мисла, повеќето од кои се издигнаа во пролетно-есенскиот период (втората половина на VIII век до првата половина на V век). Тука спаѓаат моизмот (утилитарна филозофија), таоизмот, легизмот (школа која се заснова врз надмоќноста на државата) и конфучијанството. На крај, изменет облик на конфучијанство (со големо влијание и елементи на легизмот) стана доминантна форма на политичка филозофија во Кина за време на империјализмот (неоконфучијанство). Облици на конфучијанството извршиле силно влијание во Кореја и Јапонија.

Западна Азија[уреди]

Во Персија, делата како што се Рабајат од Омар Кајам и Еп на кралевите од Фердовси обезбедија докази за политичка анализа, додека пак Блискоисточните застапници на Аристотеловите тези како Авицена, а подоцна и Мајмонидес и Аверој (Ибн Рушд) ја продолжија аристотеловата традиција на анализа и емприrзам, пишувајќи коментари за делата на Аристотел. Аверој немаше текст од аристотеловата Политика, па наместо тоа напушта текст од Платоновата „Држава“.

Ренесансата[уреди]

За време на италијанската ренесанса, Николо Макијавели ја заснова современата политичка наука со нагласување на директно емпириско набљудување на политичките институции и актери. За Макијавели, изгледа не е ништо предобро ниту прелошо доколку помога да се задржи и зачува политичката моќ. Макијавели ги наруши политичките илузии, откривајќи ја грубата реалност на политиката, и може да се смета за татко на политичкиот модел. Подоцна, за време на просветителството ширењето на научната парадигма дополнително ја помести студијата за политика преку нормативните одредби.

Како и Макијавели, така и Томас Хобс, добро позат по неговата теорија за општествен договор, верувал дека силна центрлна власт, како монархијата, е неопходна за да се владее со вродената себичност на индивидуата, но ниеден од нив не веруваше во божественото право на кралевите. Од друга страна, Џон Лок, кој ни остави два трактата за владата и кој исто така не веруваше во божественото права на кралевите, застана на страната на Аквински и наспроти Макијавели и Хобс, прифаќајќи ја аристотеловата изрека дека човек се труди да биде среќен во состојба на општествена хармонија како општествено животно. За разлика од надмоќниот поглед на Аквински за спасување на душата од почетниот грев, Лок верува дека човек пристигнува на овој свет како табула раза (празна/неиспишана табла). Според Лок, потребно е како што предлага Хобс апсолутен владетел, бидејќи природното право се заснова на разум и еднаквост, барајќи мир и преживување на човекот.

Просветителство[уреди]

Религијата нема веќе да ја игра главната улога во политиката. Ќе има поделба на државата и црквата, Принципи слични на оние кои доминираа со материјалнити науки може да се примени врз општеството како целина, создавајќи ги општествените науки. Политиката може да се проучува во лабораторија, која е и општествената средина. Во 1787, Александар Хамилтон напиша: ,, науката за политика како и сите други науки постигна големо подобрување.`` (федералниот листови, The Federalist Papers, броеви 9 и 51). И маркизот од Аргенсон и опатот од Сан Пјер ја опишаа политиката како наука. Д’Аргенсон беше филозоф, а Де Сан Пјер реформер-сојузник на просветителството.

Други значајни личности кои учествуваа во просветителството беа Бенџамин Френклин и Томас Џеферсон.

Современа политичка наука[уреди]

Бидејќи политичката наука во основа е проучување на човековото однесување, во сите аспекти на политиката, вообичаено набљудувања во контролирани средини не е достапно и е невозможно да се репродуцира или дуплира. Заради ова, политиколозите бараат модел за причините и исходите на политичките настани, за да се направи генерализација и теории. Сепак, проучувањето е тешко бидејќи луѓето прават свесни избори за разлика од другите субјекти во науката, како што се организмите, дури и неживите предмети како во физиката. И покрај сложеноста, со помош на соодветни студии консезус е постигнат за различни политички теми. Во случај кога политиколозите не се политичари, тие можат да покажат поголема објективност во врска со политиката. Политиката може да се проучува како активност, како тековни работи, како работа на владата и како конфликт, било да е државен било да е меѓународен, и нивни навремено решавање.

Навлегувањето на политичката наука како универзитетска дисциплина е обележана со создавањето на универзитетски институти и катедри со наслов на политички науки, кои се појавуваат во доцниот 19 век. Всушност, називот ,,политиколог`` вообичаено е резервивран за оние со докоторат во ова поле. Сè уште е во тек вградувањето на политичките студии од минатото во унифицирана дисциплина, и историјата на политичките науки овозможи плодна почва за растот и на нормативната и на позитивната политичка наука, каде што секој дел од дисциплините делат екои исторски претходници. Американското политиколошко здружение, основана во 1903 година и Прегледот на здружението, основано во 1906 година направија напори да ги разграничат проучувањата на политиката од економијата и другите општествени феномени.

Во педесетите и шеесетите години на минатиот век, бихевиористичка револуција која ја нагласува систематското и деталното научно проучување за индивидуалците и групното однесување ја поништи дисциплината. Доцните шеесетти и раните седумдесетти беа сведоци на започнувањето со користење на дедуктивен, теоретски формални техники на моделирање кои целат кон создавање на поаналитички опус на знаење во дисциплината. Оваа тенденција продолжи па дури и забраза, иако бихевиористичката револуција стивна. Истовремено, поради заемната зависност на целиот општествен живот, политичката наука почна да поблизу соработува со другите дисциплини, особено социологијата, економијата, историјата, антропологијата, психологијата, јавната администрација, правото и статистиката, но без да го загуби својот идентитет. Политиколозите се повеќе и повеќе го користеа научниот метод за да создадат интелектуална дисциплина врз основа на периодот на формални модели кои се користат за да извлечат хипотези кои можат да се тестираат проследени со емпиристичко потврдување. За време на минатите генерации, дисциплината постави зголемен акцент на веродостојноста и користењето на нови пристапи за да се зголеми научното познавање на полето и да обезбедат објаснувања за емпристички исходи.

Кенет Р. Младенка, полтиколог на Универзитетот А и М од Тексас (Texas A&M University) е еден од академците кој продолжи да се залага за прифаќање на поновите и урбани компоненти на проучување од дисциплината. Во седумдесетите и осумдесетите години на 20 век, се стигна до сознанието дека урбаните научници не се доволно истакнатаи во редакциите на главните весници за политички науки, и дека традиционалните научници, наречени емпиричари гледаат на повеќето урбани истражувања, во зависност од случајот на проучување, парагигмите, квалитетните анализи и теоретстките перспеткиви, како помалку веродостојни отколку традиционалното нагласување на дисциплината. Урбаните научници како штое е Младенка ги нагласуваат ,, локалните средини каде исходите од глобалното, националното однесување и односувањето при гласањето се случуваат на улично ниво каде што е засегнат секојдневниот живот.``

Во совремието, политичката наука е во вид на истражување на другите форми на единствена влада како што се тие прикажани на интернет или теоретските сценарија.

Поврзано[уреди]