Петар Убавкиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Убавкиќ
Петар Убавкић
Роден(а)12 април 1852(1852-04-12)
Белград, Кнежевство Србија
Починал(а)28 јуни 1910(1910-06-28) (возр. 58)
Белград, Кралство Србија
Националностсрпска
ОбразованиеВиена, Минхен
Познат(а) повајарство
Александар Обреновиќ (1895)
Бранислава Симиќ (1904)
Плакети Караѓорѓе и Петар I Караѓорѓевиќ(1904)

Петар Убавкиќ (Белград, 19 септември 1850[1]. или 12 април 1852[2]Белград, 27 јуни[1] или 28 јуни[2] 1910) – српски вајар и сликар, родоначалник на српското вајарство.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во 1852 година во Белград. Веќе после четврти клас гимназија добива државна стипендија благодарение на која во 1866 година почнува да учи иконопис кај италијанскиот патувачки уметник во Белград. Младиот Убавкиќ бил чирак кај германскиот декоративен уметник, Хајнрих Ноке,[3] кој во Белград ги украсува куќите на граѓанските семејства. Учењето го продолжува во Панчево, а во март 1873 година патува во Виена, каде се определува за вајарство. Заради слабото здравје се вратил во Белград. Повторно добил државна стипендија и ги продолжил студиите во 1874 година во Минхен (Kunstgewerbeschule), а наредната година на нивната академија.[4] Студиите ги прекинал во 1876 година по избивањето на српско-турската војна, кога бил повикан да се врати во земјата. По завршувањето на војната бил поставен за привремен учител за калап во белградската Реална гимназија. Со нова стипендија од крајот на 1878 година ги продолжува студиите по вајарство во Рим на Regio Istituto di Belle Arti S. Luca кои ги завршува во 1882 година.

Во Рим останал сè до септември 1889 година [5] кога се вратил во Белград каде станал учител на II класа за калап во Реалката, а потоа и учител по цртање и убаво пишување во Вишата женска школа, а на крајот и учител по вештини во Третата белградска гимназија. За член на Српското учено здружение бил избран на 30 јануари 1883 година, а се неговото соединување со САНУ станал нејзин почесен член во 1892 година. Излагал на големата меѓународна изложба во Париз (1889 и 1900) заедно со Ѓорѓе Јовановиќ и Урош Предиќ.

Се смета за зачетник на академската вајарска уметност во поновата српска историја.[6] Изработил голем број јавни споменици – фигури, бисти и релјефи. Меѓу неговите дела најпознати се бистите на Вук Караџиќ (1890), на кнезот Милош Обреновиќ и Ѓуро Даничиќ.

На црковниот празник Илинден во 1896 година бил осветен споменикот на поетот и сликар Ѓура Јакшиќ на белградскиот Калемегдан. Таа била забележително дело на Убавкиќ.[7] Веќе во 1893 година, на шеталиштето стоело уште едно негово вајарско дело, споменик на просветниот добротвор Јован Гавриловиќ. Кога на тоа се придодаде и споменикот на Ѓура Даничич од 1894 година, излегува дека на Калемегдена постеле права мала галерија на вајарски дела од Убавкиќ. Во 1899 година, подготвувајќи се за париската Светска изложба, професорот Убавкиќ ја изработил алегориската група „Таковско востание“.

Бил еден од основачите на Здружени на српски уметници „Лада“. Здружението било основано на 4 септември 1904 година пред Првата југословенска уметничка изложба во Белград и тоа е најстарото здружение на уметници во Србија.[8] Основачи на здружението, кое биле наречено по словенската божица на пролетта биле Петар Убавкиќ, Урош Предиќ, Ѓорѓе Јовановиќ, Марко Мурат, Бета Вукановиќ, Риста Вукановиќ, Симеон Роксандиќ, а како основач се споменува и Надежда Петровиќ која две години по основањето го напуштила здружението. Петар учествувал на Првата југословенска уметничка изложба одржана во 1904 година во Белград со 10 вајарски дела.[9]

Во мај 1910 година, Убавкиќ бил унапреден во „виш учител прва класа“. Тогаш бил „учител по вештини“ во Третата белградска гимназија.[10] Петар Убавкиќ починал на 28 јуни 1910 година во Белград, а бил погребан на Новите гробишта

Изложби[уреди | уреди извор]

Самостојни[уреди | уреди извор]

Групни[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Биографија на сајту САНУ, Посетено на 23. 4. 2013.
  2. 2,0 2,1 Информација о његовом гробу Архивирано на 4 јануари 2011 г., Посетено на 23. 4. 2013.
  3. "Београдске општинске новине", Београд 1. децембар 1936.
  4. "Просветни гласник", Београд 15. март 1885.
  5. "Мале новине", Београд 12. септембар 1889.
  6. „at Serbianschool.com“. -{www.serbianschool.com}-. Архивирано од изворникот на 30. 05. 2004. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  7. "Школски лист", Београд 1. август 1896.
  8. Изложба друштва уметника Лада („Данас“, 27. септембар 2005), Посетено на 23. 4. 2013.
  9. "Нова искра", Београд 1. септембар 1904.
  10. "Просветни гласнк", Београд 1. јул 1910.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Документација Музеја савремене уметности, Београд
  • 1966 Петар Убавкић, Енциклопедија ликовних умјетности 4. pp. 468, Југославенски лексикографски завод, Загреб
  • 1973 Лазар Трифуновић, Петар Убавкић, Грађа за историју модерне српске уметности, 1, Институт за историју уметности Филозофског факултета, Београд,
  • 1975 Југословенска скулптура 1870-1950. pp. 16, 61-63, 278, Југословенска уметност XX века, Музеј савремене уметности, Београд

Надворешни врски[уреди | уреди извор]