Педро Калдерон де ла Барка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Педро Калдерон де ла Барка
Las Glorias Nacionales, 1852 "D. Pedro Calderón de la Barca" (4013195639).jpg
Роден/а17 јануари 1600
Мадрид, Шпанија
Починат/а25 мај1681
Мадрид, Шпанија
Занимањедраматург, поет и писател
Книжевно движењеШпански златен век

Педро Калдерон де ла Барка (шпански: Pedro Calderón de la Barca, роден на 17 јануари 1600 во Мадрид - починал на 25 мај 1681 во Мадрид) бил шпански драматург, поет и писател од ерата на Шпанскиот златен век.

Биографија[уреди | уреди извор]

Педро Калдерон де ла Барка е роден во Мадрид, а потекнувал од старо, но осиромашено аристократско семејство. Во Саламанка студирал канонско право, но неговото интересирање повеќе го привлекувала уметничката литература и затоа многу млад почнал да пишува драми. Калдерон, поради своето потекло, на 37-годишна возраст бил посветен за рицар во братството Сантјаго. Тој учествувал во војната со Франција во 1638 година и во задушувањето на каталонското востание во 1640 година. На 50-годишна возраст примил свештенички чин и имал тесна врска со шпанскиот кралски двор.

Творештво[уреди | уреди извор]