Прејди на содржината

Никишјан

Координати: 40°56′N 24°08′E / 40.933° СГШ; 24.133° ИГД / 40.933; 24.133
Од Википедија — слободната енциклопедија
Никишјан
Νικήσιανη
Поглед на селото од Кушница
Поглед на селото од Кушница
Никишјан is located in Грција
Никишјан
Никишјан
Местоположба во областа
Никишјан во рамките на Кушница (општина)
Никишјан
Местоположба на Никишјан во општината Кушница и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 40°56′N 24°08′E / 40.933° СГШ; 24.133° ИГД / 40.933; 24.133
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавала
ОпштинаКушница
Општ. единицаКушница
Надм. вис.&10000000000000340000000340 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2,236
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Никишјан или Никша (грчки: Νικήσιανη, Никисјани) — село во Правишко, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Кушница, во Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на североисточните падини на планината Кушница, 12 километри северозападно од малиот град Правишта, на надморска височина од 340 метри.[2]

Северно од селото се наоѓа машкиот манастир „Св. Јован Претеча“, а северозападно женскиот „Св. Димитриј“. Во непосредна близина се наоѓа селото Горјан.

Селото поради своето големо население се смета за гратче.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Никишјан било село во Правишката каза, на Отоманското Царство.

Селото отсекогаш било населено со грчко население и во етнички поглед не претрпело никакви промени. Единствено во 1923 година во него биле населени 132 доселеници.[2]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Населението главно се занимава со земјоделство (тутун), каде годишно се произведувале и над 400.000 килограми. Во негова непосредна близина постојат и рудници за злато, кои не се експлоатираат.[2]

Население

[уреди | уреди извор]

На пописот од 1913 година, селото броело 1.777 жители, а на пописот од 1920 година 1.632 жители.[2]

Никишјан во 1928 година имал 2.331 жител, а во 1940 година бројот на жители се зголемил на 3.257 жители. Во 1941 година, според бугарската статистика имал 3.180 жители. Во 1951 година биле попишани 3.446 жители, а во 1961 година 3.192. Во 1971 година поради помасовното иселување во поголемите градови, бројот на жители се намалил на 2.373, додека во 1981 година повторно се зголемил на 2.460. На пописот од 1991 година селото броело 2.104 жители.

Според пописот во 2001 година, селото имало 2.451 жител. Во најновиот попис во 2011 година спроведен во Грција, селото било забележано со 2.236 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 3.257 3.446 3.192 2.373 2.460 2.104 2.451 2.236
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Пошта
  • Жандермерија

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Кушница со седиште во самото село, која припаѓа на поголемата општина Кушница, во округот Кавала. Воедно, се наоѓа и во општинскиот оддел Никишјан, во кој е единствено село.

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). „Кавалски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 231.