Маркос Вафијадис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Маркос Вафијадис
Генерал Маркос Вафијадис

Маркос Вафијадис (грчки: Μάρκος Βαφειάδης; 190623 февруари 1992) — врховниот командант на Демократската Армија на Грција од 1946 до 1948 година.

По размената на население помеѓу Грција и Турција, Вафијадис е принуден да замине во Солун и Кавала. Од 1928 година делува во Солун како член на Федерацијата на грчката комунистичка младина (ОКНЕ). Во 1932 година е затворен поради својата политичка активност. Откако е пуштен од затвор во октомври 1933 година делува како партиски инструктор во повеќе делови од земјата.

На почетокот на диктатурата на Метаксас е протеран на Ај Страти, но успева да избега веќе по 10 дена. Заминува за Крит каде ја врши должноста на секретар на тамошната партиска организација. На Крит останува до 1939 година по што оди во Атина, но набрзо е уапсен и затворен.

Во мај 1941 година, за време на германската инвазија на Грција, успева да избега и се вклучува во организирањето на отпорот. Во 1942 година е избран во Централниот комитет на КП Грција и е назначен за инспектор на ЕЛАС за Македонија. Во мај 1944 година е избран за претставник од Солун во Политичкиот комитет на националното ослободување.

Во јули 1946 година е назначен за водач на комунистичките партизански формации, а во октомври истата година, кога е формиран Главниот штаб на Демократската армија на Грција, Вафијадис застанува на нејзино чело. Во декември 1947 година е формирана Привремената демократска влада на Грција, при што Вафијадис е избран за премиер и министер за војна.

Поради разлики околу воената стратегија со генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис, во август 1948 година е сменет од должноста командант на ДАГ, а во јануари 1949 година и од сите функции. Принуден е да ја напушти Грција и преку Албанија заминува за СССР. Во октомври 1950 година е исклучен од КПГ.

По крајот на Сталиновата ера, Вафијадис се враќа во КПГ и станува член на Политбирото на партијата. Но, новите несогласувања со партиското раководство резултираат со негово ново исклучување од партијата во јуни 1964 година. По расцепот на КПГ во 1968 година, Вафијадис станува член на КПГ (внатрешна). Во Грција се враќа во март 1983 година, а на изборите од ноември 1989 година и април 1990 година е избран за пратеник во Грчкиот парламент на листата на ПАСОК.

По враќањето во Грција, дава изјави дека неговите разговори во август 1978 со новинарот и публицист Јован Поповски (објавени во фељтонот на белградскиот весник „Политика“, а подоцна објавени во книгата „Разговори со генерал Маркос“ во Скопје) не постоеле и не го познава Поповски, што произлегува од условувањето тој да се врати во земјата по 25 години прогонство. Документите и фотографиите изесени во книгата на Јован Поповски и магнетофонските ленти од снимените разговори го потврдуваат токму спротивното.