Мадона (пејачка)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мадона (2005)

Мадона Луиз Чиконе (официјално Мадона, на англиски: Madonna Louise Ciccone или Madonna), родена на 16 август 1958 година, е американска пејачка, танчерка, текстописец, продуцент, актерка и писателка. Позната и како „Кралица на Попот“, Мадона ја стекна својата слава и познатост поради нејзините иновативни музички спотови, изведби и често контроверзната употреба на сексуални и религиозни теми, како и сликовитост во нејзината работа. Таа има добиено бројни награди во нејзината кариера и има издадено многу албуми. Мадона се смета за една од најголемите музички икони во историјата, како и за секс симбол на денешницата.

Во 2000 година, Гинисовата Книга на Рекорди ја окарактеризира Мадона како најуспешната женска музичка уметничка на сите времиња, со отприлика 120 милиони продадени албуми. Варнер Брос, куќата која ги издава нејзините албуми, изјави дека во 2005 биле продадени преку 200 милиони плочи на Мадона. Во 2005, на манифестацијата Најголем Американец, американската публика ја изгласа Мадона за една од шеснаесетте најзначајни жени во американската историја.

Биографија[уреди]

Мадона Луиз Чиконе е родена во Беј Сити, Мичиген. Таа е третото од шесте деца на Силвио „Тони“ П. Чиконе, крајслерски инженер од итало-американско потекло (таткото на Мадона води потекло од Пачентро, во регионот Абруцо, Италија) и Мадона Луиз Фортин, од франко-канадско потекло. Мадона била одгледана во католичко семејство, во предградијата на Детроит - Понтијак и Рочестер Хилз. Мајката на Мадона починала од рак на дојката на триесетгодишна возраст, на 1 декември, 1963 година, кога Мадона имала пет години. Мадона често зборува за влијанието на смртта на мајка си врз нејзиниот живот, нарекувајќи го „една од најтешките работи со кои се имам соочено во мојот живот“. Подоцна нејзиниот татко се оженил со Џоан Густафсон (семејната дадилка) и имал две деца со неа.

Таткото на Мадона сакал сите негови деца да земаат музички часови, но, по неколку месеци на пијано часови, Мадона го убедила својот татко да ѝ дозволи да зема часови по балет. Се покажала како надарена танчерка. По матурирањето во Rochester Adams High School во 1976, таа добила стипендија за танцување на Универзитетот во Мичиген, каде што го запознала учителот по танц Кристофер Флин. Освен што ја подучувал, тој за прв пат ја изложил во геј-дискотеките, момент кој подоцна ќе има големо влијание во музиката и стилот на Мадона. Во 1977 година, со охрабрување од Флин, Мадона го напушта колеџот на крајот на втората училишна година и се преселува во Њујорк за да оствари танцувачка кариера. За нејзиното доаѓање во Њујорк, Мадона вели: "Кога дојдов во Њујорк, тоа беше прв пат да патувам со авион, прв пат да патувам со такси, прв пат за сè. А дојдов тука со 35 долари во мојот џеб. Тоа беше најхраброто нешто кое сум го направила."

Мадона имала финансиски проблеми во ова време, живеејќи во беда и работејќи за ниска плата. Исто така, работела и како нудистички модел. За сето ова време, таа учела со Марта Грахам и Перл Ланг, а подоцна танцувала со неколку компании за модерен танц, вклучувајќи ги и Елвин Ејли и Валтер Никс танчерите. Додека работела како танчерка за францускиот диско уметник Патрик Хернандез (на неговата турнеја во 1979), Мадона го запознала и станала романтично врзана за музичарот Дан Гилрој, со кого го формираше својот прв рок бенд - Breakfast Club во Њујорк. Освен како вокалист, таа била и тапанар и гитарист, пред да го формира бендот Еми во 1980 година со тапанарот и поранешен пријател Стефан Бреј. Таа и Бреј напишаа и продуцираа бројни соло диско и денс песни кои го привлекоа вниманието на на њујоршките денс клубови, особено ,,Денстерија" и ,,Канзас Канзас". Диџејот и продуцентот Марк Каминс бил доволно импресиониран од демото на Мадона за да го привлече вниманието и на основачот на Сер Рекордс - Сејмур Штејн.

Дискографија[уреди]

Филмографија[уреди]

  • Arthur and the (2006)
  • Die Another Day (2002)
  • Swept Away (2002)
  • I Star (краток филм) (2001)
  • The Next Best Thing (2000)
  • Evita (1996)
  • Girl 6 (1996)
  • Four Rooms (1995)
  • Blue in the Face (1995)
  • Dangerous Game (1993)
  • Body of Evidence (1993)
  • A League of Their Own (1992)
  • Shadows and Fog (1991)
  • Dick Tracy (1990)
  • Bloodhounds of Broadway (1989)
  • Who's That Girl (1987)
  • Shanghai Surprise (1986)
  • Desperately Seeking Susan (1985)
  • Vision Quest (1985)
  • A Certain Sacrifice (1980)

Надворешни врски[уреди]

Официјални:

Врски од интерес: