Кога ќе се мажиш?

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кога ќе се мажиш?
Paul Gauguin, Nafea Faa Ipoipo? 1892, oil on canvas, 101 x 77 cm.jpg
Творец Пол Гоген
Година 1892
Димензии 101 см × 77 см
Место приватна збирка, Катар

Кога ќе се мажиш? (француски: Quand te maries-tu ?) — масло на платно од 1892 година, дело на францускиот постимпресионистички уметник Пол Гоген.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Гоген првпат го посетил Тахити во 1891 година. Тој се надевал дека таму ќе најде „митски рај во кој може да создаде чиста, „примитивна“ уметност, наместо лажни, „примитивистички (идеализирани) дела создадени од сликари во Франција. По пристигнувањето, открил дека Тахити не е она што тој го замислувал: бил колонизиран во 18 век, а најмалку две третини од домородното население на островот починале од болести предизвикани од Европејците.[2] „Примитивната“ култура била уништена. И покрај тоа, тој насликал многу слики на домородни жени: голи, облечени во народна носија на домородците на Тахити и облечени во фустани во европски стил, како и последната фигура на сликата „Кога ќе се мажиш?[1][3]

Продажба[уреди | уреди извор]

Во приватна сопственост на семејството на швајцарскиот колекционер Рудолф Штехелин (германски: Rudolf Staechelin, 1881-1946 година), оваа слика е позајмена на музејот во Базел германски: Kunstmuseum Basel), во Швајцарија, каде што била изложена речиси половина век. Во февруари 2015 година, сликата и била продадена на сестрата на владејачкиот емир на Катар за близу 210 милиони американски долари (155 милиони фунти), една од највисоките цени некогаш платени за уметничко дело.[4][5][6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Nafea fas ipoipo (When will you marry) by Paul Gauguin on ArtEx“. galleryIntell (англиски). Посетено на 2021-05-19.
  2. Graves, Jen. „You May Be Infected Already“. The Stranger (англиски). Посетено на 2021-05-19.
  3. Maurer, Naomi E.; Maurer, Naomi Margolis; Gogh, Vincent van; Gauguin, Paul (1998). The Pursuit of Spiritual Wisdom: The Thought and Art of Vincent Van Gogh and Paul Gauguin (англиски). Fairleigh Dickinson Univ Press. ISBN 978-0-8386-3749-4.
  4. Reyburn, Scott; Carvajal, Doreen (2015-02-05). „Gauguin Painting Is Said to Fetch $300 Million“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2021-05-19.
  5. „Gauguin painting breaks sale record at nearly $300m“. BBC News (англиски). 2015-02-07. Посетено на 2021-05-19.
  6. „What Does Qatar's Gauguin Acquisition Tell Us?“. Artnet News (англиски). 2015-02-08. Посетено на 2021-05-19.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]