Полиња покрај морето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Полиња крај морето
Творец Пол Гоген
Година 1889
Димензии 72,5 см × 91 см
Место Национален Музеј на Шведска

Полиња крај морето (На француски: Les Champs au bord de la mer) ― слика масло на платно, насликана во 1889 од Пол Гоген. Наречена е и како „Пејсажи од Бретања“. Сликата е изложена во Националниот Музај на Шведска во Стокхолм.

Во осумдесетите години од деветнаесетиот век, Пол Гоген неколку пати одел во Бретања, каде бил понесен од пејсажите и месните обичаи. Сликава прикажува дел од крајбрежјето, во субјективна интерпретација, каде што украсните ефекти на разнобојните полиња и контури биле клучен елемент. Портокаловите секции имаат сенки во контрастно сина. Новиот стил е наречен Синтетизам. Есента 1892, уметникот Ричард Берг ја купил сликата од Гогеновата сопруга по потекло од Данска. Оваа слика е вдахновение на многу шведски сликари.[1]

References[уреди | уреди извор]

  1. „Landskap från Bretagne“. www.nationalmuseum.se/.