Кобилица-Стрелец
Кобилица-Стрелец (наречен и Стрлецов Крак или Стрелец-Кобилица) — мал спирален крак of Млечниот Пат.[1] Секој спирален крак е долг и расеан изданок од ѕвезди кој излегува од Галактичкото Средиште. Овие гигнатски структури често се сочинети од милијарди ѕвезди и илјадници гасовити облаци. Кракот Кобилица–Стрелец е едне од најбележителните краци во нашата галаксија бидејќи во него се сместени многу HII-подрачја, млади ѕвезди и џиновски молекуларни облаци.[2]
Млечниит Пат е пречкеста спирална галаксија која се состои од средишна пречка и испакнатина од која нанадвор се шират двата главни и неоклку помали спирални краци. Овој крак е сместем меѓу два големи краци: Штит-Кентаур (чиј поблизок дел е видлив и личи насонен навнатре) и Персеевиот Крак, со слична големина и облик, но месно многу поблизок и насочен нанадвор, подалеку до сјајниот веднаш воочлив протег на Млечниот Пат при совршени услови за набљудување.[1] Наречен е поради неговата близина со соѕвездијата Стрелец и Кобилица како што се појавуваат на ноќното небо од Земјата, гледајќи кон Галактичкото Средиште.
Кракот се растура близу неговата половина, штом го достигне најголемиот агол гледан од Сончевиот Систем, од Галактичкото Средиште од околу 80°. Од средишната пречка на галаксијата се протегаа Стрелецов Крак. По растуреното подрачје е Кобиличиниот Крак.[1]
Мал ракав
[уреди | уреди извор]Во 2008 г. инфрацрвените набљудувања од вселенскиот телескоп „Спицер“ покажале дека ракавот Кобилица-Стрелец е релативно сиромашен со млади ѕвезди, за разлика од кракот Штит-Кентаур и Персеевиот Крак. Ова укажува на тоа дека Кобилица-Срелец е помал ракав, каков што е и Рамниловиот Крак (Надворешен Крак). Одиве два претежно се состојат од згуснат гас и ретки раштркани џебови од новонастанати ѕвезди.[1][3]
Видливи тела
[уреди | уреди извор]Во Стрелецовиот Крак се сместени разни Месјеови објекти и други тела видливи со аматерски телескоп или двоглед (тука неведени по редослед од исток кон запад долж кракот):
- M11, јато Дива Патка во Штит (рек. 18 ч 51 м)
- Расеано јато M26 во Штит (рек. 18 ч 45 м)
- M16, маглина Орел во Змија (рек. 18 ч 19 м)
- M17, маглина Омега во Стрелец (рек. 18 ч 20.4 м)
- Расеано јато M18 во Стрелец (рек. 18 ч 19.9 м)
- Збиено јато M55 во Стрелец (рек. 19 ч 40 м)
- M24, Мал ѕвезден облак во Стрелец (рек. 18 ч 17 м)
- Расеано јато M21 во Стрелец (рек. 18 ч 5 м)
- M8, маглина Лагуна во Стрелец (рек. 18 ч 4 м)
- NGC 3372, маглина Кобилица во Кобилица (рек. 10 ч 45 м)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Churchwell, Ed; Babler, Brian L.; Meade, Marlin A. (2009). „The Spitzer/GLIMPSE Surveys: A New View of the Milky Way“ (PDF). Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 121: 213–230. Bibcode:2009PASP..121..213C. doi:10.1086/597811. Архивирано од изворникот (pdf) на 2013-11-02. Посетено на 2022-10-26.
- ↑ Steiman-Cameron, T. Y.; Wolfire, M.; Hollenbach, D. (2010). „Cobeand the Galactic Interstellar Medium: Geometry of the Spiral Arms from Fir Cooling Lines“. The Astrophysical Journal. 722 (2): 1460. Bibcode:2010ApJ...722.1460S. doi:10.1088/0004-637X/722/2/1460.
- ↑ Shiga, David (3 јуни 2008). „Two of the Milky Way's spiral arms may be 'demoted'“. NewScientist. Посетено на 8 септември 2009.
|