Дрокија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дрокија
Drochia
Катедралата во Дрокија
Катедралата во Дрокија
Знаме на Дрокија
Знаме
Грб на Дрокија
Грб
Дрокија се наоѓа во Молдавија
Дрокија
Местоположба на Дрокија во Молдавија
Координати: 48°02′ СГШ 27°45′ ИГД / 
Држава  Молдавија
Реон Дрокија
Основан 1777
Управа
 • Градоначалник Игор Грозаву, од 2011
Надм. вис. 226 м
Население (2012)
 • Вкупно 20.400
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Поштенски број MD-52xx
Повик. бр. +373 252 xx x xx

Дрокија (романски: Drochia) – град во северниот дел на Молдавија. Тој е административен центар на реонот Дрокија.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името на градот доаѓа од локалниот вид на птица наречена „дропие (романски: dropie, македонски: голема дропла)“

Географија[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа на 174 км северно од престолнината Кишињев и 67 км североисточно од романскиот град Јаши. Просечната надморска висина на Дрокија е 226 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Хроничарите првпат ја споменуваат Дрокија во 1777 година. До 1830 година била мала населба со 25 семејства. Според документ од 1847 година, тогаш била изградена мала постројка за обработка на грозје, првото индустриско претпријатие во градот. Во 1875 година биле изградени две воденици на локалниот поток.

Поинтензивен индустриски развој градот доживеал со доаѓањето на железницата на крајот на 19 век. Според пописот од 1930 година, населбата (тогаш село) била позната како „Дрокија Гара“ (буквално „Станица Дрокија“), и имала население од само 595 жители.

Статус на град Дрокија добила во 1973 година.

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2004 година градот брои 16.606 жители. Националната структура е дадена во следнава табела:[1]:

Етнички состав
Етничка група попис 1930 попис 2004
Молдовци (Романци) 181 12.864
Рутенци (Украинци) 77 2.600
Руси 209 986
Евреи 112 13
Бугари 22
Гагаузи 18
Полјаци 5 6
Роми 2
Арменци 7 95
Срби, Хрвати, Словенци 1
други 3
Total 595 16.606

Распределбата на населението според мајчиниот јазик е следнава:

Мајчин јазик
Јазик попис 1930 попис 2004
Романски 198 N/A
Руски 210 N/A
Јидиш 102 N/A
Украински 80 N/A
Полски 4 N/A
други 1 N/A
Total 595 16.606

Галерија[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Дрокија е збратимена со:

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]