Дикси Дин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дикси Дин
Лични податоци
Полно име Вилијам Ралф Дин
Роден на 22 јануари 1907(1907-01-22)[1]
Роден во Беркенхенд, Англија
Починал на 1 март 1980(1980-03-01) (возр. 73)
Починал во Ливерпул, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001780000001,78 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1923-1925 Транмир Роверс Транмир Роверс 30 (27)
1925-1937 Евертон Евертон 399 (349)
1938-1939 Нотс Каунти Нотс Каунти 9 (3)
1939 Слајго Роверс Слајго Роверс 7 (10)
1940 Харст 2 (1)
Репрезентација
1927-1932 Англија Англија 16 (18)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 14 август 2017.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 14 август 2017

Вилијам Ралф "Дикси" Дин (22 јануари 1907 – 1 март 1980) бил англиски фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.

Роден во Беркенхед, Дин ја започнал кариерата во клубот од неговиот роден град Транмир Роверс а потоа се преселил во Евертон, клубот што го поддржувал како дете. Играјќи таму тој станал многу познат, особено по постигнувањето на голови со глава. Дин го поминал поголемиот дел од својата кариера во Евертон, пред да се здобие со повреди и потоа да се пресели во Нотс Каунти во лов на нови предизвици. Тој ќе остане запаметен по рекордот што го поставил во сезоната 1927-1928, кога постигнал неверојатни 60 голови. Тој исто така играл и за Англија, постигнал 18 гола во 16 настапи.

Во мај 2001 година, од Евертон ја претставиле статуата на Дин, која се наоѓа надвор од стадионот Гудисон Парк. Дин, исто така бил првиот играч на Евертон кој го носел дресот со број 9, кој во подоцнежните години ќе стане иконски во клубот.

Животопис[уреди | уреди извор]

Дин е роден во Беркенхед, Чешир, покрај брегот на реката Мерси од Ливерпул. Семејството на Дин од двете страни потекнува од Честер. Тој бил внук на Ралф Брет, возач на воз кој го возел кралскиот воз за време на владеењето на Џорџ V. Дин израснал како навивач на Евертон благодарение на напорите на неговиот татко, Вилијам сениор, кој го однел на натпревар за време на сезоната 1914-1915 кога тие ја освоиле титулата.

Детството на Дин се совпаднало со Првата светска војна, и на возраст помеѓу 7 и 11 години тој доставувал кравјо млеко на локалните семејства како дел од воените напори. Дин посетувал настава во училиштето Лерд Стрит,[2] но сметал дека не добил формално образование: "Мојата единствена лекција беше фудбалот ... Во петок попладне јас делев пенкала ... мастило и креди. Тоа беше единствената работа што ја имав во училиште ... Никогаш не сум имал никакви лекции.[3] Кога наполнил 11 години, тој присуствувал на индустриското училиште Алберт (Меморијал), борстал училиште во Беркенхед, поради понудените фудбалски објекти. Семејниот дом на Дин имал мала соба за него поради големината на семејството; Дин сепак бил среќен со аранжманот, бидејќи тој можел да игра во фудбалскиот тим на училиштето. Дин лажно им кажал на соучениците дека бил фатен како краде, бидејќи сакал да биде "едно од момчињата".

Тој го напуштил училиштето на 14 години и работел за Железницата Вирал како чирак монтер; неговиот татко исто така работел таму и работел уште од 11 години, за Големата Западна Железница. Подоцна, како повозрасен Дин станал возач на воз пред да се пресели во Беркенхед за да работи одново за Железницата Вирал, да биде поблиску до неговата идна сопруга (и мајката на Вилијам јуниор) Сара. Неговиот татко подоцоцна се пензионирал во компанијата.[2]

Дин зел ноќна работа за да може да се концентрира на својата прва љубов, фудбалот: "Другите двајца чираци, не ја сакаа ноќната работа, бидејќи имаше премногу крвави стаорци таму, кои доаѓаа од компаниите Англо-Оил и Вакуум Оил  ... стаорците беа толку големи како утки. Јас ја зедов нивната ноќна работа, и, се разбира, секогаш можев да играм фудбал".[3]

Синовите на директорот на Дин во Железницата Вирал биле директори на АФК Њу Брајтон, и тие биле заинтересирани да потпишат договор со Дин. Сепак, Дин му кажал на клубот дека не е заинтересиран за потпишување договор со нив и наместо отишол да игра за локалниот клуб Пенсби Јунајтед од Пенсби. Токму во Пенсби Јунајтед, Дин го привлекол вниманието на Транмир Роверс.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Транмир Роверс[уреди | уреди извор]

Тој играл фудбал за училиштето Лерд Стрит, а потоа за Моретон Библ, Хесвел и Пенсби Јунајтед. После Пенсби Јунајтед, тој конечно заиграл за професионален клуб приклучувајќи му се на локалниот, Транмир Роверс во ноември 1923 година. Тогаш тој имал 16 години.

Додека бил во Транмир, тој бил жртва на еден тежок старт што резултирал за него со губење на тестисот во натпревар за резеристите против Олтринхам.[4][5] Веднаш по стартот, соиграчот го протрил од површината за да му ја олесни болката.

Во своите 16 месеци поминати во Транмир во сезоните 1923-1924 и 1924-1925 постигнал 27 гола во 30 лигашки настапи. Сите 27 биле во втората од овие две сезони, каде во просек постигнал гол по натпревар. Неговите настапи го привлекле интересот на многу клубови низ Англија, вклучувајќи ги и Арсенал и Њукасл Јунајтед. По напуштањето на Транмир Роверс, менаџерот Берт Кук се откажал од договорот за плаќање на 10 отсто од надоместокот за трансферот на Дин. На Дин му бил платен еден процент од надоместокот што тој го дал на своите родители (кои го донирале во Општа болница во Беркенхед).

Евертон[уреди | уреди извор]

Неговиот татко го одвел Дин на лигашки натпревар на Евертон на Гудисон Парк кога тој имал осум години. Сонот на Дин да заигра за овој клуб станал реалност кога секретарот на Евертон Томас Мекинтош организирал средба со него во хотелот Вудсајд во 1925 година. Тој потпишал за Евертон во март 1925 година, откако наполнил 18 години.

Подоцна открил дека очекувал да му биде доделен надомест за потпис од 300 фунти за неговите родители кога тој потпишал за Евертон. Тие добиле само 30 фунти, а менаџерот на Транмир Роверс, Берт Кук, му рекол "тоа е се што лигата дозволила". Дин се жалел кај Џон Мекена, претседателот на фудбалскиот сојуз, но му било одговорено "се плашам дека веќе сте потпишале, и тоа е тоа"."[3] Дин потпишал за Евертон за 3.000 фунти, што била рекордна продажба за Транмир Роверс. Тој веднаш дал голем придонес, постигнувајќи 32 гола во својата прва сезона. Сепак, несреќата што ја имал со мотоцикл во Холивел, Северен Велс во летото 1926 година го оставила Дин со фрактура на черепот и вилицата, а лекарите не биле сигурни дали тој ќе може повторно да игра. Во неговиот следен натпревар за Евертон постигнал гол со глава, што ги навело Евертонците да се шегуваат дека докторот оставил метална плоча во главата на Дин.

Статуа на Дин на Гудисон Парк.

Најголемото сеќавање на Дин претставува фактот дека тој е сè уште единствениот играч во англискиот фудбал кој постигнал 60 голови во една сезона (1927-1928).[6] На крајот на таа сезона тој имал 21 година. Напаѓачот на Мидлсбро Џорџ Камсел, кој го има највисокиот сооднос меѓу голови и настапи за Англија, постигнал 59 голови на во претходната сезона, иако тоа било во Втората дивизија. Во таа сезона, 1927-1928, Евертон ја освоил титулата во Првата дивизија.

Кога Евертон испаднал во Втората дивизија во 1930 година, Дин останал во клубот и му помогнал веднаш да се врати во Првата дивизија во 1931 година, постигнувајќи 39 гола. Следната сезона, тој постигнал 44 гола кога Евертон повторно станал шампион на Англија. Тие веднаш потоа го освоиле и ФА Купот во 1933 година, победувајќи го Манчестер Сити во финалето (во кое тој постигнал гол) со 3-0.

Во подоцнежните години на Дин во клубот од Гудисон Парк, тој бил назначен и за капитен на тимот. Сепак, суровите физички барања на играта (како што се играло тогаш) го земале својот данок па дошло до пад во формата на Дин и тој испаднал од првиот тим во 1937 година.

Вкупно за Евертон одиграл 431 натпревар и постигнал 377 голови. Тој е во моментов најдобар стрелец на клубот на сите времиња. Во мај 2001 година, клубот поставил статуа на Дикси Дин пред нивниот стадион Гудисон Парк.

Нотс Каунти[уреди | уреди извор]

Дин продолжил да игра за Нотс Каунти за една сезона, во која постигнал три гола во девет натпревари.

Слајго Роверс[уреди | уреди извор]

На 32-годишна возраст, Дин потпишал за ирскиот клуб Слајго Роверс во јануари 1939 година за да му помогне во нивната кампања во ирското првенство. По неговото пристигнување, некој извори тврдат дека железничката станица во Слајго била полна со месни жители кои сакале да го видат. Дин постигнал десет гола во седум натпревари за клубот,[7] вклучувајќи ги и петте во победата со 7-1 над Вотерфорд (што останува рекорд на клубот за најмногу постигнати голови во еден натпревар). Тој исто така играл во четири натпревари од купот, постигнувајќи еден гол (во финалето што завршило 1–1 против Шелбурн, кој победил во преигрувањето со 1–0). Вицешампионскиот медал на Дин подоцна бил украден од неговата хотелска соба; на враќањето во Ирска за да ги гледа Роверс 39 години подоцна во финалето на ФАИ купот 1978, во пакетот кој му бил доставен во неговата хотелска соба се наоѓал и медалот.

Харст[уреди | уреди извор]

Дин ја завршил својата професионална играчка кариера во Харст (денешен Ештон Јунајтед) во сезоната 1939-40, забележувајќи два натпревари (и една гол) пред избувнувањето на војната да ја скрати неговата кариера. Дебитираше во поразот со 4-0 од Стејлибриџ Селтик; 5.600 луѓе присуствувале на натпреварот, плаќајќи шест пени, што на клубот му донело приход од 140 фунти.[8]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Дин го направил своето деби за англиската репрезентација против Велс на Рејскорс Граунд во Рексам во февруари 1927, на помалку од еден месец по неговиот 20-ти роденден. Неговиот последен натпревар за Англија дошол во победата со 1–0 над Ирска во октомври 1932 на стадионот на Блекпул, Блумфилд Роуд, кога Дин имал 25 години.

Дин играл на Британското првенство во 1927 и 1929 година. За време на изданието од 1927 година, тој постигнал четири гола во своите два натпревари за Англија и постигнал два гола против Шкотска на Хампден Парк. И покрај поразот, шкотланѓаните го освоиле натпреварувањето и го поздравиле Дин (кој заврши како најдобар стрелец на турнирот). На изданието во 1929 година, тој постигнал гол во единствениот свој настап против Ирска на Гудисон Парк.

Единствените меѓународни натпревари надвор од Британското првенство за време на репрезентативната кариера на Дин биле Олимписките игри во 1928 и 1936 година и ново создаденото Светско првенство, што се одржало во 1930; сепак, ниту Велика Британија ниту Англија не учествувале на ниту едно од овие натпреварувања. Дин ја претставувал Англија вкупно 16 пати, постигнувајќи 18 гола во 8 натпревари (вклучувајќи ги и двата хет-трика против Белгија и Луксембург).

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Англија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
12-2-1927 Рексам Велс Велс 3 – 3 Англија Англија Британско првенство 1927 2
2-4-1927 Глазгов Шкотска Шкотска 1 – 2 Англија Англија Британско првенство 1927 2
11-5-1927 Брисел Белгија Белгија 1 – 9 Англија Англија Пријателска 3
21-5-1927 Еш на Алзет Луксембург Луксембург 2 – 5 Англија Англија Пријателска 3
26-5-1927 Коломб Франција Франција 0 – 6 Англија Англија Пријателска 2
22-10-1927 Белфаст Ирска Ирска 2 – 0 Англија Англија Британско првенство 1928 -
28-10-1927 Барнли Англија Англија 1 – 2 Велс Велс Британско првенство 1928 -
31-3-1928 Лондон Англија Англија 1 – 5 Шкотска Шкотска Британско првенство 1928 -
17-5-1928 Коломб Франција Франција 1 – 5 Англија Англија Пријателска 2
19-5-1928 Брисел Белгија Белгија 1 – 3 Англија Англија Пријателска 2
22-10-1928 Ливерпул Англија Англија 2 – 1 Северна Ирска Северна Ирска Британско првенство 1929 1
17-11-1928 Свонзи Велс Велс 2 – 3 Англија Англија Британско првенство 1929 -
13-4-1929 Глазгов Шкотска Шкотска 1 – 0 Англија Англија Британско првенство 1929 -
28-3-1931 Глазгов Шкотска Шкотска 2 – 0 Англија Англија Британско првенство 1931 -
9-12-1931 Лондон Англија Англија 7 – 1 Шпанија Шпанија Пријателска 1
17-10-1932 Блекпул Англија Англија 1 – 0 Ирска Ирска Британско првенство 1933 -
Вкупно Настапи 16 Голови 18

Титули[уреди | уреди извор]

Англија Евертон[уреди | уреди извор]

Ирска Слајго Роверс[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Dixie Dean“. The FA. Архивирано од изворникот на 2011-06-06. Посетено на 9 June 2010.
  2. 2,0 2,1 Keith 2003, стр. 10.
  3. 3,0 3,1 3,2 Roberts, John. „Interview with John Roberts“. SportingIntelligence.com. Посетено на 9 June 2010.
  4. Keith 2003, стр. 8.
  5. „The seven deadly sins of football: Wrath – From Big Jack Charlton to the fan's hand grenade at Millwall“. The Guardian. 18 May 2009. Посетено на 9 June 2010.
  6. „English League Leading Goalscorers 1889–2007“. RSSSF. Посетено на 14 August 2007.
  7. Randles, Dave (9 December 2009). „The cameo that shaped Seamus“. Liverpool Echo. Посетено на 9 June 2010.
  8. „Dixie Dean“. Ashton United. Архивирано од изворникот на 2012-02-27. Посетено на 9 June 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]