Британско првенство во фудбал
Британско првенство | |
---|---|
![]() | |
Основано | 1884 |
Згаснато | 1984 |
Регион | Обединето Кралство |
Број на екипи | 4 |
Најмногу титули | ![]() |
Последен првак | ![]() |
Британско првенство во фудбал бил годишен фудбалски турнир на кој учествувале четири репрезентации од реионот на Обединетото Кралство: Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска (до 1950 година се натпреварувала како Ирска или Обединета Ирска).
Турнирот започнал да се игра во 1884 година, и е најстариот фудбалски турнир. Укинат е во 1984 година после 100 години постоење.[1] Најуспешна репрезентација на ова натпреварување е Англија со 54 освоени титули. Шкотска освоила 41, Велс 12, а Северна Ирска (Ирска) 8 титули.
Историја
[уреди | уреди извор]Првиот турнир бил одржан во 1884 година. Првиот натпревар на турнирот бил одигран на 26 јануари истата година помеѓу Ирска и Шкотска во Белфаст. Шкотланѓаните биле подобри со 5-0, а токму Шкотска била и првиот победник на Британското првенство со шест бода, Англија била второпласирана со четири бода, Велс имал два, додека последнопласирана била Ирска без бодови.
Формат
[уреди | уреди извор]Форматот на натпреварувањето бил таков да секоја екипа игра против другите екипи по еден натпревар (вкупно три натпревари за секоја екипа, а вкупно шест натпревари на турнирот). Секоја екипа за победа добивала по два бода, а за нерешено по еден бод. Екипата која освоила најмногу бодови на крајот била победник на турнирот. Доколку две или повеќе екипи имале ист број бодови, позицијата на табелата се делела.
Шампиони
[уреди | уреди извор]Англија (54)
Шкотска (41)
Велс (12)
Северна Ирска (8)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The British Home Championship“. Архивирано од изворникот на 2018-12-01. Посетено на 9 јули 2018.