Џорџ V

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џорџ V
Портрет, 1923
  • Крал на Обединетото Кралство и на британските доминиони
  • Цар на Индија
На престол6 мај 1910 – 20 јануари 1936
Крунисување22 јуни 1911
како цар на Индија12 декември 1911
ПретходникЕдвард VII
НаследникЕдвард VIII
Роден(а)Принц Џорџ од Велс
3 јуни 1865(1865-06-03)
Марлборо Хаус, Вестминстер, Англија
Починал(а)20 јануари 1936(1936-01-20) (возр. 70)
Норфолк, Англија
Почивалиште28 јануари 1936
Капела Свети Џорџ во Виндзорскиот замок
СопружникМери од Тек (в. 1893)
Деца
Detail
  • Едвард VIII
  • Џорџ VI
  • Марија, кралска принцеза и грофица од Харвуд
  • Принц Хенри, војвода од Глостер
  • Принц Џорџ, војвода од Кент
  • Принц Џон од Обединетото Кралство
Полно име
Џорџ Фредерик Ернест Алберт
Династија
  • Виндзор (од 1917)
  • Сакс-Кобург и Гота (до 1917)
ТаткоЕдвард VII
МајкаАлександра Данска
ВероисповедПротестант
ПотписCursive signature of George V
Воена служба
РодКралска воена морнарица
Служба1877–1892

Џорџ V (Џорџ Фредерик Ернест Алберт; 3 јуни 1865 - 20 јануари 1936) ― крал на Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска (од 1927 година Северна Ирска), крал на британските доминиони и цар на Индија, од 6 мај 1910 година до неговата смрт во 1936 година.

По неочекуваната смрт на неговиот постар брат во јануари 1892 година Џорџ станал директен наследник на британскиот трон. Следната година, Џорџ се оженил со свршеницата на неговиот брат, принцезата Викторија Мери од Тек; тие имале шест деца. По смртта на кралицата Викторија во 1901 година, таткото на Џорџ, Едвард VII, станал крал, а на Џорџ му била доделена титулата принц од Велс. Тој станал крал-цар по смртта на неговиот татко во 1910 година.

За време на владеењето на Џорџ имало големи политички превирања; Џорџ V бил сведок на подемот на: социјализмот, комунизмот, фашизмот, ирскиот републиканизам и индиското движење за независност, а сето тоа радикално го променил политичкиот пејзаж на Британската Империја. Како резултат на Првата светска војна (1914–1918), пропаднале царствата на неговите први братучеди Николај II од Русија и Вилхелм II од Германија, а Британската Империја го достигнала својот територијален врв. Во 1917 година, Џорџ станал прв монарх од Виндзорската династија, затоа што ја преименувал династијата Сакс-Когург и Гота поради антигерманското јавно расположение.

По неговата смрт во јануари 1936 година, Џорџ бил наследен од неговиот најстар син, Едвард VIII. Едвард абдицирал во декември истата година и бил наследен од неговиот помлад брат Алберт, кој го зел кралското име Џорџ VI.

Животопис[уреди | уреди извор]

Џорџ е роден на 3 јуни 1865 година во Марлборо Хаус, Лондон. Тој бил втор син на британскиот престолонаследник Алберт Едвард, принц од Велс (од 1901 година Едвард VII) и неговата сопруга Александра. Неговиот татко бил најстар син на кралицата Викторија и принцот Алберт, а неговата мајка била најстара ќерка на кралот Кристијан IX и кралицата Луиз од Данска. Бил крстен на 7 јули 1865 година во Виндзорскиот замок.

Boy wearing a sailor suit
Џорџ како младо момче, 1870 година

Како помлад син на принцот од Велс, речиси никој не очекувал дека Џорџ ќе стане крал. Тој бил трет во линијата за наследување на тронот, зад неговиот татко и постариот брат, принцот Алберт Виктор. Џорџ бил 17 месеци помлад од Алберт Виктор и двата принца се школувале заедно.Ниту Алберт Виктор ниту Џорџ не се истакнале интелектуално.[1] Бидејќи нивниот татко мислел дека морнарицата е „најдобра можна обука за секое момче“,[2] во септември 1877 година браќата биле пратени на обука во британската морнарица.[3]

Во 1879 година, принцовите биле префрлени на бродот Баханте и во следните три години ги обиколиле колониите на Британската Империја на Карибите, Јужна Африка и Австралија, а го посетиле Норфолк, како и Јужна Америка, Медитеранот, Египет и Источна Азија. Кога се вратиле во Британија, кралицата се пожалила дека нејзините внуци не знаат да зборуваат француски или германски, и затоа поминале шест месеци во Лозана во она што испаднало неуспешен обид да научат друг јазик.[4] По враќањето од Лозана, браќата биле раздвоени; Алберт Виктор се запишал на колеџ, а Џорџ се вратил во Кралската воена морнарица. По службата како командант на бродот <i id="mweg">Мелампус</i> во 1891-1892 година, Џорџ повеќе не бил активен во морнарицата и неговиот поморски чин бил во голема мера почесен.[5]

Брак[уреди | уреди извор]

Како млад човек предодреден да служи во морнарицата, принцот Џорџ многу години поминал под команда на неговиот чичко принцот Алфред, војвода од Единбург, кој бил стациониран во Малта. Таму се заљубил во неговата братучетка принцезата Мари од Единбург. Неговата баба, татко и чичко го одобриле парот, но мајка му и мајката на Мари биле против. Принцезата од Велс сметала дека семејството е премногу прогерманско, а војвотката од Единбург не ја сакала Англија. Војвотката, единствена ќерка на Александар II од Русија, негодувала поради фактот што, како сопруга на помладиот син на британскиот суверен, таа морала да ѝ даде предност на мајката на Џорџ, чиј татко бил малолетен германски принц пред неочекувано да биде повикан на тронот на Данска. Под влијание на нејзината мајка, Мари го одбила Џорџ откако тој ја запросил. Таа се омажила за Фердинанд, престолонаследник на Романија, во 1893 година.[6]

Џорџ и Марија на денот на нивната венчавка

Во ноември 1891 година, Алберт Виктор се свршил со неговата втора братучетка, принцезата Мери.[7] Но, само шест месеци подоцна, Алберт Виктор починал од пневмонија, а неговиот помлад брат Џорџ го презел неговото место во редот за наследување на британскиот престол.[8] Кралицата Викторија сè уште ја фаворизирала принцезата Мери за своја снаа, а Џорџ и Мери се зближиле за времето кое го поминале заедно во оплакување на принцот Алберт.[9] Една година по смртта, Џорџ ѝ предложил брак на Мери, а таа прифатила. Свадбата се одржала на 6 јули 1893 година. години.

Војвода од Јорк[уреди | уреди извор]

Со неговите деца: Едвард, Алберт и Мери . Фотографија од неговата мајка Александра, 1899 година.

На 24 мај 1892 година, кралицата Викторија го прогласила Џорџ за војвода од Јорк, гроф од Инвернес и барон од Киларни,[10] а тој исто така добил лекции по уставна историја од Џ.Р. Танер.[11] Војводата и војвотката од Јорк потоа добиле сопствена резиденција во Норфолк[12] и таму живееле како семејство од средна класа.[13] Тие имале пет сина и една ќерка.

Принц од Велс[уреди | уреди извор]

Како војвода од Јорк, Џорџ извршувал најразлични јавни должности. По смртта на кралицата Викторија на 22 јануари 1901 година, таткото на Џорџ седнал на престолот како крал Едвард VII.[14] Џорџ ја наследил титулата војвода од Корнвол, а во поголемиот дел од остатокот од таа година бил познат како војводата од Корнвол и Јорк.[15]

На 9 ноември 1901 година, Џорџ бил прогласен за принц од Велс и ерл од Честер. [16] Неговиот татко сакал да го подготви за неговата идна улога како крал. За разлика од самиот Едвард, кого кралицата Викторија намерно го исклучила од државните работи, Џорџ добил пристап до државните документи од неговиот татко. [17] Џорџ, од своја страна, ѝ дозволил пристап до документите на неговата сопруга[18] затоа што тој го ценел нејзиниот совет и таа често помагала во пишувањето на неговите говори.[19] Како принц од Велс, Џорџ ги поддржал реформите во обуката на морнарицата. Реформите биле спроведени од тогашниот втор (подоцна прв) лорд на морнарицата, сер Џон Фишер.[20]

Од ноември 1905 до март 1906 година, Џорџ и Меј биле на турнеја во Британска Индија, каде што бил згрозен од расната дискриминација и се борел за поголема вклученост на Индијците во владеењето со земјата.[21] По турнејата речиси веднаш заминале за Шпанија за да присуствуваат на свадбата на кралот Алфонсо XIII со братучетката на Џорџ, Викторија Евгенија од Батенберг, на која невестата и младоженецот за влакно избегнаа атентат кога возачот на нивната кочија и повеќе од десетина гледачи биле убиени од бомба фрлена од анархист Матеу Морал. Една недела по враќањето во Британија, Џорџ и Меј отпатувале во Норвешка на крунисувањето на кралот Хокон VII, братучед и зет на Џорџ, и кралицата Мод, сестра на Џорџ.[22]

Владеење како крал[уреди | уреди извор]

Портрет од Филдес, 1911 година

На 6 Мај 1910 година Едвард VII починал, а Џорџ станал крал.

Крунисувањето на Џорџ и Мери се одржало во Вестминстерската опатија на 22 Јуни 1911 година. Во јули, кралот и кралицата ја посетиле Ирска на пет дена; тие биле срдечно пречекани од илјадници луѓе кои беа насобрани по патеката на нивната поворка.[23] [24] Подоцна во 1911 година, кралот и кралицата отпатуваа во Индија каде што на 12. декември 1911 година пред собраната публика од индиски достоинственици и принцови биле претставени како цар и царица на Индија. Џорџ на церемонијата ја носел новокреираната царска круна на Индија и прогласил префрлање на индискиот главен град од Калкута во Делхи.

Внатрешна политика[уреди | уреди извор]

Автохром на кралот Џорџ V и кралицата Мери од Жан Дезбутен, 13 март 1914

Џорџ го наследил тронот во политички нестабилно време.[25] Народниот буџет од Лојд Џорџ претходната година бил отфрлен од Домот на лордовите во кој доминирале конзервативците и унионистите.[26] По општите избори во јануари 1910 година, конзервативците дозволиле буџетот, за кој владата сега имала изборен мандат, да помине без гласање.[27]

Асквит се обидел да ја намали моќта на лордовите преку уставни реформи, кои повторно биле блокирани од Горниот дом. По општите избори од декември 1910 година, лордовите дозволиле законот да помине откако дознале дека Домот може да се надополни со нови лордови.[28] Со Парламентарниот закон од 1911 година трајно се исклучила (со неколку исклучоци) можноста на лордовите да ставаат вето на буџетите.

По општите избори од 1910 година либералите формирале малцинска влада која била зависна од поддршката на Ирската националистичка партија. По желба на националистите, Асквит вовел закон со кој на Ирска ѝ се дава домашно владеење, но конзервативците и унионистите се спротивставиле. [29] За да ја избегне можноста за граѓанска војна во Ирска меѓу унионистите и националистите, Џорџ во јули 1914 година свикал состанок на сите засегнати страни во Бакингемската палата во обид да се изнајде решение.[30] По четири дена конференцијата завршила без постигнат договор.[8] [31] Политичките превирања во Британија и Ирска биле засенети од настаните во Европа, а прашањето за ирско домашно владеење било суспендирано за време на војната.[8] [32]

Прва светска војна[уреди | уреди извор]

На 4 август 1914 година, Џорџ во својот дневник напишал: „Одржав совет во 10:45 за да и објавам војна на Германија. Тоа е страшна катастрофа, но тоа не е наша вина. [33] Од 1914 до 1918 година Британија и нејзините сојузници биле во војна со Централните сили на чело со Германското Царство. Германскиот кајзер Вилхелм II, кој за британската јавност бил симбол на сите ужаси на војната, бил прв братучед на кралот. Дедо на Џорџ по таткова линија бил принцот Алберт од Саксобурготски и Гота; следствено, кралот и неговите деца ги носеле германските титули принц и принцеза од Саксобурготски и Гота и војводата и војвотка од Саксонија. Кралицата Мери, иако била родена во Англија, била ќерка на војводата од Тек, потомок на германските војводи од Виртемберг. Џорџ имал братучеди и братучетки кои биле британски поданици, но кои имале германски титули како: војвода и војвотка од Тек, принц и принцеза од Батенберг и принц и принцеза од Шлезвиг-Холштајн. Кога Х.Г. Велс напишал за британскиот „вонземски и неинспиративен двор“, Џорџ одговорил: „Можеби не сум инспиративен, но ќе бидам проклет ако сум вонземјанин“.[34]

На 17 јули 1917 година, Џорџ излегол во пресрет на британските националистички чувства преку издавање кралска прокламација со која името на британската кралска династија се менува од Династија на Сакс-Кобург и Гота во Виндзорска династија.[35] Тој и сите негови британски роднини се откажале од германските титули и усвоиле презимиња со британски призвук.[36]

Two bearded men of identical height wear military dress uniforms emblazoned with medals and stand side-by-side
Џорџ V (десно) и неговиот братучед Николај II од Русија во германски униформи во мај 1913 година

Кога царот Николај II од Русија, прв братучед на Џорџ, бил соборен со Руската револуција од 1917 година, британската влада им понудила политички азил на царот и неговото семејство. Но влошениот животен стандард на британскиот народ и стравувањата дека револуцијата може да дојде до Британските Острови, го навеле Џорџ да смета дека присуството на Романови ќе се смета за несоодветно.[37] И покрај подоцнежните тврдења на лордот Маунтбатен од Бурма дека премиерот Дејвид Лојд Џорџ се противел на спасувањето на руското царско семејство, писмата на лордот Стемфордхам сугерираат дека всушност Џорџ V се спротивставил на идејата и покрај советите на владата.[38] Николај и неговото потесно семејство останале во Русија, каде што биле убиени од болшевиците во 1918 година. Следната година, мајката на Николај, Марија Федоровна, и други членови од поширокото руско царско семејство биле спасени од Крим со британски воен брод.[39]

Два месеци по завршувањето на војната, најмладиот син на кралот, Џон, починал на 13 годишна возраст откако цел живот бил со лошо здравје.[40]

Повоено владеење[уреди | уреди извор]

Британската Империја го достигнала својот територијален врв во 1920 година.[41]

Пред Првата светска војна, поголемиот дел од Европа бил управуван од монарси во крвно сродство со Џорџ, но за време и по војната, монархиите на Австрија, Германија, Грција и Шпанија, а и Русија, биле соборени во револуција и војна. Во март 1919 година, потполковникот Едвард Лисл Штрут по лично овластување од кралот бил испратен да го придружува поранешниот цар Карло I од Австрија и неговото семејство во спроведување на безбедно во Швајцарија.[42] Во 1922 година, брод на британската Кралската морнарица бил испратен во Грција за да ги спаси неговите братучеди принцот Андреј и принцезата Алиса.[43]

Политичките превирања во Ирска продолжиле, а националистите се бореле за независност; Џорџ го изразил својот ужас од убиствата и репресалиите одобрени од владата на премиерот Лојд Џорџ.[44] Во јули 1921 година било договорено примирје.[45] Преговорите меѓу Британија и ирските сецесионисти довеле до потпишување на Англо-ирскиот договор.[46] Кон крајот на 1922 година, Ирска била поделена, била основана Слободна Држава Ирска, а на Лојд Џорџ му завршил мандатот.[47]

Во периодот од 1922 до 1929 година имало чести промени во владата. Во 1924 година, Џорџ го назначил првиот британски лабуристички премиер, Рамзи Мекдоналд. Тактиката на Џорџ при назначувањето на првата лабуристичка влада (која опстоила помалку од една година) била да ги намали сомнежите на симпатизерите на партијата дека тој ќе работи против нивните интереси. За време на Генералниот штрајк од 1926 година, Џорџ ја советувал владата на конзервативецот Стенли Болдвин да не презема дејства за подгревање на страстите,[48] и ги отфрлил тврдењата дека штрајкувачите се „револуционери“ велејќи: „Обидете се да живеете со нивните плати пред да ги судите“.[49]

Во ек на светска финансиска криза, Џорџ издејствувал формирањето на Национална влада во 1931 година, предводена од Мекдоналд и Болдвин.[50] Бил загрижен од доаѓањето на власт на Адолф Хитлер и Нацистичката партија во Германија.[51] Во 1934 година, Џорџ отворено му рекол на германскиот амбасадор Леополд фон Хоеш дека Германија сега е опасност за светот и дека сигурно ќе има војна во рок од десет години ако Германија продолжи со сегашното темпо; тој го предупредил британскиот амбасадор во Берлин, Ерик Фипс, да биде сомнителен кон нацистите. [52]

Односот меѓу Џорџ и неговиот најстар син и престолонаследник, Едвард, се влошиле во овие подоцнежни години. Џорџ бил разочаран од тоа што Едвард не успеал да се смири во животот и бил згрозен од неговите многубројни афери со мажени жени. За разлика од тоа, Џорџ бил горд на својот втор син, принцот Алберт (подоцна Џорџ VI), а ја сакал и неговата најстара внука, принцезата Елизабета; ѝ го дал прекарот „Лилибет“, а таа со милост го нарекувала „Дедо Англија“.[53] Во 1935 година, Џорџ за својот син Едвард рекол: „Откако ќе умрам, момчето ќе се уништи во рок од 12 месеци“, а за Алберт и Елизабета: „Му се молам на Бога мојот најстар син никогаш да не се ожени и да нема деца, и ништо да не застане меѓу Берти и Лилибет и престолот“[54] [55]

Влошено здравје и смрт[уреди | уреди извор]

Портрет од Артур Стокдејл Коуп, 1933 година

Првата светска војна сериозно го нарушила здравјето на Џорџ: тој бил сериозно повреден на 28 октомври 1915 година кога бил фрлен од неговиот коњ, [56] и неговата страст кон пушењете ги влошило неговите чести проблеми со дишењето. Тој боледувал од хроничен бронхитис. Во 1925 година, по совет на неговите лекари, бил испратен на крстарење по Медитеранот; тоа било негово трето и последно патување во странство по војната.[57] Во ноември 1928 година, Џорџ сериозно се разболел од сепса.[58] Во следните две години неговиот син Едвард презел многу од неговите должности.[59]

Џорџ никогаш целосно не закрепнал. Во последната година од неговиот живот, повремено му давале кислород.[60] Смртта на неговата сестра, Викторија, во декември 1935 година длабоко го депримирала. На 15 Јануари 1936 година, жалејќи се на настинка Џорџ отишол во неговата спална соба во Сандрингем Хаус; останал во собата до смртта.[61]

На 20 јануари, Џорџ бил на смртна постела. Неговите лекари, предводени од лордот Досон од Пен, издале билтен со зборовите „Животот на кралот мирно се движи кон својот крај“.[62] [63] Приватниот дневник на Досон, откопан по неговата смрт и објавен во 1986 година, открива дека последните зборови на Џорџ искажани во мрморење биле „Бог да те проколне!“,[64] зборовите биле упатени до неговата медицинска сестра, Кетрин Блек, откако таа му дала седатив вечерта. Досон, кој го поддржал „благиот раст на евтаназијата “,[65] во дневникот признал дека му ставил крај на животот на кралот:[64] [66] [67]

Досон напишал дека тоа го направил за да го зачува достоинството на кралот, за да спречи дополнително оптоварување на семејството и дека смртта на Џорџ во 23:55 може да биде објавено во утринското издание на весникот Тајмс за разлика од „помалку соодветните ... вечерни списанија“.[64] [66] Кралицата Мери, која била многу религиозна можеби немало да се согласи со евтаназија, но ниту таа, ниту принцот од Велс не биле консултирани. British Pathé ја објавил смртта на кралот следниот ден.[68]

Германскиот композитор Пол Хиндемит утрото по смртта на кралот отишол во студиото на Би-би-си и за шест часа го напишал Трауермузик („Оплакувачка музика“), за виола и оркестар. Истата вечер била изведена во директен пренос од Би-би-си. [69] Џорџ V бил погребан на 28 јануари 1936 година во капелата Свети Џорџ во Виндзорскиот замок.[70] Едвард абдицирал до крајот на истата година, а Алберт станал крал како Џорџ VI.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Clay, p. 39; Sinclair, pp. 46–47
  2. Sinclair, pp. 49–50
  3. Clay, p. 71; Rose, p. 7
  4. Clay, p. 92; Rose, pp. 15–16
  5. Sinclair, p. 69
  6. Pope-Hennessy, pp. 250–251
  7. Rose, pp. 22–23
  8. 8,0 8,1 8,2 Matthew, H. C. G. (September 2004; online edition May 2009), "George V (1865–1936)", Oxford Dictionary of National Biography, Oxford University Press, doi:10.1093/ref:odnb/33369, retrieved 1 May 2010 (Subscription required)
  9. Pope-Hennessy, pp. 230–231
  10. Clay, p. 149
  11. Clay, p. 150; Rose, p. 35
  12. Преименувана од Bachelor's Cottage
  13. Clay, p. 154; Nicolson, p. 51; Rose, p. 97
  14. Rose, p. 42
  15. Rose, pp. 44–45
  16. Previous Princes of Wales, Household of HRH The Prince of Wales, Архивирано од изворникот на 19 April 2020, Посетено на 19 March 2018
  17. Clay, p. 244; Rose, p. 52
  18. Rose, p. 289
  19. Sinclair, p. 107
  20. Massie, Robert K. (1991), Dreadnought: Britain, Germany and the Coming of the Great War, Random House, стр. 449–450
  21. Rose, pp. 61–66
  22. Rose, pp. 67–68
  23. Rayner, Gordon (10 November 2010), „How George V was received by the Irish in 1911“, The Telegraph, Архивирано од изворникот на 18 April 2018
  24. „The queen in 2011 ... the king in 1911“, the Irish Examiner, 11 May 2011, Архивирано од изворникот на 13 August 2014, Посетено на 13 August 2014
  25. Rose, p. 115
  26. Rose, pp. 112–114
  27. Rose, p. 114
  28. Rose, pp. 125–130
  29. Rose, p. 137
  30. Rose, pp. 152–153, 156–157
  31. Rose, p. 157
  32. Rose, p. 158
  33. Nicolson, p. 247
  34. Nicolson, p. 308
  35. „No. 30186“, The London Gazette, 17 July 1917, стр. 7119
  36. Rose, pp. 174–175
  37. Nicolson, p. 301; Rose, pp. 210–215; Sinclair, p. 148
  38. Rose, p. 210
  39. Clay, pp. 355–356
  40. Pope-Hennessy, p. 511
  41. Rein Taagepera (September 1997), „Expansion and Contraction Patterns of Large Polities: Context for Russia“, International Studies Quarterly, 41 (3): 475–504, doi:10.1111/0020-8833.00053, JSTOR 2600793, Архивирано од изворникот на 19 November 2018, Посетено на 28 December 2018
  42. „Archduke Otto von Habsburg“, The Daily Telegraph (obituary), London, UK, 4 July 2011, Архивирано од изворникот на 24 December 2019, Посетено на 4 April 2018
  43. Rose, pp. 347–348
  44. Nicolson, p. 347; Rose, pp. 238–241; Sinclair, p. 114
  45. Mowat, p. 86
  46. Mowat, pp. 89–93
  47. Mowat, pp. 106–107, 119
  48. Nicolson, p. 419; Rose, pp. 341–342
  49. Rose, p. 340; Sinclair, p. 105
  50. Rose, pp. 373–379
  51. Nicolson, pp. 521–522; Owens, pp. 92–93; Rose, p. 388
  52. Nicolson, pp. 521–522; Rose, p. 388
  53. Pimlott, Ben (1996), The Queen, John Wiley and Sons, ISBN 978-0-471-19431-6
  54. Ziegler, Philip (1990), King Edward VIII: The Official Biography, London: Collins, стр. 199, ISBN 978-0-00-215741-4
  55. Rose, p. 392
  56. Windsor, pp. 118–119
  57. Rose, pp. 301, 344
  58. „The Illness of H. M. the King-Emperor“. The Indian Medical Gazette. 64 (3): 151–152. March 1929. PMC 5164308. PMID 29009522.
  59. Ziegler, pp. 192–196
  60. Bradford, Sarah (1989), King George VI, London, UK: Weidenfeld and Nicolson, стр. 149, ISBN 978-0-297-79667-1
  61. Pope-Hennessy, p. 558
  62. The Times (London), 21 January 1936, p. 12, col. A
  63. Rose, p. 402
  64. 64,0 64,1 64,2 Watson, Francis (1986), „The death of George V“, History Today, 36: 21–30, PMID 11645856 Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „watson“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  65. Lelyveld, Joseph (28 November 1986), „1936 Secret is out: Doctor sped George V's death“, The New York Times: A1, A3, PMID 11646481, Архивирано од изворникот на 8 October 2016, Посетено на 18 September 2016
  66. 66,0 66,1 Ramsay, J.H.R. (28 May 1994), „A king, a doctor, and a convenient death“, British Medical Journal, 308 (6941): 1445, doi:10.1136/bmj.308.6941.1445, PMC 2540387, PMID 11644545 (Subscription required) Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „ramsay“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  67. Matson, John (1 January 2012), Sandringham Days: The Domestic Life of the Royal Family in Norfolk,1862–1952, The History Press, ISBN 9780752483115
  68. The death of His Majesty King George V 1936, British Pathé, 23 January 1936, Архивирано од изворникот на 4 May 2016, Посетено на 18 September 2016
  69. Steinberg, Michael (2000), The Concerto, Oxford University Press, стр. 212–213, ISBN 978-0-19-513931-0, Архивирано од изворникот на 8 October 2021, Посетено на 11 November 2020
  70. Rose, pp. 404–405

Наведени извори[уреди | уреди извор]

Понатамошно читање[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]