Даме Крапчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дамјан Крапчев
Damjan Krapcev.jpg
Роден 2 февруари, 1912 година
Ивањица, Србија
Починал 24 мај, 1944 година
планината Плачковица

Дамјан Јованов Крапчев - Стари (2 февруари 1912 во Ивањица, Србија24 мај 1944 во Плачковица)— македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија, македонски комунист и учесник во НОВ.[1]

Биста на Дане Крапчев

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од службеничко семејство.[1] Многу брзо по неговото раѓање, кон крајот на 1912 година, неговото семејство се преселува во Прилеп.[2] Основното училиште го завршил во Прилеп, а гимназија учел во Чачак, Штип и Скопје. Во 1930 година се запишал на Правниот факултет во Белград. Во 1937 година учествува во формирањето на Спортското друштво „Работнички“ во Скопје.[3] Од 1939 година е член на КПЈ. Во Скопје живеел во крајот познат како Дебар Маало.[1]

Учество во НОВ[уреди | уреди извор]

Во НОВ учествувал во диверзантската акција на рудникот Радуша, Скопско, во август 1941 година од каде со соборците изнесле стотици килограми експлозив. При формирањето на Првиот скопски партизански одред на 22 август 1941 година, Крапчев бил избран за политички комесар. По расформирањето на Одредот на 2 ноември 1941 година се илегализирал. Бугарската фашистичка полиција не можела да го пронајде. Потоа заминал во партизани и станал политички комесар на Првиот скопски партизански одред. По временото растурање на одредот, се вратил во Скопје. Во јануари 1942 година се префрлил на Косово и во селата Бинач, Врбовац, Грнчари, Подгорец и други организирал народноослободителни одбори.[1] Кога на 17 април 1942 година се формирал Вториот скопски партизански одред, Крапчев бил назначен за политички комесар.

На судскиот процес во Скопје (27 април - 9 мај 1942) во отсуство бил осуден на смрт. Извесно време бил борец во Скопско-косовскиот партизански одред (првата половина на 1943), во Шарпланинскиот партизански одред (летото 1943 година) и во Косовскиот народно-ослободителен баталјон, а од 26 февруари 1944 и во Третата македонска ударна бригада. Во мајската пролетна офанзива 1944 година неговиот баталјон и Третата македонска ударна бригада учествувале во познатиот голем марш кон Пиринска Македонија, како и во многу борби против бугарскиот фашистички окупатор. На 24 мај 1944 година во борбите против бугарските фашистички единици на Плачковица, храбро загинал покосен од непријателски куршум. Веста за неговата смрт, болно ги погодила неговите соборци и населението во местата каде дејствувал овој популарен првоборец.[1][4]

Во негова чест, основното училиште во населбата Ченто, Скопје, го носи неговото име.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 78–79. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Крсто Здравковски „Дамјан Крапчев-Стари“, Архив на Македонија, Скопје, 1974.
  3. ФК „Работнички“ - Формирање (1937)
  4. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 755 стр.