Прејди на содржината

Граници на Полска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Старите и новите граници на Полска.

Границите на Полска имаат вкупна должина од 3.511[1] или 3.582 км, зависно од сметањето.[2] Земјата се граничи со Германија на запад, Чешка и Словачка на југ, Украина и Белорусија на исток и Литванија и руската ексклава Калининградска Област на североисток. На север излегува на Балтичкото Море.

Ова се поединечните државни граници со нивната должина, дадени по надолен редослед.[1]

Бреговата линија на Полска е долга 770 км.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Денешните граници на Полска се определени по Втората светска војна и основањето на Народна Република Полска. Договорени се од големите сили на Кримската конференција во Јалта на 11 февруари 1945 г. и со Потсдамскиот договор од 2 август истата година. Ова било грубо повлекување на границите, а точното разграничување било оставено на Полска и нејзините соседи.

Поважни гранични премини

[уреди | уреди извор]
Полско-германската граница кај Швиноујшќе. Во заднината е Балтичкото Море.
Полско-чешката граница кај Јавожника.

По стапувањето на Полска во ЕУ во 2004 г. граничните премини со другите членки на унијата станале излишни. Инфраструктурата не е отстранета, но нивната употреба е недозволена според Шенгенскиот договор.[3]

Поранешни

[уреди | уреди извор]

со Германија

со Чешка

со Словачка

со Литванија

Во минатото Полска имала граници и гранични премини со поранешни земји, или со земји кои повеќе не се граничат со неа:

Полско-украинската граница под планината Вјелка Равка, Западни Бјешчади.

со Украина

со Белорусија

со Русија

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 „WARUNKI NATURALNE I OCHRONA ŚRODOWISKA (ENVIRONMENT AND ENVIRONMENTAL PROTECTION)“. MAŁY ROCZNIK STATYSTYCZNY POLSKI 2013 (CONCISE STATISTICAL YEARBOOK OF POLAND 2013). GŁÓWNY URZĄD STATYSTYCZNY. 2013. стр. 26. ISSN 1640-3630.
  2. Informacje o Polsce - informacje ogólne Архивирано на 25 јуни 2009. (archive.org Архивирано на 25 јуни 2009 г.).
  3. Ustawa z dnia 29 czerwca 2007 r. o zmianie ustawy o ochronie granicy państwowej oraz ustawy o zmianie ustawy o Straży Granicznej oraz niektórych innych ustaw. Dziennik Ustaw, 2007, numer 140. pozycja 982

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]