Крајни точки на Полска
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Ова е список на крајните точки на Полска месностите кои лежат најисточно, најзападно, најсеверно и најјужно во земјата.
Просторни крајности[уреди | уреди извор]
- Најсеверна точка: 54°50′N 18°04′E / 54.833° N; 18.067° E
- плажата во Јастшембја Гура во општината Владиславово, Поморско Војводство, обележана со обелискот „Северна ѕвезда“ на ’ртот Розевје на балтичкиот брег
- Најјужна точка: 49°00′09″ N; 22°50′50″ E / 49.00238° N; 22.84710° E
- сртот Волосате кај планината Ополонек во Источните Бескиди, Поткарпатско Војводство
- Најисточна точка: 50°52′07″ N; 24°08′45″ E / 50.86852° N; 24.14585° E
- реката Буг, кај Зошин, Лублинско Војводство
- Најзападна точка: 52°50′18″ N; 14°07′23″ E / 52.83827° N; 14.12298° E
- реката Одра, кај селото Ошинув Долни, Западнопоморско Војводство
Висински крајности[уреди | уреди извор]
- Највисока точка:
- планината Риси во венецот Високите Татри, Малополско Војводство (2.499 м). Сепак, највисокиот врв од масивот (2.503 м) е во Словачка.
- Најниска точка:
- селото Рачки Елблонске во Висланскиот Залив, Поморско Војводство (-1,8 м)
Средиште[уреди | уреди извор]
Селото Пјонтек во Лоѓското Војводство се смета за геометриско средиште на Полска, што е различно од географското средиште.