Зошин (Хрубјешувски Округ)
Изглед
| Зошин Zosin | |
|---|---|
| село | |
Поглед на Зошин | |
| Земја | |
| Војводство | Лублинско |
| Округ | Хрубјешувски |
| Општина | Хородло |
| Население | 209 |
Зошин (полски: Zosin) — село во општината Хородло на Хрубјешувскиот Округ, Лублинско Војводство, источна Полска. Селото е најисточното населено место во Полска, на самата граница со Украина.[1] Сместено е на 6 км југоисточно од Хородло, 16 км источно од Хрубјешув и 116 км источно од војводското седиште Лублин.
Самата најисточна точка во Полска е сместена во свијок на реката Буг кај Зошин (24° 8′ 42,44″ ИГД). Тука се наоѓа граничниот премин кон Украина, а преку границата е украинското село Устилуг.
Во 2011 г. селото имало 209 жители.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Central Statistical Office (GUS) – TERYT (National Register of Territorial Land Apportionment Journal)“. 2008-06-01.
- ↑ Податоци за Зошин во 2011 г. — Полска во бројки (полски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Зошин (Хрубјешувски Округ) на Ризницата ?
| ||||||||||||