Вислански Залив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Висланскиот Залив од вселената.
Поглед на Висланскиот Залив и провлакот.

Вислански Провлак (полски: Zalew Wiślany; руски: Калининградский залив; германски: Frisches Haff; литвански: Aistmarės) — залив во Балтичкото Море со должина од 90 и ширина од 10-19 км. Длабок е 5 м и одделен е од Гдањски Залив со тесниот Вислански Провлак.

Заливот претставува лагуна во устието на неколку ракави на реката Висла како Ногат и Прегоља. Излегува на Гдањскиот Залив преку Балтискиот Проток. Низ заливот минува полско-руската граница.

На бреговите има повеќе населени места, како што се градовите Калининград, Балтијск и Приморск во Калининградската област од руската страна и Елблонг, Толкмицко, Фромборк и Крињица Морска од полската. Најважно пристаниште од полска страна е Елблонг, но најпрометни се Калининград и Балтијск поради фактот што пристапот (протокот) е на руска територија.

Предложен канал[уреди | уреди извор]

Европската Унија планира прокопување на канал од морето до Елблонг во заливот со цел да се заобиколи Русија, која го контролира сообраќајот во заливот преку Балтискиот Проток. Предвидениот канал е долг 1,3 км, широк 80, а длабок 5 м. Трошокот на чинење е проектиран на 880 милиони злоти.[1] Сепак, значајни еколошки пречки во спроведувањето на проектот како преселбата на животните и прекумерно засолување на водата.

Историја[уреди | уреди извор]

Германски бегалци од Источна Прусија кај Висланскиот Залив.

Од 1772 до 1918 г. заливот бил дел од Кралството Прусија, кое во 1871 г. влегло во состав на Германското Царство. Во периодот помеѓу 1920 и 1946 г. бил поделен помеѓу Германија и полуавтономнииот Слободен Град Данциг. По Втората светска војна источниот дел ѝ припаднал на Русија (СССР), а западниот на Полска. Денес полскиот дел е во состав на Варминско-мазурското Војводство, а рускиот е во Калиниградската област.

Курсениеки[уреди | уреди извор]

Распространетост на Курсениеките во 1649 г.

Во минатото, подрачјето околу заливот било дом на балтичкиот народ Курсениеки, кој денес е речиси исчезнат. Според податоците од 1649 г. овој народ живеел на целиот предел од Мемел (Клајпеда) до Данциг (Гдањск), вклучувајќи го приморјето околу Висланскиот Залив. Со време Курсениеките се асимилирале во германското население и денес се присутни само на места долж Курскиот Провлак.

Евакуација на германското население[уреди | уреди извор]

Од јануари до март 1945 г. е извршена голема евакуација на германското население од Источна Прусија преку замрзнатиот залив воочи напредокот на Црвената армија. Иако цивили, бегалците биле цел на советските напади од воздух во кои животот го изгубиле неколку илјади бегалци.[2] [3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Poland to Spend Quarter Billion Dollars on Canal 'to Break Off With Russia'“, 15 октомври 2016.
  2. Max Egremont Forgotten Land: Journeys Among the Ghosts of East Prussia (2012),
  3. Patricia Clough The Flight Across The Ice: The Escape of the East Prussian Horses (2009),

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 54°27′N 19°45′E / 54.450° СГШ; 19.750° ИГД / 54.450; 19.750