Гродно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гродно
Гродно / Гродна
Поглед на Гродно
Знаме на ГродноГрб на Гродно
Гродно is located in Белорусија
Гродно
Гродно
Местоположба на Гродно
Координати: 53°40′N 23°50′E / 53.667° СГШ; 23.833° ИГД / 53.667; 23.833
Земја
Област
 Белорусија
Гродненска област
Основан1128 (1127)
Површина
 • Вкупна142,11 км2 (5,487 ми2)
Надм. вис.&10000000000000137000000137 м
Население (2014)
 • Вкупно356,557
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски код230000[1]
Повик. бр.+375-15
Регистарска ознака4
Мреж. местоОфицијално мрежно место

Гродно или Гродна (белоруски: Гродна, руски: Гродно, полски: Grodno) – град на крајниот запад на Република Белорусија и административен центар на Гродненската област. Градот се наоѓа на брегот на реката Њемен недалеку од тромеѓата со Полска (15 км западно) и Литванија (30 км посеверно).

Според податоците од пописот на населението од 2009 година, во градот живееле 327.540 жители, и по бројот на жители Гродно е на петто место во Белорусија (после Минск, Гомељ, Могиљов и Витепск).

Гродно е еден од најстарите градови не само во Белорусија, туку во цела источна Европа. Првите пишани податоци за градот потекнуваат од летопис од 1127 година, а познато е дека во 1376 година градот станал феудален посед на литванскиот кнез Витаутас. На почетокот на 1569 година станува дел од Полско-литванската Државна Заедница, во чии граници останува сè до 1795 година кога станува дел од Руската Империја. Дел е од современата белоруска држава од нејзиното основање во 1991 година.

На почетокот на јули 1920 година преминува во рацете на Советите, но веќе во октомври истата година повторно се враќа во состав на Полска во чии граници останува сè до 21 септември 1939 година.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Гродно веројатно настанало во текот на XII век на важната крстосница на трговски патишта на тоа време, како мала тврдина со простран трговски плоштад кој бил заграден. Самото име на населбата веројатно и потекнува од зборот городить (ограда) и ограждать (оградува)[2]. По една од верзиите, името на населбата потекнува од името на рекичката Городничанка на чие устие во Њемен се развила населбата).[3]. Според пишувањето на австрискиот дипломат Сигмунд фон Херберштајн во „Белешки за Московија“ (латински: Rerum Moscoviticarum Commentarii) од 1549 година, името на населбата потекнува од реката Њемен која во тоа време се викала Кронон/Гронон)[4].

Во летописите населбата се спомнува под името Городен од почетокот на XII век до средината на XVI век, кога постепено го заменува белоруската верзија на полскиот назив Гродно, Гродна која станува и службена верзија во сите административни списи.

Население[уреди | уреди извор]

Проценето е дека во градот во 2012 година живеел 346.601 жител.

Белорусите се мнозинство од градското население со 62,3% од вкупниот број на жители. Најголемо малцинство се Полјаците кои учествуваат со 24,8% од вкупниот број на жители, а останати малцинства се Русите 10,1%, Украинците 1,8%, Грузијците со 0,4% и останати со 0,8%.

Согласно пактот Рибентроп-Молотов градот станал дел од Советскиот Сојуз, па неколку илјади полски жители го напуштило градот, односно биле насилно преместени во оддалечените краишта на Советскиот Сојуз. За време на Втората светска војна градот бил дел од Германија и се викал Гартен и во тој период голем број Евреи е депортиран во нацистичките логори.

Познати личности[уреди | уреди извор]

Олга Корбут е гимнастичарка со белоруско потекло која своите одличја ги освојувала под знамето на СССР. Корбут била права ѕвезда на Олимписките игри во Минхен 1972 година кога освоила три златни медали.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Белпочта: Почтовые индексы по Гродно (рус). Белпочта.
  2. Марціновіч 2008, стр. 9.
  3. Знакомьтесь, Городница (рус). Вечерний Гродно.
  4. Марціновіч 2008, стр. 13.