Граници на Русија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на Русија и нејзините соседи
Типичен граничен бележник на Русија

Русија е најглолемата земја на светот која копнено се граничи со 14 меѓународно признаени суверени држави[1] и 2 тесни морски граници со САД и Јапонија. Со неа се граничат и Абхазија и Јужна Осетија, кои се само делумно признаени. Во 2014 г. Русија го припоила Крим, кој дотогаш бил во состав на Украина. Ова е направено по мнозинско изјаснување на населението на претходно спроведен референдум. Сепак, припадноста на овој полуостров кон Русија останува непризнаена од разни земји поради политички причини.

Како прекуконтинентска држава, Русија има граници во Европа и во Азија. Од вкупно 18 граници, 12 се во Европа, а 5 се во Азија, додека пак една е во Беринговиот Проток (помеѓу Северна Америка и Азија).

Државната граница на Русија по руско сметање е долга вкупно 60.932 км, од кои 22.530 км се копнени граници на континентот (7.616 км речни и езерски, 14.509 км сувоземни), а 38.807 км се морски[2][3].

Преглед на границите[уреди | уреди извор]

Ова се државните граници на Русија со нејзините соседи, дадени по редослед спроти стрелките на часовникот. Должината е изразена во километри.[2][4][5][6]

Земја Копнена граница Морска
граница
Вкупна
граница
Сувоземна Речна Езерска Вкупно
 Норвешка[7] 43,0 152,8 0,0 195,8 23,3 219,1
 Финска 1.091,7 60,3 119,8 1.271,8 54,0 1.325,8
 Естонија 89,5 87,5 147,8 324,8 142,0 466,8
 Латвија 137,2 127,5 5,8 270,5 0,0 270,5
 Литванија 29,9 206,0 30,1 266,0 22,4 288,4
 Полска 203,3 0,0 0,8 204,1 32,2 236,3
 Белорусија 857,7 362,3 19,0 1.239,0 0,0 1.239,0
 Украина[8][9] 1.508,7 422,0 162,9 2.093,6 567,0 2.660,6
 Абхазија[10] 177,0 55,9 0,0 233,0 22,4 255,4
 Грузија[11] 572,5 0,0 0,2 572,5 0,0 572,5
 Јужна Осетија[10] 70,0 0,0 0,0 70,0 0,0 70,0
 Азербејџан[12] 272,4 55,2 0,0 327,6 22,4 350,0
 Казахстан[13] 5.936,1 1.516,7 60,0 7.512,8 85,8 7.598,6
 Кина 650,3 3.489,0 70,0 4.209,3 0,0 4.209,3
 Монголија 2.878,6 588,3 18,1 3.485,0 0,0 3.485,0
 Северна Кореја[14] 0,0 17,3 0,0 17,3 22,1 39,4
 Јапонија 0,0 0,0 0,0 0,0 194,3 194,3
 САД 0,0 0,0 0,0 0,0 49,0 49,0
Вкупно[15] 14.518 7.141 635 22.293 1.237 23.530

Морските граници на Русија, кои надминуваат 38.807 км, вклучуваат потези по мориња и океани[2]:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Russia“, The World Factbook (англиски), Central Intelligence Agency, 12 октомври 2022, Посетено на 14 октомври 2022
  2. 2,0 2,1 2,2 „Сопредельные страны“. Росграница. Архивирано од изворникот на 11 октомври 2016. Посетено на 11 април 2016. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  3. Не вбројувајќи го Крим, чија припадност на Русија е оспорена од Украина. Со него копнената граница (на континентот) изнесува 22.293 км (14.518 км сувоземни, 7141 км речни, 635 км езерски).
  4. Общие сведения о стране/ Географическое положение. Границы Архивирано на 26 март 2016. // Новая Российская энциклопедия (Россия. Электронный энциклопедический словарь)
  5. Границы России Архивирано на 7 април 2016. // География России
  6. Таблица: Соседи РФ и протяжённость границ РФ в км Архивирано на 8 август 2016. // Cтрановедение России (Reálie Ruska)
  7. 195,8 км: Норвегия на сайте Росграницы// Архивирано на 24 март 2016.
  8. Вбројувајќи го Крим, чија припадност на Русија е оспорена од Украина (потегот на копнената граница на Перекопскиот и Арбатскиот Провлак сочинува околу 8,5 км, езерската граница (Сиваш) — околу 159,5 км, морската граница во Црното и Азовското Море — околу 567 км. Ако не се смета Крим, копнената граница со Украина би изнесувала 1.925,8 км (од кои 1500,2 км сувоземни, 422,2 км речни, 3,4 км езерски) и 320 км морска граница; вкупно 2.245,8 км.
  9. Сергей Сафронов. Глава Погранслужбы ФСБ: Киев противодействует деятельности в Крыму Архивирано на 5 ноември 2016. // Сайт Пограничной службы ФСБ России (цит. РИА Новости. 28.05.2015 Архивирано на 7 април 2020.)
  10. 10,0 10,1 Делумно признаена држава
  11. Не сметајќи ги делумно признаените држави Абхазија и Јужна Осетија. Со нив должината на границата со Грузија (во границите на Грузиската ССР) на континентот изнесува 875,5 км (од кои 819,4 км копнена, 55,9 км речна, 0,2 км езерска) и 22,4 км морска; вкупно 897,9 км.
  12. Граница с Азербайджаном на сайте Росграницы// Архивирано на 24 март 2016.
  13. Граница с Казахстаном на сайте Росграницы// Архивирано на 24 март 2016.
  14. Северная Корея на сайте Росграницы// Архивирано на 7 јули 2015.
  15. Вбројувајќи го Крим, чија припадност на Русија е оспорена од Украина, како и делумно признаените држави Абхазија и Јужна Осетија, чија припадност е оспорена од Грузија. Без нив, континенталните граници на Русија изнесуваат 22.125,3 км (од нив 14509,3 км копнени, 7.141 км речни, 475 км езерски) и 989,9 км морски; вкупно 23.115,2 км.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]